Промовирани огласи »

Владата вчера донесе одлука да се „замрзне“ цената на лебот на 33 денари, по што пекарите најавија дека нема да произведуваат леб, а тоа предизвика револт кај граѓаните.

На социјалните мрежи може да се забележат голем број поплаки од граѓаните дека не можеле да најдат леб во маркетите.

Да потсетиме, Владата ја „замрзна“ цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари до крајот на мај годинава.

Да банкротираат, за леб да немаат денар, мајмуни ненаситни...https://t.co/mpwitzHObK

— Justice (@neenibitno) March 1, 2023

Breakfast light 😂 pic.twitter.com/2fNj6EXzv8

— The Templar (@Andon_USA) March 1, 2023

Владата си го одржа зборот,ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб!
Пекарската индустрија исто така си достоја до зборот,нема леб по рафтовите во продавниците.
Си ги "мерат" врз грбот на народот.

— Лудиот Макс. (@aP41IWsLgUTQD1T) March 1, 2023

Нема леб у оваа држава.

— Slagalica (@zlatkoa) March 1, 2023

Ако у сред криза малите пекари можеа да продаваат евтин леб, можат и големите. Малите испаднаа народни луѓе. Плачењето не ви помага, не е ова прво воено профитерство на овие простори, многу добро знаеме како функционира тоа.

— Капетански Дневник🏴‍☠️ (@BlackTaurus7) March 1, 2023

Промовирани огласи »

Податоците за просечната плата често ги користат политичарите кога зборуваат за сопствените успеси или за неуспесите на нивните претходници.

Во земјите од Балканот, овие бројки се понудени особено за време на изборните кампањи.

Просекот од 500 евра во Србија со години се споменуваше како цел што треба да се постигне, а конечно беше остварен во 2019 година.

Сегашната просечна плата од тоа е за околу 170 евра повисока.

Во некои земји на Балканот просекот е и понатаму под 500 евра, додека во некои е трипати поголем.

Словенија и Хрватска предничат со просечна заработка поголема од илјада евра, додека вработените во Албанија и Косово се уште добиваат помалку од 500 евра во просек.

Колкави се просечните плати во регионот?

Ајде да погледнеме колкав бил паричникот во регионот во последните десет години и кој постигнал најголем напредок во тој период.

Земјите кои се споредуваат се Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Македонија.

Босна и Херцеговина

Во Босна во 2012 година нето платата била околу 376 евра, а во декември 2022 година била исплатена просечна нето плата во износ од 608 евра.

Србија ја престигна БиХ по просечна нето плата за околу 70 евра.

Црна Гора

Просечната плата во Црна Гора во декември 2012 година била 495 евра, а во декември 2022 година 720 евра.

Албанија

Србија е подобра и во однос на платите во споредба со Албанија.

Албанија во 2012 година имала нето плата од 310 евра, а денес е 456 евра.

Македонија

Зад Србија каска и Македонија.

Просечната нето плата во 2012 година била 321 евро, додека денес е 558 евра.

Кој зема просек и кој заработува најмногу

Бројката за просечна заработка не е идеален показател за животот во една земја, бидејќи често ја црпи малцинство со високи плати.

Се зависи од дејноста, па така, на пример, ако се занимавате со кожарство во Хрватска, платата ви е околу 640 евра, само малку повеќе од просечната плата за Босна и Херцеговина, која е 602 евра.

Од друга страна, доколку сте во индустријата за производство на пијалоци во Хрватска, вашата просечна месечна плата е 2.070 евра, што е мистичната бројка која се споменува во Србија за платите на програмерите со средно искуство.

Во Косово највисоки плати има во снабдување со струја, гас, пареа и климатизација - 949 евра и во информации и комуникации - 757 евра.

Најниски просечни плати во Косово се во обезбедувањето сместување и услуги за храна - 281 евро.

Доколку преработувате дрва во Србија, просечната нето плата ви е 392 евра.

Ако го напишете кодот кој создава виртуелен лик кој обработува дрво во видео игра (компјутерско програмирање), вашата просечна плата е 2.186 евра.

Главните градови неприкосновени

Иако заработката доста варира, некои трендови сè уште се вообичаени за регионот.

Најмногу пари се заработуваат во главните градови.

Така, просечната плата во Загреб е 1.187 евра, што е за 15,38 отсто повеќе од националниот просек.

Во Белград просечната плата е 851 евро, што е дури за 27,37 отсто повеќе од просечната плата во Србија.

Промовирани огласи »

Се укинува повластената струја за компаниите од прехранбената индустрија и се замрзнува цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари, одлучи Владата.

Ова го соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што рече Ковачевски, помина доволно време од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки, а дел од прехранбените компании не ги намалија соодветно цените на своите производи. Тоа го утврдиле инспекциските контроли.

Тој напомена дека владините мерки за поддршка не се донесоа за едни да бидат повластени на сметка на други, за некој да се богати, за поединци да имаат бенефит и за да се удри по џебот на граѓаните, туку со единствена цел – да се намалат цените на основните производи и  да им се помогне на граѓаните.

Неоправдано покачување на цените нема да дозволам. Помина доволен период од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки за цените да се усогласат зашто помошта од државата беше навремена и реална. Иако прехранбените компании добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од седум до 12 проценти. Затоа, на денешната владина седница ја укинавме мерката за повластена струја. Производителите на прехранбени производи ќе се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија. Ја замрзнуваме и цената на белиот и полубелиот леб, сечен и на парчиња или цел, на 33 денари, односно цена од 33 денари по леб со тежина од 450 грама и повеќе, а за леб под 450 грама се утврдува цена до 33 денари соодветно на тежината на лебот, истакна Ковачевски. 

Промовирани огласи »

Барањето за поскапување на водата е поднесено од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во текот на ноември минатата година и ние не сакаме да се натегаме дали поднеле или не поднеле барање. Фактите се јасни - ние донесовме одлука согласно нивното барање. Тие бараа минималната цена да биде околу 30, а максималната 57 денари, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.  

Имајќи во предвид дека цената на електричната енергија за јавните комунални претпријатија е субвенционирана од државата и дека таа субвенција ќе продолжи и во наредните три месеци таа одлука што ја донесовме ќе претрпи корекција и минималната цена која ќе ја донесеме во четврток ќе значи намалување на цената за вода во Град Скопје, додека максималната ќе биде таква каква што е. Оставаме на Водовод Скопје и нивниот Управен одбор да донесе одлука врз основа на нашата одлука, а потоа таа треба да се испрати до Советот на Град Скопје, рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање пред почетокот на презентацијата на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија.

Верувам, додаде, дека ова ќе биде поука за сите останати јавни комунални претпријатија дека кога ќе поднесат барање треба да останат на тоа барање, а не да политизираат.

Ние не се криеме зад нашата одлука која ја донесовме, бидејќи е во рамки на нормала и зголемување од седум денари не е никаков месечен трошок. Затоа нема потреба од популизам. Ние како институција не гледаме кој од каде е и поддржавме јавните комунални претпријатија да имаат субвенционирана цена на електричната енергија и таа цена ја имаат, потенцира Бислимоски.

Прашан што ќе се случи со барањата од другите општини за зголемување на цената на водата рече дека во моментов се разгледуваат.

Охрид има поднесено барање за зголемување на цената на водата за околу 70 проценти. Тоа го разгледуваме, но кога некој ќе поднесе барање за зголемување на цена од 70 проценти нема реалност. Пред да се поднесе вакво барање треба да се мисли. Ние нема да дозволиме да се зголеми цената за 70 проценти за да може јавните комунални претпријатија, не само во Охрид, туку насекаде низ државата, да бидат фабрика за вработување, бидејќи на крај ќе немаме вода, рече Бислимоски и додаде дека зголемување на цената побарале и Кочани и Ресен. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »