Промовирани огласи »

Банката на Силиконската долина, која се грижи за многу од најмоќните технолошки инвеститори во светот, пропадна во петокот и беше преземена од федералните регулатори, со што стана најголемата американска банка која пропадна по глобалната финансиска криза во 2008 година.

Потоа, во неделата, регулаторите станаа загрижени за финансиската состојба на њујоршката Signature Bank, најмногу поради нејзината голема изложеност на нестабилниот крипто пазар.

Сега и двете банки се под контрола на Федералната корпорација за осигурување на депозити или FDIC.

Колапсот предизвика шокови низ финансиската индустрија. Банката на федерални резерви го повлече зголемувањето на каматните стапки но и покрај тоа инфлацијата не се намалува.

Промовирани огласи »

Соочени со цикличните подеми и падови на пазарот на трудот, привлекувањето и задржувањето на вработени како што минуваат годините е се поголем предизвик за компаниите.

Трендовите како доцните смени, тешките услови за работа и ниските плати се најголемите предизвици на кои повеќето вработени ги истакнуваат како пречки и причина за да заминат од работното место.

Неколку совети како да ги задржите своите вработени воедно и да привлечете нов потенцијал на нови вработени:

  • Препознајте ги нивните напори
  • Продолжете да ги предизвикувате
  • Чувајте ги линиите на комуникација отворени
  • Овозможете ги да донесуваат одлуки
  • Негувајте и наградувајте го развојот на вработените
  • Понудете мали, лични поволности
  • Понудете контрола и флексибилност на распоредот
  • Дајте приоритет на здравјето и благосостојбата на вработените

Како го менаџирате својот тим влијае на тоа како се чувствуваат луѓето и нивните импресии се тие кои се одлучниот фактор дали ќе останат или ќе заминат од вашата компанија.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија од март 2022 година за новата методологија за усогласување на пензиите со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се  предвиде нов начин на усогласување на пензиите, при што за пресметката на усогласувањето  на пензиите се зема растот на трошоците на живот и растот на просечната плата. Со овој начин на усогласување на пензиите се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите, односно како што ќе порасне просечната плата, во континуитет ќе растат и пензиите. Усогласувањето на пензија се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во висина од 50%.

Пензијата согласно новата Методологија, се усогласува на 1 март и на 1 септември секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи.

Усогласувањето на  Септемвриските пензии  кои се исплатија со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот односно усогласувањето беше во  висина од 6.8%, (порастот на плати 6,6% а порастот на трошоци за живот 6,9%) со што просечната  пензија од 16.348 денари се зголеми на 17.666 денари.   

Усогласувањето на Мартовската пензија согласно методологијата ќе се зголеми за 8,4 % (пораст на плати 6,1  и пораст на трошоци за живот 10.6%)  со што просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на 19.150 денари, соопшти МТСП. 

Промовирани огласи »

Во 2022 година, инфлацијата во ЕУ достигна највисоко ниво измерено досега од 9,2%. Во споредба со 2021 година, кога годишната вредност беше 2,9%, стапката на инфлација е зголемена повеќе од тројно, објави Еуростат.

Во споредба со некои од најголемите светски економии, годишната инфлација во САД лани достигна 8,7%, во Јапонија 2,5%, а најниската стапка е забележана во Кина со 2,0%.

Најголем пораст на цените во ЕУ во 2022 година има кај трошоците за домување и храна. Потрошувачките цени за домување, вода, струја, гас и други горива минататата година забележаа досега најголем пораст од 18,0%. Следува транспортот со просечен пораст од 12,1%, а храната и безалкохолните пијалоци поскапеа во просек за 11,9%.

Во Северна Македонија, пак, според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата во 2022 година изнесувала 14,2 отсто, додека индексот на цените на мало бил зголемен за 12,6 отсто. Најголем раст на индексот на трошоците на животот лани е заблежан кај храната и безалкохолните пијалоци, кои за една година поскапеле за 20,9 отсто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »