Промовирани огласи »

Многу од нас секојдневно се будат со помисла како би било денес на сметката да ви легнат милиони со кои би можеле да располагате како сакате.

Всушност богатството е многу релативна работа и според вистински богатите луѓе, не е толку многу интересно да бидеш премногу богат човек на овој свет.

Со вас денес споделуваме некои факти според искусните богати луѓе од светот:

  • Многу мал дел од луѓето се збогатуваат преку плата доколку работат за некој друг. 
  • Никогаш нема да бидете многу богати ако живеете со баланс меѓу приватниот живот и работата. 
  • Ако имате добра плата и ако штедите, вам ќе ви бидат потребни 30 години за да заштедите многу пари. 
  • Бизнисот може да донесе многу пари, посебно ако тој бизнис добро се продаде. 
  • Ако бизнисот напредува скалило по скалило и се шири така што ќе биде најдобар во одреден сектор, тој може да донесе голем профит.

На крајот, дали навистина парите се она што не прави среќни или пак сепак е најважно да сме здрави и насмеани со луѓето кои не сакаат и со 500ден во џеб?

Промовирани огласи »

Два јавни повика, за поддршка на млади земјоделци со вкупно 10.000 евра неповратни средства и за подигање нови повеќегодишни насади, објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Со овие две нови мерки, како што информира МЗШВ, до крајот на годината ќе се овозможи директен трансфер на шест милиони евра кај вистинските земјоделци.

Јавниот повик за користење финансиска поддршка за млад земјоделец е со нови, променети критериуми за аплицирање, а предвидува максимални 600.000 денари по корисник. 

Крајниот рок за доставување на барањата е 29 август 2017 година. 

Другиот повик, пак, се однесува на нови повеќегодишни лозови и овошни насади и повеќегодишни насади со ароматични растенија и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини, за што се планирани до 2.500.000 денари по корисник, како и на набавка на добиток од признати организации на одгледувачи од Република Македонија и од увоз, за што се проектирани до 6.500.000 денари. 

Средствата се наменети за подигнати насади и набавен добиток од 1 октомври до 31 декември 2016 година и од 1 јануари до 31 август 2017 година. 

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции. Ставката на кофинансирање се зголемува во случаите кога баратели се млади земјоделци и кога инвестицијата е лоцирана во подрачја со ограничени можности и недостапни рурални заедници до висина од 75 проценти. 

- Со оглед дека повикот со рок од 29 февруари воопшто не бил објавен, им излегуваме во пресрет на земјоделците кои извршиле есенско подигање на насади во 2016 годна и на оние што извршиле пролетно подигање во 2017 година. Сите тие ќе може да поднесат барање за субвенции до 1 септември, нагласува Министерството.

За двата повика аплицирањето е исклулчиво електронски. Барањата што нема да бидат на тој начин доставени, нема да се земат предвид.

Пред нивното објавување вчера, МЗШВ во петокот, на 4 август, соопшти дека се обезбедени и дополнителни 10 милиони евра субвенции за поледелците, овоштарите, лозарите и сточарите како поддршка за намалените приноси од поплавите и измрзнувањето.

Промовирани огласи »

Што кога бизнисот не ни оди и постојано тонеме финансиски и се лажеме дека од наредниот месец ќе бидеме барем на нула.

Постојано се позајмуваме или пак доцниме со плати. Не се измачувајте време е за крај на овој бизнис пред да влезете во големи проблеми.

KARIERA.mk нуди опции како да се справите со бизнисот кој оди во надолна линија и никако не може да се подигне над нула:

Продажба на бизнисот

Една излезна стратегија е продажба на бизнисот. Но, за оваа стратегија да се спроведе би требало да се изврши продажбата малку порано додека сеуште постојат некои резултати на хартија во вид на позитивен готовински тек, вредност на имотот на бизнисот итн.

Вообичаено е потребно да најдете некој бизнис или физичко лице кој сака да започне таков бизнис и да му понудите да го купи Вашиот. Вие добивате пари, тој добива бизнис кој веќе има изградено каква таква структура што секако ќе го спаси од тешкиот период на стартап на бизнисот.

Припојување на еден со друг бизнис

Припојување е кога две компании се спојуваат и ги комбинираат сопствените вредности и стануваат една поголема компанија. Во ваква ситуација претприемачите на припоените компании ќе добијат акции кои ќе имаат поголема вредност во однос на вредноста на бизнисите како посебни ентитети.

Како недостаток е што нема да можете да добиете готовина во одреден временски период.

Ликвидација

Ликвидација е друг вид на излезна стратегија и значи едноставно затворање или гасење на Вашиот бизнис како посебен правен ентитет.

За оваа излезна стратегија потребно е да бизнисот не биде во долгови. Доколку случајот е таков оваа стратегија подразбира продажба на имотот на бизнисот за да се прибере готовината и затворање на бизнисот.

Промовирани огласи »

Џеј. Пи. Ливингстон од Њујорк го привлече вниманието пред помалку од една година, откако беше објавено дека на 28-годишна возратс со паметно инвестирање заработила неколку милиони долари.

Ливингстон сега повторно е во центарот на вниманието со највата дека „заминува во пензија“. 

Таа дипломирала на Харвард во 2009 година и успеала да се вработи во инвестициска компанија, што и било животна желба. Таму го стекна потребното знаење и искуство, кои и донесоа големо богатство по само неколку години работа.

Нејзиниот живот се сменил по посетата на еден будистички храм на Тајван, каде сфатила дека за среќа не е потребно многу, па почнала да применува минималистички пристап на животот. Тоа значело штедење кое подоцна ќе и донесе големо богатство преку инвестиции.

По враќањето од Тајван таа одлучила да го смени својот живот, па неколку години ги поминала работејќи како финансиски експерт, додека од друга страна го зголемила штедењето.

- Ако се инвестира паметно, настапува момент кога тие инвестиции почнуват да се враќаат. Својот прв милион го заработив сама кога имав само 26 години. Таа година ми се повратија 13 отсто од вложените пари. Заработував 130 илјади долари без оглед на тоа дали работев, се излежував на плажа или играв видео-игри, појасни таа.

Денес, таа живее мирен живот во мал стан со сопругот и домашно милениче, а нејзината необичност лежи во тоа што стана пензионерка и милионерка на 28 години.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »