Промовирани огласи »

На Саемот за мебел, кој се отвора утре, во Скопје, во комплексот „Борис Трајковски”, посетителите ќе имаат можност да ја видат понудата на преку 40 директни изложувачи со повеќе од 80 претставени брендови со атрактивни саемски акции и попусти.

На едно место во монтажни објекти и во внатрешниот простор  на комплексот ќе може да се види разновидна понуда на мебел за дневни, спални, детски соби, трпезарии, кујни, бањи и секако дополнителни декоративни понуди за домот, најавува Скопски саем.

Организрани се и групни посети на Саемот од сите градови од земјава и регионот.

Саемот за мебел ќе трае до 2. април со работно време од 10.00 до 20.00 часот. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница ќе чини 100 денари по посетител. Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk.

Промовирани огласи »

Ма, еден од најистакнатите кинески претприемачи, ја напушти Кина на крајот на 2021 година и последните месеци беше виден во Јапонија, Австралија и Тајланд.

Кон крајот на 2020 година тој се повлече се јавноста откако го критикуваше кинескиот регулаторен систем.

Додека кинеските власти во последните месеци изјавуваа дека го намалиле притисокот и дека ќе бараат начини да го поддржат приватниот сектор, кинеските претприемачи наведуваат дека одлуката на Ма да остане во странство е фактор што ја поткопува довербата.

По објавувањето на веста во кинескиот весник акциите на „Алибаба“ во Хонг Конг пораснаа за повеќе од четири отсто.

Весникот не соопшти кога Џек Ма се вратил во Кина, но цитира извори кои велат дека го посетил училиштето што го основал во градот Хангжу, каде што се наоѓа централата на „Алибаба“ и финансиската компанија „Ant Group“. Изданието додава дека Ма се вратил во Кина по краткиот престој во Хонг Конг.

Британските медиуми наведуваат дека неодамна Ма се откажал од контролата во „ Ant Group“, кинескиот гигант во областа на компјутерската поддршка на банкарските и финансиските услуги. /МИА

Промовирани огласи »

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготви и до министерството за економија достави анализа на цените за земјоделските произовиди на овошје и зеленчук.

Би сакале да нагласиме дека министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги следи трошоците кои земјоделците ги имаат за приозводството и согласно тоа се креираат мерките на министерството за поддршка на домашното производство.

Притоа следиме два парметри преку кои ги креираме мерките, а тоа е системот за следење на приозводствената цена на фарма, односно колку се реалните трошоци за производство на земјоделците и пазарниот информаривен систем каде се следат цените на големо и мало за земјоделските производи.

Истите се формирани од производствените трошоци кои ги имаат земјоделците и од маржата на трговците со земјоделски производи. Оттука, согласно анализите, сакаме да напоменеме дека цената на пазарот е значително повисока од цената која што ја добива самиот производител и кај продажната цена голема улога има маржата поставена од откупувачите и трговците.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дава поддршка за замрзнувањето на цените кај овошјето и зеленчукот, бидејќи таквото замрзнување во овој период нема да влијае во намалувањето на откупните цени за земјоделците.

Сепак врз основа на сите параметри крајната одлука по ова прашање ја има министерството за економија.

Промовирани огласи »

Од утре (28 март) почнува етапното исплаќање на пензиите за месец март 2023 година.

Фондот за пензиското и инвалидското осигурување е задолжен да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година.

Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.03.2023 година.

Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.03.2023 година (вторник);
  • За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2023 година (среда);
  • За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2023 година (четврток)
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2023 година (петок)
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »