Промовирани огласи »

Кога ќе го составувате вашиот тим за дигитален маркетинг, треба да одберете луѓе кои ќе бидат креативни и ќе можат да направат одличен стратешки маркетинг план. Голем дел од луѓето со кои ќе се сретнете ќе бидат подготвени да се носат со повеќе одговорности, ќе имаат врвни дигитални вештини и ќе ја разбираат важноста на податоците. Ваквиот тим секогаш ќе биде подготвен да превземе и да совлада некоја нова технологија.

Во продолжение ќе ви прикажеме кои се клучните позиции на кои што треба да вработите навистина креативни и искусни луѓе за реализирање на еден маркетинг план.

Editorial director

Ова лице ќе го надгледува создавањето на содржина за маркетинг планот, како и стратегијата за социјалните медиуми, поврзувајќи ја свесноста за брендот со конверзија.

Content manager

Овој менаџер ќе биде одговорен за создавање нови идеи,креирање и распоредување на содржини за сите медиуми,објава на блогови и видеа, како и да има познавање од оптимизација на веб страни.

Community manager

Community manager или пак уредник на социјални медиуми,исто така ќе внимава и на стратегијата за тоа каква содржина се објавува. Ќе се потрудат присуството на вашиот бренд на социјалните медиуми да биде константен.

Acquisitions director

Овој директор ќе биде задолжен за стекнувањето на клиенти,како и за креирање на кампањи. Дел од нивната задача е и грижата за максимизирање на приходите, како и ќе го водат тимот за креирање на платена и органска кампања.

Analytics manager

Менаџерот за анализирање е одговорен за маркетинг аналитиката,како и за индикаторите на внатрешните одделенија и ќе ги состави и пренесе резултатите од нивното следење.

Graphic designer

Графичкиот дизајнер ќе биде задолжен за креирање на графика за вашите канали,платени медиуми,блогови.

Email marketing manager

Емаил менаџерот е одговорен за извршување на маркетинг стратегија и кампањи за е-пошта,како и за тестирање на тие кампањи.

Промовирани огласи »

Американската компанија „Тесла“ објави дека ќе повлече 363.000 електрични автомобили од пазарот поради дефекти во новата верзија на софтверот наменет за овој автомобил.

Според Financial Times, повлекувањето на автомобилот ги опфаќа Model S и Model X произведени помеѓу 2016 и 2023 година, како и Model Y произведен во 2020 година.

Регулаторното тело на Соединетите Американски Држави нагласи дека пропустите во новата верзија на софтверот може да предизвикаат несреќи, пишува британскиот весник.

„Тесла“ лани продаде 1,3 милиони возила ширум светот. Повлекувањето се однесува на секое возило што ја содржи бета верзијата на софтверот за целосно автономно возење. Инаку, компанијата на корисниците им наплатува дополнителни 15.000 долари за инсталирање на овој софтвер.

Инаку, софтверот кој овозможува автономно возење е во состојба да ја менува лентата за време на возењето, иако возачот сепак мора да внимава на ситуацијата во сообраќајот.

Сепак, американските регулатори објавија дека софтверска грешка може да предизвика проблем кога возилата влегуваат на раскрсници. Возилата може да се движат директно низ раскрсниците од лентата за вртење, да не застанат на знакот СТОП или несовесно да возат низ жолто светло на семафор, се образложува во одлуката.

(Извор: Klix.ba)

Фото: ЕПА

Промовирани огласи »

Проектирањето на идните трендови на деловните активности е многу тешка работа, особено по пандемијата на коронавирус и актуелната руско-украинска криза.

Business Insider се обиде да открие кои работни места ќе бидат барани во годините што доаѓаат, со помош на статистиката на пазарот на трудот, односот на понудата и побарувачката и податоците за платите.

На списокот има 29 занимања. Некои носат заработка и до 17.000 евра месечно, а просечната до околу 90.000 долари годишно, што е помалку од 10.000 евра месечно.

Маркетинг менаџери

Број на нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 19.100

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 142.170

Потребно е типично ниво на образование: универзитетска диплома

Специјалисти за помош за работа со компјутери

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 54.800

Просечна годишна заработка во 2020 долари: 56.690

Потребно е типично ниво на образование: универзитетска диплома или специјализација без диплома

Менаџери со човечки ресурси

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 46.900

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 64.490

Потребно е типично ниво на образование: универзитетска диплома

Наставници во основно училиште

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 51.400

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 60.940

Потребно е типично ниво на образование: универзитетска диплома

Лиценцирани медицински техничари

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 65.700

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 48.820

Потребно е типично ниво на образование: високо стручно образование, со дополнителна обука

Логопеди

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 40.500

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 80.480

Потребно е типично ниво на образование: магистерска специјализација

Механичар на индустриски машини

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 62.300

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 55.490

Потребно е типично ниво на образование: средно стручно образование, со дополнителна обука

Електричари

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 62.200

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 56.900

Потребно е типично ниво на образование: диплома за средно образование или еквивалент

Советници за ментално здравје - Откажување лоши навики или дрога

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 79.000

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 47.600

Потребно е типично ниво на образование: високо образование, со дополнителна обука

Менаџери за продажба

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 62.200

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 58.700

Потребно е типично ниво на образование: средно стручно образование, со дополнителна обука

Офталмолози и други лекари, освен педијатри

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 18.500

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: мин. 208.000

Потребно е типично ниво на образование: специјализација во областа на медицината

Градежни менаџери

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 40.400

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 97.180

Потребно е типично ниво на образование: универзитетска диплома

Адвокати

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 32.300

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 126.930

Потребно е типично ниво на образование: диплома за средно образование, правосуден испит и лиценца

Аналитичари за сајбер безбедност

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 40.900

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 103.590

Потребно е типично ниво на образование: универзитетска диплома

Физиотерапевти

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 47.000

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 91.010

Потребно е типично ниво на образование: високо стручно образование, со дополнителна обука

Аналитичари на компјутерски системи

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 46.600

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 93.730

Потребно е типично ниво на образование: универзитетска диплома

Медицински асистенти

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 39.300

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 115.390

Потребно е типично ниво на образование: специјализација во медицински науки

Сметководители и ревизори

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 61.700

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 73.560

Потребно е типично ниво на образование: диплома, со обука за лиценца

Професори на медицински колеџи

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 52.100

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 99.090

Потребно е типично ниво на образование: докторат по медицински науки, со посебни специјализации

Експерти за управување со проекти

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 79.800

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 77.420

Потребно е типично ниво на образование: високо образование, со дополнителна обука

Администратори на компјутерски мрежи

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 48.100

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 151.150

Потребно е типично ниво на образование: високо образование, со дополнителна обука

Менаџмент аналитичари

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 93.800

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 87.600

Потребно е типично ниво на образование: универзитетска диплома

Аналитичари за истражување на пазарот

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 130.300

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 65.810

Потребно е типично ниво на образование: универзитетска диплома

Специјализирани медицински сестри

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 110.700

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 111.680

Потребно е типично ниво на образование: високо образование, со дополнителна обука

Раководители на здравствени установи

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 133.200

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 104.280

Потребно е типично ниво на образование: високо образование, со дополнителна обука

Финансиски директори

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 108.100

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 134.180

Потребно е типично ниво на образование: високо образование, со дополнителна обука

Општи и оперативни менаџери

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 143.800

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 103.650

Потребно е типично ниво на образование: високо образование, со дополнителна обука

Медицински сестри

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 221.900

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 75.330

Потребно е типично ниво на образование: средно стручно образование, со дополнителна обука

Развивачи на софтвер и аналитичари и контролори за квалитет на софтвер

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 316.000

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 110.140

Потребно е типично ниво на образование: високо образование, со дополнителна обука.

Промовирани огласи »

Шпанската влада усвои закон со кој на жените со особено болни менструални циклуси им се дозволува да земаат платено „менструално отсуство“ од работа, со што стана првата европска земја што воведе таков закон.

Законот предвидува право на тридневно менструално отсуство со можност за продолжување за уште два дена за жените кои имаат проблематичен циклус, проследен со тешки грчеви, вртоглавица, гадење и повраќање. 

Законот е дел од поширокиот пакет закони за сексуални и репродуктивни права, што вклучува мерка со која граѓаните на возраст од 16 и повеќе години можат да абортираат или да го променат полот во документот за идентификација.

Според новиот закон, владата ќе обезбеди бесплатни хигиенски производи за жените во одредени јавни институции. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »