Промовирани огласи »

Бројни неправилности во работењето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување утврдила извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година. Симптоматично е тоа што извршители неосновано повлекуваат пари од Фондот врз основа на извршување врз пензионери поради различни долгови.

Фондот констатира дека одредени извршители, откако биле известени од стручната служба на Фондот, дека не се во состојба да го реализираат налогот за извршување од повеќе причини (починат корисник на пензија, корисник со најнизок износ на пензија, корисник за кој веќе се задржува 1/3 од пензијата по друг налог за извршување) пристапиле кон извршување директно од сметката на Фондот. Од Фондот во 2021 година месечно се регистрирани од 2500 до 3000 трансакции од пензии на должници кон сметки на извршителите, а на годишно ниво оваа бројка достигнува околу 30.000 трансакции. Притоа бројката на вработени лица во Фондот кои се ангажирани на ова прашање во зависност од обемот на работа достигнува и 8-9 лица, а за вршењето на оваа услуга Фондот не добива никаков надоместок од страна на извршителите, стои во ревизорскиот извештај за работењето на Фондот.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk организира настан Building a strong brand на 30.03.2023 во Skopje Marriott Hotel за сите маркетинг ентузијасти, претприемачи и љубопитни поединци кои сакаат да слушнат нови идеи и практични решенија за тоа како се креира совршениот брендинг за една компанија!

Предавач на работилница ќе биде Kremena Yordanova, Director Marketing Activations во Adidas Амстердам, професионалец со долгогодишно искуство во маркетинг светот која во своето портфолио брои одлични проекти и кампањи за Reebook и Adidas. 

Почетокот на настанот е од 9:00h do 12:30h. За сите студенти до пополнување на последните капацитети се пуштени влезници по повластена студентска цена од 990ден и истите може да се купат ТУКА

 Се гледаме во четврток, 30.3.2023, расположени и спремни за нови знаења и идеи!

Промовирани огласи »

Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, денеска како гостин во студиото на националниот сервис рече дека кромидот некаде достигнува цена и до 100 денари за килограм, иако реалната цена треба да биде 50 денари.

Тој порача дека неговото министерство дава поддршка и за потребата да се замрзнат цените на одредени земјоделски производи, како што тоа беше пример со белиот леб, јајцата и оризот.


Ова е време за солидарност и единство, а не време за профитерство. Јас нема да дозволам некој да се богати на грбот на земјоделците и граѓаните. На пример, производствената цена на кромидот чини околу 20 денари по килограм за работна сила и дополнителни трошоци, што значи дека со сите трошоци на трговецот реалната продажна цена би изнесувала до 50 денари по килограм, додека сега гледаме цени и до 100 денари по килограм во продажба.

МЗШВ дава поддршка за замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот бидејќи таквото замрзнување нема да влијае во намалувањето на откупните цени, изјави Николовски.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека најверојатно утре, на владина седница, ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во текот на оваа недела ќе бидат замрзнати и цените на дел од овошјето и зеленчукот.

Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре, истакна Бектеши по посетата на маркет во скопската населба Тафталиџе, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

За овошјето и зеленчуот Бектеши рече дека вчера ги добил анализите од Министерството за земјоделство.

Денеска мојот тим работи, најверојатно цените на повеќе од пет-шест производи ќе бидат замрзнати во текот на оваа недела. Ги чекаме и анализите од Царинската управа за увозните цени на трговците за да видиме колку е ралзиката во делот на маржите, нагласи Бектеши.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »