Промовирани огласи »

Големата инсталирана моќност на електрани од обновливи извори на енергија во текот на минатата година, а особено на фотоволтаични електрани, сега може да предизвика штета на преносниот систем и мрежа во Македонија.

Токму поради тоа, денеска имаше состанок помеѓу Кочо Анѓушев, како претседател на енергетската асоцијација, со министерот за економија Крешник Бектеши и претставници на ЕВН, МЕПСО и на Регулаторната комисија за енергетика.

Анѓушев побара да биде законски регулирана струјата што се произведува од многуте фотонапонски централи кои се градат и допрва ќе се градат, со складирање на електричната енергија во таканаречени „сториџи“.

Енергетската транзиција ако не се направи како што треба, ќе настане поголема штета отколку корист. За да не направиме проблем - бидејќи сите фотоволтаици произведуваат 80 отсто во исто време, не смееме во тој период да има големи вишоци со илјадници мегавати, бидејќи нема да се знае што да се прави со таква енергија. 

Ако веќе се оди на толку голем број прокети, тогаш единственото решение е таа енергија да се складира. Затоа таканаречените „сториџ“ системи, или батериски системи, треба да се опфатат во легислативата во нашата држава, рече Анѓушев.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија 6. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори. На тој начин имаме вработено преку 2000 работници од разни профили и подрачја на стручност. Стратешкиот фокус на PRIMA е развој насочен кон зголемување на трговскиот удел во производството и продажбата на мебел, како на домашниот, така и на странскиот пазар.

Моментално вработува:

СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

TRANSCOM MACEDONIA е компанија специјализирана за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА НА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ЗА РАБОТА ОД ДОМА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА СО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ

ИТД Дистрибуција Македонија е дел од Инфософт Групацијата (Infosoft Group) која е основана во 1991 година. Со своето повеќе годишно искуство, Инфософт Групацијата опфаќа компании на пазарите на Албанија, Косово и на Македонија. ИТД Дистрибуција Македонија започна со работа на пазарот во Македонија во 2007 година. Компанијата се занимава со дистрибуција на IT производи (сервери, софтвер, компјутери, лаптопи, компоненти, IT додатоци...), дистрибуција на хартија и графички производи (хартија, картон, канцелариски материјали, тонери и кертриџи). Покрај тоа што е овластен дистрибутер и сервисер на DELL, нуди многу други производи од други светски брендови и компании.

Моментално вработува:

BRAND PRODUCT MANAGER

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.

Моментално вработува:

РУДАРСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ДУПЧЕЊЕ И МИНИРАЊЕ

„Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со производство од околу 5.000 тони годишно и продажба на странскиот и на домашниот пазар.

Моментално вработува:

СОВЕТНИК ЗА МАРКЕТИНГ

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЛЕКОВИТЕ

Компас Менаџмент Интернационал е член на Компас Холдинг ДОО, Чикаго, Илиноис, САД, компанија посветена на услугата на камионската индустрија. Од купување камион до негово осигурување, закуп на приколки до факторинг, нашите клиенти можат сето тоа да го најдат на едно место. Нашата мисија е да помогнеме да се движиме со нашите клиенти кон успехот.

Моментално вработува:

CUSTOMER SUPPORT REPRESENTATIVE – KUMANOVO
CUSTOMER SUPPORT REPRESENTATIVE – BEROVO
INSIDE SALES REPRESENTATIVE – KUMANOVO
INSIDE SALES REPRESENTATIVE – BEROVO

Вита Медиа Груп работи во вертикалата на iGaming и финансиските услуги, каде што нашето огромно искуство ни овозможува да ги препознаеме потребите на клиентите и да обезбедиме оптимални решенија и соодветни активности.

Моментално вработува:

WEB AND GRAPHIC DESIGNER
CONTENT WRITER - ENGLISH

Доколку сеуште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Кога ќе го составувате вашиот тим за дигитален маркетинг, треба да одберете луѓе кои ќе бидат креативни и ќе можат да направат одличен стратешки маркетинг план. Голем дел од луѓето со кои ќе се сретнете ќе бидат подготвени да се носат со повеќе одговорности, ќе имаат врвни дигитални вештини и ќе ја разбираат важноста на податоците. Ваквиот тим секогаш ќе биде подготвен да превземе и да совлада некоја нова технологија.

Во продолжение ќе ви прикажеме кои се клучните позиции на кои што треба да вработите навистина креативни и искусни луѓе за реализирање на еден маркетинг план.

Editorial director

Ова лице ќе го надгледува создавањето на содржина за маркетинг планот, како и стратегијата за социјалните медиуми, поврзувајќи ја свесноста за брендот со конверзија.

Content manager

Овој менаџер ќе биде одговорен за создавање нови идеи,креирање и распоредување на содржини за сите медиуми,објава на блогови и видеа, како и да има познавање од оптимизација на веб страни.

Community manager

Community manager или пак уредник на социјални медиуми,исто така ќе внимава и на стратегијата за тоа каква содржина се објавува. Ќе се потрудат присуството на вашиот бренд на социјалните медиуми да биде константен.

Acquisitions director

Овој директор ќе биде задолжен за стекнувањето на клиенти,како и за креирање на кампањи. Дел од нивната задача е и грижата за максимизирање на приходите, како и ќе го водат тимот за креирање на платена и органска кампања.

Analytics manager

Менаџерот за анализирање е одговорен за маркетинг аналитиката,како и за индикаторите на внатрешните одделенија и ќе ги состави и пренесе резултатите од нивното следење.

Graphic designer

Графичкиот дизајнер ќе биде задолжен за креирање на графика за вашите канали,платени медиуми,блогови.

Email marketing manager

Емаил менаџерот е одговорен за извршување на маркетинг стратегија и кампањи за е-пошта,како и за тестирање на тие кампањи.

Промовирани огласи »

Американската компанија „Тесла“ објави дека ќе повлече 363.000 електрични автомобили од пазарот поради дефекти во новата верзија на софтверот наменет за овој автомобил.

Според Financial Times, повлекувањето на автомобилот ги опфаќа Model S и Model X произведени помеѓу 2016 и 2023 година, како и Model Y произведен во 2020 година.

Регулаторното тело на Соединетите Американски Држави нагласи дека пропустите во новата верзија на софтверот може да предизвикаат несреќи, пишува британскиот весник.

„Тесла“ лани продаде 1,3 милиони возила ширум светот. Повлекувањето се однесува на секое возило што ја содржи бета верзијата на софтверот за целосно автономно возење. Инаку, компанијата на корисниците им наплатува дополнителни 15.000 долари за инсталирање на овој софтвер.

Инаку, софтверот кој овозможува автономно возење е во состојба да ја менува лентата за време на возењето, иако возачот сепак мора да внимава на ситуацијата во сообраќајот.

Сепак, американските регулатори објавија дека софтверска грешка може да предизвика проблем кога возилата влегуваат на раскрсници. Возилата може да се движат директно низ раскрсниците од лентата за вртење, да не застанат на знакот СТОП или несовесно да возат низ жолто светло на семафор, се образложува во одлуката.

(Извор: Klix.ba)

Фото: ЕПА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »