Промовирани огласи »

Дали е вообичаено една третина од сите лица што лани станале доктори на науки во земјава да бидат странци? Одговор нема, а нема ниту податок која високообразовна институција колку доктори на науки произвела. Но затоа се знае дека имаме нови 46 доктори на науки од областа на медицината, а 22 на бизнис и администрација, а право докторирале 13 лица. Наспроти нив има само по еден нов доктор на науки по математика и по физика.

Македонските високообразовни институции лани произвеле 197 доктори на науки, а најинтересно е тоа што 64 од нив се странци! Ова укажува на заклучок дека македонските факултети и институции се на мета на ловци по докторски титули затоа што дури третина од сите кои лани станале доктори на науки на нашите факултети се странци.

Ова го покажуваат официјалните и јавно достапни податоци на Државниот завод за статистика објавени вчера и достапни на следниот линк https://www.stat.gov.mk/pdf/2023/2.1.23.08_mk.pdf

За жал Државниот завод за статистика нема статистика за тоа која домашна високообразовна институција колку доктори на науки произвела лани. Нивниот вкупен број лани е 197 и е за 2 отсто помал од претходната 2021 година.

Од 197 нови доктори на науки само 14 инжинери!

Официјалната државна статистика покажува дека само 7 отсто од сите нови доктори на науки лани се инженери. Од вкупно 14 инжинери доктори на науки тројца се градежници за нискоградба и високоградба, двајца се архитекти и урбанисти, еден е хемиски инженер и еден е технолог за преработка на храна.

ИТ факултетите лани произведоа единаесетмина софтвераши и тоа е добра вест, а петмина се нови доктори на науки за бази на податоци, мрежен инженеринг и дизајн.

Најбројни се медицинарите! Дури 46 медицинари лани станале доктори на науки, а од нив 23 се жени. На медицинска дијагностика докторирале 4 лица, а на нега и акушерство едно лице. Во областа на фармацијата македонските факултети произвеле петмина нови доктори на науки и сите тие се жени.

Бројни се и докторите на новноименуваниот корпус на дисциплини познат како науки за бизнис и администрација (кој опфаќа: сметководство, оданочување, финансии, банкарство, осигурување, менаџмент, администрација, маркетинг односно рекламирање). Ги има 22, а заедно со правниците се 35 доктори на науки од оваа хуманистичка гранка.

Затоа пак математика и физика докторало по едно лице лани, а на биологија и на хемија доктори на науки станале по 3 лица.

Вработените во образование по медицинарите лани се најбројни доктори на науки. Вкупно 42 лица кои работат во образованието лани станале доктори на науки. 

ФОТО: Rut Mit/Unsplash

Промовирани огласи »

Предизвиците за одделенијата за човечки ресурси се ништо друго освен богати и разновидни. Од справување со GDPR чувствителни податоци на целата компанија до справување со тешки и лични разговори со персоналот, HR продолжува да се развива за да ги задоволи барањата на брзо темпо, дигитално управувано опкружување.

Меѓутоа, кога станува збор за 2023 година, постојат голем број клучни теми што ги гледаме на пазарот на кои менаџерите за човечки ресурси треба да обрнат особено големо внимание како што се:

  • Флексибилност
  • Одлуки кои се темелат на вистински податоци – надминување на инстинктите
  • Некои придобивки се застарени треба да се подобрат
  • Редизајнирано искуство на вработените – исполнување на различни очекувања
  • Преквалификација и доквалификација на работната сила
  • Користење на AI алатки и автоматизација

Време е да се преиспитаат постоечките модели и да се најде најдобриот начин да се соочиме со предизвиците со кои се соочува HR секторот, како важен стратешки оддел во една организација.

Промовирани огласи »

На Саемот за мебел, кој се отвора утре, во Скопје, во комплексот „Борис Трајковски”, посетителите ќе имаат можност да ја видат понудата на преку 40 директни изложувачи со повеќе од 80 претставени брендови со атрактивни саемски акции и попусти.

На едно место во монтажни објекти и во внатрешниот простор  на комплексот ќе може да се види разновидна понуда на мебел за дневни, спални, детски соби, трпезарии, кујни, бањи и секако дополнителни декоративни понуди за домот, најавува Скопски саем.

Организрани се и групни посети на Саемот од сите градови од земјава и регионот.

Саемот за мебел ќе трае до 2. април со работно време од 10.00 до 20.00 часот. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница ќе чини 100 денари по посетител. Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk.

Промовирани огласи »

Ма, еден од најистакнатите кинески претприемачи, ја напушти Кина на крајот на 2021 година и последните месеци беше виден во Јапонија, Австралија и Тајланд.

Кон крајот на 2020 година тој се повлече се јавноста откако го критикуваше кинескиот регулаторен систем.

Додека кинеските власти во последните месеци изјавуваа дека го намалиле притисокот и дека ќе бараат начини да го поддржат приватниот сектор, кинеските претприемачи наведуваат дека одлуката на Ма да остане во странство е фактор што ја поткопува довербата.

По објавувањето на веста во кинескиот весник акциите на „Алибаба“ во Хонг Конг пораснаа за повеќе од четири отсто.

Весникот не соопшти кога Џек Ма се вратил во Кина, но цитира извори кои велат дека го посетил училиштето што го основал во градот Хангжу, каде што се наоѓа централата на „Алибаба“ и финансиската компанија „Ant Group“. Изданието додава дека Ма се вратил во Кина по краткиот престој во Хонг Конг.

Британските медиуми наведуваат дека неодамна Ма се откажал од контролата во „ Ant Group“, кинескиот гигант во областа на компјутерската поддршка на банкарските и финансиските услуги. /МИА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »