Промовирани огласи »

Кога ChatGPT беше објавен на крајот на 2022 година, брзо стана нешто за што луѓето не можеа да престанат да зборуваат. Беше јасно дека ќе го револуционизира работниот тек на луѓето во голем број различни индустрии.

Сите се фокусирани на ChatGPT затоа што тоа е нешто кое можат да го видат и практично да го употребуваат.

Сепак, тоа не е единствената алатка што е бесплатна (или евтина) да биде ваш личен асистент во текот на вашиот работен ден.

Во прилог 10 алатки што работниците би можеле да размислат да ги додадат на нивната листа, за да ја подобрат продуктивноста, вклучително и онаа што ви помага да донесувате паметни одлуки на работното место и други што ги сумираат состаноците во слајдови за презентации.

Како најпопуларни се следниве алатки:

  • Canva’s Magic Write
  • GPT for Google Sheets
  • Eleven Labs
  • Midjourney
  • Usechannel.com
  • Papercup.com
  • Tome
  • Rationale
  • OtterPilot
  • Jasper.ai

Се надеваме дека помеѓу алаткиве ќе ја пронајдете вашата совршена апликација, која ќе ви го олесни секојдневното работење во иднина.

Промовирани огласи »

Азиско-пацифичкиот регион (APAC) прерасна од географски концепт во глобална економска машина од неколку милиони жители, а денес е особено плодна почва за работниците со напредни дигитални вештини.

Она што е уште поинтересно за луѓето кои работат во областа на дигиталниот маркетинг – е фактот што таму вработените заработуваат и до 65% повеќе од оние кои не користат дигитални вештини во својата работа.

Овие податоци ги истакнаа консултантските компании „Галуп“ и „Амазон веб сервиси“, а станува збор за споредба на работници со ист степен на образование и ист работен стаж.

Напредните дигитални вештини се однесуваат на вештини во сложени области како што се развој на софтвер или апликации, вештачка интелигенција и компјутерско учење.

На пример, cloud архитектите и развивачите на софтвер се сметаат за напредни дигитални работници. Дигитално квалификуваните работници - односно оние со напредни вештини, како и оние со основни или средни вештини (е-пошта, обработка на текст) - додаваат приближно 4,7 трилиони долари на годишниот бруто-домашен производ на регионот, известува CNBC.

„Организациите во регионот APAC кои вработуваат напредни дигитални работници, како што се развивачи на софтвер или cloud архитекти, пријавуваат годишни приходи во 2021 година 150% повисоки од организациите кои вработуваат само основни дигитални работници и 286% поголема заработка од оние компании кои вработуваат дигитални средно ниво работници“, се вели во извештајот за дигитални вештини за Азија Пацифик 2023 година.

Во истражувањето учествувале повеќе од 30.000 вработени и 9.000 работодавачи од 19 земји.

Испитаниците биле од Австралија, Индија, Индонезија, Јапонија, Малезија, Нов Зеланд, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд.

Резултатите открија дека висококвалификуваните дигитални работници во просек заработуваат 58% повеќе од нивните „врсници“ на работа, т.е. колеги кои воопшто не користат дигитални вештини. Дури и вработените кои користат основни дигитални вештини како испраќање е-пошта или обработка на текст - заработуваат 39% повеќе од оние кои не користат никакви дигитални вештини на работа.

Оваа ситуација е поизразена во Сингапур и Индонезија, каде што вработените кои користат кое било ниво на дигитални вештини заработуваат 97% и 93% повеќе, соодветно, во споредба со нивните колеги кои не се „дигитално писмени“, се вели во извештајот.

Галуп проценува дека 72 отсто од работниците во азиско-пацифичкиот регион не користат компјутер на работа, а дури 83 отсто од индиската работна сила не е „дигитално писмена“. Од 28% кои всушност користат компјутер, само 8% користат напредни дигитални вештини, додека 14% користат основни дигитални вештини.

Како што пишува CNBC понатаму, речиси половина од анкетираните дигитални работници рекле дека повисоката плата ги мотивира да бараат дополнителна обука во тој домен. На пример, напредните дигитални работници во Индонезија имаат двојно поголема веројатност да бидат „многу задоволни“ со своите работни места во споредба со основните дигитални работници.

Од друга страна, задоволството од работата меѓу „дигиталните основни“ и „дигитално напредните“ работници е приближно исто во земјите со високи приходи како Австралија и Јапонија.

Промовирани огласи »

„Тесла“ ги стопираше плановите за производство на батерии во германската сојузна покраина Бранденбург и планира да префрли дел од производствениот процес во САД, поради поповолни даночни олеснувања, објави Министерството за економија на Бранденбург.

Американскиот производител на електрични автомобили првично планираше целиот производствен процес да го лоцира во општина Грунехајде, со максимален капацитет од над 50 гигават часови годишно.

Откако САД им понудија даночни олеснувања на производителите на електрични возила за набавка на батерии од домашно производство, компанијата го промени својот план.

„Тесла започна со производство на батериски системи во Груенхајд и се подготвува да произведува компоненти за батериски ќелии.

Во следните производни чекори, приоритет дадоа на САД, бидејќи работењето таму е поповолно поради даночните олеснувања“, објаснија од бранденбургшкото министерство.

На крајот на јануари „Тесла“ објави дека ќе инвестира повеќе од 3,6 милијарди долари во проширување на гигафабрички комплекс во Невада, кој требаше да добие две нови фабрики, за масовно производство на долго одложуваниот полуелектричен камион и новата батериска ќелија 4680.

Промовирани огласи »

Црна Гора и Албанија се лидери во регионот со младо население. Но, во Грција е обратно. 

Најмлада популација во регионот има Албанија. Кај нив просечна возраст е 38 години и Црна Гора е со 39,4 години. Како што објави Евростат, најстари граѓани во регионот се Грција и Хрватска, со просек од 46,1 односно 45,4 години. Во Бугарија просечната возраст е 45,1 година, во Србија 44,1 година и во Македонија 41,1 година.

Кипар е земја со најмладо население во ЕУ со просек од 38 години, а Португалија се со најстаро население, со просек од 46,8 и 48. Македонија со години има проблем со демографијата. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »