Промовирани огласи »

Растот на македонскиот БДП годинава e 2 отсто. 

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги ажурираше своите економски прогнози. Проценките за Македонија се дека растот на БДП во 2022 година бил 2,5 отсто, оваа година ќе биде 2, а во наредната 3,0 проценти. Како што објави ЕБОР, проценката за макадонскиот БДП за 2022 е намалена за 0,2 отсто, а за оваа година за 0,3 отсто во однос на последниот извештај од септември лани. За регионот на Западен Балкан се проценува дека растот на БДП во лани бил 3 проценти, годинава ќе биде 2,2 отсто, а во 2024 година ќе достигне 3,4 проценти. 

foto freepik.com/mindandi

Промовирани огласи »

Поради верскиот празник „Задушница“, денеска и утре ќе сообраќаат дополнителен број автобуси на редовните линии 59 - Карпош 3 - Кучевишка бара - Гробишта Бутел, 59А - Ново Лисиче - Гробишта Бутел и 59Б - Кисела Вода - Гробишта Бутел, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.  

Во продолжение може да го погледнете возниот ред:

Промовирани огласи »

Големата инсталирана моќност на електрани од обновливи извори на енергија во текот на минатата година, а особено на фотоволтаични електрани, сега може да предизвика штета на преносниот систем и мрежа во Македонија.

Токму поради тоа, денеска имаше состанок помеѓу Кочо Анѓушев, како претседател на енергетската асоцијација, со министерот за економија Крешник Бектеши и претставници на ЕВН, МЕПСО и на Регулаторната комисија за енергетика.

Анѓушев побара да биде законски регулирана струјата што се произведува од многуте фотонапонски централи кои се градат и допрва ќе се градат, со складирање на електричната енергија во таканаречени „сториџи“.

Енергетската транзиција ако не се направи како што треба, ќе настане поголема штета отколку корист. За да не направиме проблем - бидејќи сите фотоволтаици произведуваат 80 отсто во исто време, не смееме во тој период да има големи вишоци со илјадници мегавати, бидејќи нема да се знае што да се прави со таква енергија. 

Ако веќе се оди на толку голем број прокети, тогаш единственото решение е таа енергија да се складира. Затоа таканаречените „сториџ“ системи, или батериски системи, треба да се опфатат во легислативата во нашата држава, рече Анѓушев.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија 6. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори. На тој начин имаме вработено преку 2000 работници од разни профили и подрачја на стручност. Стратешкиот фокус на PRIMA е развој насочен кон зголемување на трговскиот удел во производството и продажбата на мебел, како на домашниот, така и на странскиот пазар.

Моментално вработува:

СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

TRANSCOM MACEDONIA е компанија специјализирана за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА НА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ЗА РАБОТА ОД ДОМА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА СО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ

ИТД Дистрибуција Македонија е дел од Инфософт Групацијата (Infosoft Group) која е основана во 1991 година. Со своето повеќе годишно искуство, Инфософт Групацијата опфаќа компании на пазарите на Албанија, Косово и на Македонија. ИТД Дистрибуција Македонија започна со работа на пазарот во Македонија во 2007 година. Компанијата се занимава со дистрибуција на IT производи (сервери, софтвер, компјутери, лаптопи, компоненти, IT додатоци...), дистрибуција на хартија и графички производи (хартија, картон, канцелариски материјали, тонери и кертриџи). Покрај тоа што е овластен дистрибутер и сервисер на DELL, нуди многу други производи од други светски брендови и компании.

Моментално вработува:

BRAND PRODUCT MANAGER

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.

Моментално вработува:

РУДАРСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ДУПЧЕЊЕ И МИНИРАЊЕ

„Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со производство од околу 5.000 тони годишно и продажба на странскиот и на домашниот пазар.

Моментално вработува:

СОВЕТНИК ЗА МАРКЕТИНГ

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЛЕКОВИТЕ

Компас Менаџмент Интернационал е член на Компас Холдинг ДОО, Чикаго, Илиноис, САД, компанија посветена на услугата на камионската индустрија. Од купување камион до негово осигурување, закуп на приколки до факторинг, нашите клиенти можат сето тоа да го најдат на едно место. Нашата мисија е да помогнеме да се движиме со нашите клиенти кон успехот.

Моментално вработува:

CUSTOMER SUPPORT REPRESENTATIVE – KUMANOVO
CUSTOMER SUPPORT REPRESENTATIVE – BEROVO
INSIDE SALES REPRESENTATIVE – KUMANOVO
INSIDE SALES REPRESENTATIVE – BEROVO

Вита Медиа Груп работи во вертикалата на iGaming и финансиските услуги, каде што нашето огромно искуство ни овозможува да ги препознаеме потребите на клиентите и да обезбедиме оптимални решенија и соодветни активности.

Моментално вработува:

WEB AND GRAPHIC DESIGNER
CONTENT WRITER - ENGLISH

Доколку сеуште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »