Промовирани огласи »

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготви и до министерството за економија достави анализа на цените за земјоделските произовиди на овошје и зеленчук.

Би сакале да нагласиме дека министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги следи трошоците кои земјоделците ги имаат за приозводството и согласно тоа се креираат мерките на министерството за поддршка на домашното производство.

Притоа следиме два парметри преку кои ги креираме мерките, а тоа е системот за следење на приозводствената цена на фарма, односно колку се реалните трошоци за производство на земјоделците и пазарниот информаривен систем каде се следат цените на големо и мало за земјоделските производи.

Истите се формирани од производствените трошоци кои ги имаат земјоделците и од маржата на трговците со земјоделски производи. Оттука, согласно анализите, сакаме да напоменеме дека цената на пазарот е значително повисока од цената која што ја добива самиот производител и кај продажната цена голема улога има маржата поставена од откупувачите и трговците.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дава поддршка за замрзнувањето на цените кај овошјето и зеленчукот, бидејќи таквото замрзнување во овој период нема да влијае во намалувањето на откупните цени за земјоделците.

Сепак врз основа на сите параметри крајната одлука по ова прашање ја има министерството за економија.

Промовирани огласи »

Од утре (28 март) почнува етапното исплаќање на пензиите за месец март 2023 година.

Фондот за пензиското и инвалидското осигурување е задолжен да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година.

Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.03.2023 година.

Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.03.2023 година (вторник);
  • За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2023 година (среда);
  • За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2023 година (четврток)
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2023 година (петок)

Промовирани огласи »

Тие што сметаат дека нашата држава дава подобри услови за живот, ќе го најдат патот, исто како нашите сограѓани кои веруваат дека поквалитетен живот можат да најдат во Западна Европа, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговорајќи на новинарско прашање во врска со увозот на работна сила во земјава.

Според него, долгорочните решенија, сепак, се бараат кај нашите граѓани кои мора да ја сфатат нужноста од преквалификација и доквалификација зашто некои работни места од пред 30 години, веќе не постојат.

Мора да се следи трендот, а Владата, напомена вицепремиерот, креира можности и никогаш не била, ниту ќе биде тука за некого да носи на грб. Како што истакна Битиќи, прашањата како што е увозот на работна сила, мора да се отвораат и да се разговараат. Подобро да бидеме подготвени, потенцира, отколку затечени од ситуацијата.

Сум кажал дека долгорочните решенија ги бараме кај нашите граѓани. Мора да сфатиме дека доживотното учење не е само на хартија и на зборови, туку треба да се докфалификуваме и реквалификуваме, да сме во тек со работните места кои се отвораат. Работни места кои постоеле пред 30 години, веќе ги нема, се бараат нови вештини и знаења. Владата никогаш не била тука да носи некого на грб, туку креира можности. Нуди законски можности, елиминирање на бирократските процедури, креира можности секој да си го најде местото. Веќе 3 000 и нешто од квотата 5 000 е затворена. Ддодека ние зборуваме приватниот сектор ги наоѓа решенијата сами, изјави Битиќи пред презентацијата на 10-те стартапи поддржани од акселераторот УКИМ.

Промовирани огласи »

Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 28 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени. На нивните полици секојдневно може да се најде широка лепеза на повеќе од 20.000 производи од различни категории, меѓу кои се вбројуваат производите од брендот EXTRA, како и голем број на странски увозни брендови на производи и деликатеси, достапни единствено во Тиекс маркетите.

Моментално вработува:

ХИГИЕНИЧАР/КА
ПОМОШНИК ГОТВАЧ/КА
САДОМИЈАЧ/КА ПОГОН ЗА ГОТВЕЊЕ
ИТ СЕРВИСЕР
ИТ АДМИНИСТРАТОР

Сите останати работни позиции од Тинекс ќе ги најдете ТУКА!

Доколку сте се уште невработани, сите работни позиции на KARIERA.mk можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »