Промовирани огласи »

Тестенините од утре треба да поевтинат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти. Нивните цени се намалуваат согласно со одлуката што Владата ја донесе минатата недела. 

Со одлуката, од тестенините опфатени се макароните и шпагетите. За нив, од 13 март до 31 мај годинава се укинати увозните царински давачки. Само со укинување на царината, според пресметките на Владата, нивната цена се намалува за осум до девет денари во просек во малопродажба. Од Владата очекуваат намалувањето да биде и поголемо.

До 31 мај ќе биде во сила и одлуката за замрзнување на цената на млечните производи: трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера соопшти дека при крај се и анализите кои треба да покажат дали ќе бидат замрзнати цените на шеќерот, јајцата и оризот.

Владата ќе причека анализите да стигнат официјално од Министерството за економија, за да се продискутираат, изјави Битиќи по средбата со претставници на Германското стопанство.

Според Битиќи, засега е многу мало намалувањето на цените на тестените и млечните производи, но од утре тие треба да бидат пониски за 15, односно 10 проценти. 

Намалувањето е многу мало, но реакциите се позитивни дека на 16 март сите веќе ќе имаат намалени цени, според она што беше дефинирано. Секако на 16-ти март, производите ќе стигнат до цената која е зададена, не гледаме дека нема волја од другата страна, рече Битиќи.

Одлуките за замрзнување на цените, како што нагласи вицепремиерот, не се носат за да се наштети некому, туку за доброто на сите граѓани.  

Секоја мерка се носи за добро на граѓаните. Не сакаме да нанесеме штета со воведување мерки „од денеска за утре“ зашто сме свесни дека одредени суровини се со одредена цена. Затоа дадовме временски период од скоро една недела, за компаниите да потрошат одредени залихи и да почнат со замрзнати, пониски цени. Секоја мерка се носи за доброто на граѓаните, притоа не сакаме да нанесеме штета никому зашто заеднички настапуваме во периодот на криза за да излеземе од неа, изјави Битиќи.

Од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најавуваат дека ќе излезат на терен и ќе постапуваат веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата. Казните за непочитување на одлуките изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

На 28 февруари годинава Владата ја замрзна и цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. Пекарската индустрија по неколкудневен прекин на производството и испораката повторно почна да доставува леб, но најави дека ќе поведе правна постапка за наплата на штетата од владината одлука која на месечно ниво, според нивните проценки, изнесува над 1,5 милиони евра.

Според официјалните статистички податоци, трошоците на животот во февруари годинава во однос на февруари лани бележат зголемување од 16,7 проценти, а цените на мало од 12,4 проценти.  

Промовирани огласи »

Денеска (15 март) завршува обврската за поседување на зимска опрема во возилата, соопштија од АМСМ.

Обврската стапи на сила на 15 ноември минатата година.

Само во случај на вонредно воведување може да биде вратена оваа обврска.

Казните за непоседување зимска опрема изнесуваат 45 евра.

Промовирани огласи »

По Одлуката за зголемување на минималната плата на 20 175 денари или 12 отсто, согласно одлуката на Владата од март 2022 година, со новата методологија за усогласување на пензиите, пензиите и во март ќе се зголемат за 8,4 проценти, од 17 666 на 19 150 денари, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Бектеши, Законот за изменување и дополнување на законот за пензиско и инвалидско осигурување предвидува нов начин на усогласување на пензиите, при што при пресметката на пензиското усогласување се земаат предвид зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата.

Ова метода дава можност и за реално зголемување на пензиите во однос на платите, па со зголемувањето на просечната плата пензиите ќе продолжат да растат. Усогласувањето на пензиите во март според методологијата ќе се зголеми за 8,4 отсто (покачување на платите 6,1 и зголемување на трошоците за живот 10,6 проценти), со што просечната пензија ќе се зголеми од 17 666 на 19 150 денари, наведува министерот.

Промовирани огласи »

Банката на Силиконската долина, која се грижи за многу од најмоќните технолошки инвеститори во светот, пропадна во петокот и беше преземена од федералните регулатори, со што стана најголемата американска банка која пропадна по глобалната финансиска криза во 2008 година.

Потоа, во неделата, регулаторите станаа загрижени за финансиската состојба на њујоршката Signature Bank, најмногу поради нејзината голема изложеност на нестабилниот крипто пазар.

Сега и двете банки се под контрола на Федералната корпорација за осигурување на депозити или FDIC.

Колапсот предизвика шокови низ финансиската индустрија. Банката на федерални резерви го повлече зголемувањето на каматните стапки но и покрај тоа инфлацијата не се намалува.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »