Промовирани огласи »

Шпанскиот парламент усвои закон со кој им се дозволува на жените кои страдаат од силни болки за време на менструалниот циклус да добијат платено боледување во тој период.

Законот доби поддршка од 185 пратеници, додека 154 беа против, пренесува Франс 24.

Боледувањата поради менструација се одобрени само во неколку земји во светот, меѓу нив Јапонија, Индонезија и Замбија, а Шпанија е прва меѓу европските земји.

Ова е историски ден за напредокот на феминизмот, напиша на Твитер министерката за еднаквост Ирене Монтеро.

Законот предвидува вработените девојки и жени кои страдаат од силни болки за време на менструалниот циклус да земаат боледување онолку колку што им е потребно, а за тоа ќе плати државата, а не работодавецот.

Според Шпанското гинеколошко здружение, третина од жените страдаат од сериозни болки за време на менструалниот циклус.

ФОТО: EPA-EFE/JUAN CARLOS HIDALGO

Промовирани огласи »

Растот на македонскиот БДП годинава e 2 отсто. 

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги ажурираше своите економски прогнози. Проценките за Македонија се дека растот на БДП во 2022 година бил 2,5 отсто, оваа година ќе биде 2, а во наредната 3,0 проценти. Како што објави ЕБОР, проценката за макадонскиот БДП за 2022 е намалена за 0,2 отсто, а за оваа година за 0,3 отсто во однос на последниот извештај од септември лани. За регионот на Западен Балкан се проценува дека растот на БДП во лани бил 3 проценти, годинава ќе биде 2,2 отсто, а во 2024 година ќе достигне 3,4 проценти. 

foto freepik.com/mindandi

Промовирани огласи »

Поради верскиот празник „Задушница“, денеска и утре ќе сообраќаат дополнителен број автобуси на редовните линии 59 - Карпош 3 - Кучевишка бара - Гробишта Бутел, 59А - Ново Лисиче - Гробишта Бутел и 59Б - Кисела Вода - Гробишта Бутел, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.  

Во продолжение може да го погледнете возниот ред:

Промовирани огласи »

Големата инсталирана моќност на електрани од обновливи извори на енергија во текот на минатата година, а особено на фотоволтаични електрани, сега може да предизвика штета на преносниот систем и мрежа во Македонија.

Токму поради тоа, денеска имаше состанок помеѓу Кочо Анѓушев, како претседател на енергетската асоцијација, со министерот за економија Крешник Бектеши и претставници на ЕВН, МЕПСО и на Регулаторната комисија за енергетика.

Анѓушев побара да биде законски регулирана струјата што се произведува од многуте фотонапонски централи кои се градат и допрва ќе се градат, со складирање на електричната енергија во таканаречени „сториџи“.

Енергетската транзиција ако не се направи како што треба, ќе настане поголема штета отколку корист. За да не направиме проблем - бидејќи сите фотоволтаици произведуваат 80 отсто во исто време, не смееме во тој период да има големи вишоци со илјадници мегавати, бидејќи нема да се знае што да се прави со таква енергија. 

Ако веќе се оди на толку голем број прокети, тогаш единственото решение е таа енергија да се складира. Затоа таканаречените „сториџ“ системи, или батериски системи, треба да се опфатат во легислативата во нашата држава, рече Анѓушев.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »