Промовирани огласи »

Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. 

Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари.

Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.

Промовирани огласи »

Мерката Мој ДДВ дава одлични резултати и во борбата против сивата економија и во зајанување на стандардот на граѓаните, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во гостување на Телевизија Стар.

Имаме 520.000 регистрирани на апликацијата Мој ДДВ, исплатата се врши редовно, согласно нашите обврски, односно во рок од 60 дена по завршување на конкретното тромесечје. Лимитот за едно тромесечје ќе се зголемат откако во Собранието ќе бидат донесени законските измени и очекувам тоа да биде наскоро порача Лукаревска.

Осврнувајќи се на повратот на ДДВ кон компаниите, Лукаревска истакна дека за разлика од некои ситуации порано, сега повратот на ДДВ се врши навремено и неселективно.

Порано, пред неколку години се чекаше на повратот, се вршеа манипулации и уцени со повратот на ДДВ кон компаниите, но денес тоа не е случај. Повратот на ДДВ кон стопанството расте постојано, секогаш е на време и нема никаква селективност. Тоа е наша обврска и градење на партнерски однос кон обврзниците и дел од нашата грижа за ликвидноста на економијата, заклучи Лукаревска.

Промовирани огласи »

За да се обезбеди сигурност на храната по трагичниот земјотрес и да се стабилизираат цените, турското Министерство за земјоделство го забрани извозот на домати до 14 април. Забраната стапи во сила веднаш и така во пракса околу 70 отсто од увозот на домати во регионот е стопиран.

Побарувачката е голема и поскапувањето на доматите е неминовно, барем додека не се појават производите од градините на домашните пазари. Најверојатно, доколку продолжи недостигот, просечната цена на доматите до Велигден ќе се зголемува.

Аналитичарите на EastFruit велат дека одлуката на турската влада ќе има големо влијание врз пазарот на домати во земјите кои зависат од турскиот увоз уште оваа и следната недела. Пред се, тоа се Украина, Молдавија, Грузија, Романија и уште неколку земји од регионот.

Промовирани огласи »

Извршувањето на работните задачи понекогаш знаатда бидат и „невидливи“ за вашите претпоставени, иако истите ги извршувате со најголема професионалност. Постојат многу студии кои укажуваат зошто и покрај сиот ваш вложен труд, вашите претпоствени сметаат дека тоа што го правите не е доволно или не ефективно.

Не комуницирате

Ако порано работевте во канцеларија, знаете колку е лесно вашиот шеф да се „појави“ и да провери како напредувате. Далечинската работа не го дозволува тој луксуз. Дури и кога работите од канцеларија треба константно да комуницирате, за вашиот претпоставен има идеја дека навремено ги извршувате задачите.

Ако не го ажурирате редовно вашиот шеф преку е-пошта или телефон, тој може да мисли дека не ја работите вашата работа.

Не разговарате со колегите

Дури и ако редовно го ажурирате шефот, сепак мора да разговарате со колегите. Интеракцијата е клучна за успешна деловна активност, првенствено кога повеќето работат од далечина.

Никогаш не сте достапни за повици или размена на пораки

Кога работите во канцеларија, вашиот шеф може да го повика вашето име и веднаш да очекува одговор. Работењето од дома не ја нуди таа опција. Вашиот шеф мора да се потпре на технологијата за да ги добие потребните информации.

Не се однесувате професионално

Ако сте секогаш на вашиот кауч, носите облека за во салон или имате деца што викаат во позадина секој пат кога вашиот шеф ќе се јави или има видео разговори со вас, тоа може да биде лош знак. Дури и ако давате се од себе и испорачувате исто ниво на работа, одвлекувањето на вниманието што се случува околу вас, вашиот шеф може да го натера да мисли дека имате помалку перформанси.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »