Извршниот директор на зум, Ерик Јуан, во вторникот преку е-пошта им кажа на вработените дека ќе ја намали сопствената плата за 98% и нема да зема бонус поради најавата за отпуштање во компанијата што ќе влијае на околу 1.300 работници ширум светот.
„Како извршен директор и основач на Zoom, јас сум одговорен за овие грешки и активностите што ги преземаме денес“, им соопшти Јуан на вработените.
„Сакам да покажам одговорност не само со зборови, туку и со мои постапки“, додаде тој.
Зум, компанија за видео комуникации, забележа голем раст поттикнат од пандемијата и промена на културата на работа од дома. Јуан ја основаше компанијата со седиште во Калифорнија во 2011 година. На својот врв, акциите на компанијата достигнаа 559 долари по акција во октомври 2020 година.
Но, како и многу компании кои се искачија за време на кризата, таа имаше грубо слетување - нејзината акција моментално се тргува со околу 80 долари по акција (порасна за околу 10% по најавата за отпуштање).
Јуан го наведе пандемскиот тобоган како причина за намалувањата во неговата порака до персоналот. „Во рок од 24 месеци, Zoom порасна за 3 пати за да се справи со оваа побарувачка, истовремено овозможувајќи континуирана иновација“, рече тој.
„Не одвоивме толку време колку што требаше за темелно да ги анализираме нашите тимови или да процениме дали растеме одржливо, кон највисоките приоритети“, додаде тој.
Зум е најновата технолошка компанија која објави големи отпуштања. Амазон, Гугл и Мета отпуштија илјадници вработени во последните четири месеци.
Основната плата на Јуан минатата година беше 301.731 долари, по Блумберг. Скратувањето ќе ја намали неговата плата на 10.000 долари.
Останатите директори во компанијата, исто така, ќе преземат намалувања на платите за 20% и ќе се откажат од бонуси за претстојната година, се додава во пријавата.
Отпуштените „Зуми“, барем во САД, ќе добијат „до“ 16 недели плата и здравствена заштита.