Промовирани огласи »

Како го завршувате работниот ден? Само чекате да отчука последната минута и спремни сте да излетате надвор од вашето работно место?

Можеби ќе ви биде полесно ако ги направите овие работи пред да го завршите работниот ден:

1. Листа

Направете листа на сè она што сте успеале да го направите денес и споредете го со она што сте планирале да го направите. Дали сте задоволни? Колку работи сте пропуштиле? Забележете сè што не сте направиле и ставете го на листа на незавршени обврски.

2. Цели

На крајот на работниот ден поставете си цели за наредниот ден. Ќе ви биде полесно кога наутро ќе седнете на работната маса и ќе знаете точно што треба да направите.

3. Приоритети

Штом ги одредите целите, наредете ги според важност, почнувајќи од оние кои треба веднаш да ги завршите до оние за кои имате доволно време. Секогаш е полесно да се почне од најлесните задачи, но ако прво се ослободите од тешките задачи подобро ќе се чувствувате кога ќе знаете дека се зад вас.

4. Работна маса

Клучот на продуктивноста е организацијата. Затоа, пред да си заминете, средете го креативниот хаос и ќе се чувствувате многу помалку под стрес кога ќе стигнете наутро во канцеларија.

Промовирани огласи »

Скопје денеска ќе биде во фокусот на вниманието не само на европската, туку и на целокупната светска фудбалска јавност.

Двете екипи пристигнаа вчера на аеродромот „Александар Велики“ од каде, под строги безбедносни мерки, беа превезени до хотелите во кои престојуваат, Реал Мадрид во „Александар Палас“, а Манчестер Јунајтед во „ТЦЦ Гранд плаза“. Македонските фанови ги пречекаа со овации и извици.

Двата тима денеска во 20:45 часот на „Телеком арената“ ќе се борат за титулата во УЕФА Суперкупот.

Промовирани огласи »

Многу од нас сакаат да истетовираат нешто на себе, но се поставува прашањето: Што кога ќе треба да се појавам на работа ако е на видливо место?

Во корпоративното работење обично на високи позиции се ликови кои не би сакале вработените да се шетаат со тетоважа наоколу, без разлика на тоа колку добро работите.

Сакале или не, ова е вака, со исклучок кај некој модерни директори.

Луѓето за кои работите треба да ве проценат врз основа на вашите резултати, идеи и талент. Ништо друго не би требало да се земе предвид.

Ако ве отфрлат заради тетоважа, сигурно би го направиле тоа и за други поважни ваши карактеристики. Понекогаш мора да работиме работа која не ја сакаме.

Знајте дека за да дојдете до израз со вашиот потенцијал и талент, треба да бидете автентични. Ако сте она што сте ќе може да привлечете внимание на себе.

Сепак, за да делувате по културно и префинето, обидете се да ја покриете тетоважата барем на важните состаноци.

Промовирани огласи »

После  работниот ден исполнет со стрес, сè што сакаме да направиме е да ги соблечеме чевлите да седнеме на каучот со чаша вино.

Колку повеќе часови сме работеле напорно со полна работна сила, толку повеќе сакате да избегаме од вежбањето.

Но, тоа е најлошата работа која можете да ја направите после цел ден седење во канцеларија.

Пилатесот, пешачењето, обичните вежби за растегнување, општо било какво размрдување е најдобар лек за ослободување од стресот.

Како што е истакнато во списанието „Science of Us“, истражувачите од Универзитетот во Базел, откриле интересна врска меѓу степенот на стрес и вежбањето.

Луѓето кои се под стрес имаат тенденција да ги избегнуваат вежбите - тврдат научниците.

А, тоа е совршен темел за здравствени проблеми како висок крвен притисок и висок холестерол.

Позитивните страни на вежбањето се повеќе од очигледни. Без разлика на тоа колку сте се умориле на работа, најдобро е да заминете во теретана и дополнително да ги активирате мускулите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »