Промовирани огласи »

Шпанската влада усвои закон со кој на жените со особено болни менструални циклуси им се дозволува да земаат платено „менструално отсуство“ од работа, со што стана првата европска земја што воведе таков закон.

Законот предвидува право на тридневно менструално отсуство со можност за продолжување за уште два дена за жените кои имаат проблематичен циклус, проследен со тешки грчеви, вртоглавица, гадење и повраќање. 

Законот е дел од поширокиот пакет закони за сексуални и репродуктивни права, што вклучува мерка со која граѓаните на возраст од 16 и повеќе години можат да абортираат или да го променат полот во документот за идентификација.

Според новиот закон, владата ќе обезбеди бесплатни хигиенски производи за жените во одредени јавни институции. 

Промовирани огласи »

Илон Маск, во интервју на Светскиот владин самит во Дубаи, рече дека крајот на 2023 година ќе биде добро време да се повлече од првата позиција на Твитер. Тогаш, како што вели, компанијата треба да биде во стабилна позиција.

Уште во декември, Маск ги праша своите следбеници дали треба да се повлече од функцијата извршен директор на Твитер, тврдејќи дека ќе го слуша гласот на јавноста.

Да потсетиме дека во истражувањето учествувале 17,5 милиони луѓе, од кои 57,5 ​​отсто гласале Маск да ја напушти челната позиција на компанијата.

Маск ги прифатил резултатите од истражувањето позитивно, па набрзо најавил дека ќе се повлече од функцијата извршен директор штом најде некој „доволно луд“ да ја преземе работата.

Помина извесно време од тогаш, а шефот на Твитер дури сега откри на Светскиот Самит на владите во Дубаи кога тоа би можело да се случи.

Мислам дека треба да ја стабилизирам компанијата и да се уверам дека е во финансиски добра позиција и планот за производи е на место. Претпоставувам дека крајот на годината би бил добро време да најдам некој друг да ја води компанијата бидејќи мислам до крајот на годината треба да бидеме во стабилна позиција, рече Маск во онлајн интервју.

За да се доведе Твитер во стабилна состојба, потребна е многу работа, бидејќи, како што вели Маск, станува збор за „обратен стартап“. Но, се чини дека на Маск работата не му недостига, бидејќи истакна дека работата го окупира од моментот кога ќе се разбуди до заспивањето. Тој наведува дека работи седум дена во неделата, а спие шест часа навечер.

Не ми е намерата да работам како луд, би било добро 80-часовна работна недела. За тоа би се стремел, заклучил Маск во разговорот.

Промовирани огласи »

Чест ни е да објавиме дека KARIERA.mk e номинирана на овогодинешните Ecommerce Awards 2022!

Номинирани сме во следниве категории:

  • Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми
  • Е-продавница за услужни дејности на годината
  • E-продавница за култура, настани и едукација на годината
  • Е-трговец на годината
  • Најпопуларна е-продавница

Секој ваш глас ни значи! KARIERA.mk ќе продолжи со креирање на нови продукти и услуги преку кои секогаш се труди да биде централно место кое ќе ви помогне да напредувате во вашиот професионален развој.

Гласајте ТУКА за KARIERA.mk доколку ја подржувате нашата мисија за напредок и усовршување на услугите, проектите за да бидеме подостапни за сите вас со најактуелните работни места, стипендии и обуки!

Промовирани огласи »

Економијата на земјата расте и тоа во услови на економска криза и во период на пост ковид криза. Осум квартали по ред се бележи раст на БДП, се наведува во денешното соопштение на СДСМ.

Од таму велат дека во исто време инфлацијата се намалува.

Истовремено инфлацијата се намалува. Три месеци по ред стапката на инфлација опаѓа. Трендот на намалување продолжува и понатаму и во текот на годината стапката на инфлација ќе биде едноцифрена. Растат платите и пензиите. Според усвоената методологија, минималната плата во март ќе се зголеми на мад 20.000 денари, а пензиите за една година бележат раст од 16 проценти, велат од СДСМ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »