Промовирани огласи »

Во соработка со нашите драги клиенти Majorel со кои веќе подолго време работиме на проширување на нивните тимови направивме интервју со Г-ѓа Елена Мановска - генерален менаџер во Majorel. Таа за KARIERA.mk даде одговор на важните прашања поврзани со компанијата како вистински професионалец во областа која што работи.

Majorel дизајнира, гради и испорачува висококлвалитетна корисничка подршка за многу светски водечки брендови. Ги сервисира клиентите ширум светот со преку 82,000 + вработени, лоцирани во 45 земји на 5 континенти на 60 јазици.

Во Majorel се наградува оригиналноста, поттикнува креативното самоизразување и им ја дава на вработените слободата да бидат свои. Овој пристап е отелотворен во заеднички вредности на компанијата: креативност, извонредност и почит. Во срцето на Скопје, горди на победничкиот мултикултурен тим и уникатната бизнис култура, Majorel Македонија нуди извонредни можности за вашата кариера. Како наши клиенти заеднички допринесуваме и ги формираме идните тимови, затоа не се двоумете да аплицирате и станете дел од победничкиот тим на Majorel!

Целото интервју може да го видите подолу:

Промовирани огласи »

Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

АВТОЕЛЕКТРИЧАР
МЕХАНИЧАР ЗА ГРАДЕЖНА МЕХАНИЗАЦИЈА И ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА
БРАВАР
ВОЗАЧ НА МИКСЕР ЗА БЕТОН
ВОЗАЧ НА КИПЕР

Сите останати активни работни позиции од ГРАНИТ можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Цените на прехранбените производи и натаму „во слободен раст“. Граѓаните велат дека веќе се уморни да се жалат бидејќи, како што тврдат, нивните поплаки не се слушнати.

Ако порано, пред година, две можеше да се наполни една кеса со храна, со која може да се „тера“ една недела за 1.500 денари, денес тоа е невозможна мисија. Инфлацијата ги јаде парите, а да сејаде мора, вели една скопјанка.

Според Ценометар вака се движат цените на основните намирници низ скопските маркети.

Килограм банани нема поевтино од 80 денари.

Лимонот над 70, јаболката над 20 денари за килограм. За килогарм компир од маркет ќе треба да издвоите над 40 денари, зависно од маркетот.

Килограм брашно е најевтино во Стокомак – 38 денари, додека во останатите маркети е од 39-49 денари.

За пакет од 900 грама шеќер ќе платите над 50 денари. Зејтинот е од 106-135 денари. За табла јајца (30 јајца) ќе платите од 279-30 денари или 10 денари по јајце. Млакото чини над 70 денари за литар тетрапак.

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар за литар, а  на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе биде 82,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 84,50, Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 78,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 78,00 денари за литар.

За 0,722 денари поскапува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,988 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »