За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.
повеќе за компанијата »Дали знаеш дека туризмот достигна ново ниво на услуга и дека постојат тимови кои се тука за да ги решат прашањата на клиентите на што е можно поефикасен и едноставен начин како и да им ги дадат најдобрите можни совети? Токму ти можеш да станеш дел од еден таков тим и да им го направиш пријатно и незаборавно целокупното искуство на патниците кои ги користат услугите на еден од најголемите туроператори во светот!
Што можеш да очекуваш од првиот ден на твојот работен ангажман?
- Конкурентна плата од 47.500 денари
- Договор на определено/неопределено време
- Приватно здравствено осигурување
- Регрес за годишен одмор/К15
- Договор на полно/скратено работно време
- Платена обука
- Бонуси за препораки на пријател (зависно од проектот)
- Можност за работа од дома по успешно совладување на обуката и периодот на прилагодување
- Можност за напредок - штотуку се формира нов тим и ќе бидат потребни идни лидери
- Performance bonus врз основа на твоите компетенции
Стани дел од новиот германски тим и патувај онлајн низ целиот свет!
На корисниците ќе им обезбедуваш информации кои се однесуваат на:
- Прашања од секаков тип во врска со нивните резервации (трансфери, сместување, екскурзии, активности и слично)
- Промени, дополнувања или откажувања на резервациите
- Наоѓање на најдобро решение за поплаките на патниците
Како да знаеш дека ти си вистинската личност за нашиот тим?
- Одлично зборуваш и пишуваш на германски јазик (B2/C1)
- Комуницираш и на англиски јазик до B1 ниво
- Комуникативен/на си и сакаш да им помагаш на луѓето
- Тимски играч си и уживаш во динамично опкружување
- Мотивиран/а си и одговорен/на
- Те инспирираат патувања и туризам како индустрија во подем
- Сакаш да се развиваш во оваа индустрија
Доколку си заинтересиран/а и сакаш да дознаеш нешто повеќе, аплицирај веднаш на следниов линк: https://cityconnectnorthmacedoniatranscom.recruitee.com/o/skopje-123
Слични огласи »