Промовирани огласи »

Барањето за поскапување на водата е поднесено од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во текот на ноември минатата година и ние не сакаме да се натегаме дали поднеле или не поднеле барање. Фактите се јасни - ние донесовме одлука согласно нивното барање. Тие бараа минималната цена да биде околу 30, а максималната 57 денари, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.  

Имајќи во предвид дека цената на електричната енергија за јавните комунални претпријатија е субвенционирана од државата и дека таа субвенција ќе продолжи и во наредните три месеци таа одлука што ја донесовме ќе претрпи корекција и минималната цена која ќе ја донесеме во четврток ќе значи намалување на цената за вода во Град Скопје, додека максималната ќе биде таква каква што е. Оставаме на Водовод Скопје и нивниот Управен одбор да донесе одлука врз основа на нашата одлука, а потоа таа треба да се испрати до Советот на Град Скопје, рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање пред почетокот на презентацијата на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија.

Верувам, додаде, дека ова ќе биде поука за сите останати јавни комунални претпријатија дека кога ќе поднесат барање треба да останат на тоа барање, а не да политизираат.

Ние не се криеме зад нашата одлука која ја донесовме, бидејќи е во рамки на нормала и зголемување од седум денари не е никаков месечен трошок. Затоа нема потреба од популизам. Ние како институција не гледаме кој од каде е и поддржавме јавните комунални претпријатија да имаат субвенционирана цена на електричната енергија и таа цена ја имаат, потенцира Бислимоски.

Прашан што ќе се случи со барањата од другите општини за зголемување на цената на водата рече дека во моментов се разгледуваат.

Охрид има поднесено барање за зголемување на цената на водата за околу 70 проценти. Тоа го разгледуваме, но кога некој ќе поднесе барање за зголемување на цена од 70 проценти нема реалност. Пред да се поднесе вакво барање треба да се мисли. Ние нема да дозволиме да се зголеми цената за 70 проценти за да може јавните комунални претпријатија, не само во Охрид, туку насекаде низ државата, да бидат фабрика за вработување, бидејќи на крај ќе немаме вода, рече Бислимоски и додаде дека зголемување на цената побарале и Кочани и Ресен. 

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека има можност да се врати дневната евтината тарифа на струјата. Како што истакна Бектеши во обраќањето на настанот по повод презентацијата на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија“, од март ќе се зголеми минималната плата.

Тој најави и дека ќе се донесат неколку административни одлуки за да се заштитат, како што истакна, најранливите категории граѓани.

Ќе се зголемат линеарно и платите во администрацијата што ќе следи со зголемување на платите и во приватниот сектор, но, за жал, ќе се донесат и неколку административни одлуки за да се заштитат тие што се најранливи. Има дополнителна можност со новата одлука од 1 јули да се помогнат пензионерите и тие што се невработени, има можност да се врати дневната евитната тарифа на електрична енергија што ќе биде дополнитлена можност за тие што се дома во тој период од денот и на индиректен начин да бидат поддржани, рече Бектеши. 

Промовирани огласи »

Извршниот директор на зум, Ерик Јуан, во вторникот преку е-пошта им кажа на вработените дека ќе ја намали сопствената плата за 98% и нема да зема бонус поради најавата за отпуштање во компанијата што ќе влијае на околу 1.300 работници ширум светот.

„Како извршен директор и основач на Zoom, јас сум одговорен за овие грешки и активностите што ги преземаме денес“, им соопшти Јуан на вработените.

„Сакам да покажам одговорност не само со зборови, туку и со мои постапки“, додаде тој.

Зум, компанија за видео комуникации, забележа голем раст поттикнат од пандемијата и промена на културата на работа од дома. Јуан ја основаше компанијата со седиште во Калифорнија во 2011 година. На својот врв, акциите на компанијата достигнаа 559 долари по акција во октомври 2020 година.

Но, како и многу компании кои се искачија за време на кризата, таа имаше грубо слетување - нејзината акција моментално се тргува со околу 80 долари по акција (порасна за околу 10% по најавата за отпуштање).

Јуан го наведе пандемскиот тобоган како причина за намалувањата во неговата порака до персоналот. „Во рок од 24 месеци, Zoom порасна за 3 пати за да се справи со оваа побарувачка, истовремено овозможувајќи континуирана иновација“, рече тој.

„Не одвоивме толку време колку што требаше за темелно да ги анализираме нашите тимови или да процениме дали растеме одржливо, кон највисоките приоритети“, додаде тој.

Зум е најновата технолошка компанија која објави големи отпуштања. Амазон, Гугл и Мета отпуштија илјадници вработени во последните четири месеци.

Основната плата на Јуан минатата година беше 301.731 долари, по Блумберг. Скратувањето ќе ја намали неговата плата на 10.000 долари.

Останатите директори во компанијата, исто така, ќе преземат намалувања на платите за 20% и ќе се откажат од бонуси за претстојната година, се додава во пријавата.

Отпуштените „Зуми“, барем во САД, ќе добијат „до“ 16 недели плата и здравствена заштита.

Промовирани огласи »

Според денешниот индекс на милијардери на Блумберг, шефот на Тесла и Твитер, Илон Маск се врати на врвот на листата на најбогати луѓе во светот, на која на крајот на 2022 година се наоѓаше претседателот и извршен директор на конгломератот за луксузни стоки „Луј Витон Моет Хенеси“ (LVMH) Бернард Арно.

Богатството на Маск сега изнесува 187,1 милијарди долари, надминувајќи го Бернард Арно, чие богатство се проценува на 185,3 милијарди долари, јави Блумберг.

Богатството на Маск на почетокот на оваа година изнесуваше 137 милијарди долари. Во меѓувреме, вредноста на акциите на компанијата Тесла се зголеми за 100 отсто во однос на најниската вредност што овие акции ја имаа на 6 јануари, а тоа е доказ за оптимизмот на инвеститорите.

Тесла, меѓудругото, профитираше од поголемата побарувачка за електрични возила по намалувањето на цените на некои модели на автомобили.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »