Промовирани огласи »

KARIERA.mk организира настан Building a strong brand на 30.03.2023 во Skopje Marriott Hotel за сите маркетинг ентузијасти, претприемачи и љубопитни поединци кои сакаат да слушнат нови идеи и практични решенија за тоа како се креира совршениот брендинг за една компанија!

Предавач на работилница ќе биде Kremena Yordanova, Director Marketing Activations во Adidas Амстердам, професионалец со долгогодишно искуство во маркетинг светот која во своето портфолио брои одлични проекти и кампањи за Reebook и Adidas. 

Почетокот на настанот е од 9:00h do 12:30h. За сите студенти до пополнување на последните капацитети се пуштени влезници по повластена студентска цена од 990ден и истите може да се купат ТУКА

 Се гледаме во четврток, 30.3.2023, расположени и спремни за нови знаења и идеи!

Промовирани огласи »

Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, денеска како гостин во студиото на националниот сервис рече дека кромидот некаде достигнува цена и до 100 денари за килограм, иако реалната цена треба да биде 50 денари.

Тој порача дека неговото министерство дава поддршка и за потребата да се замрзнат цените на одредени земјоделски производи, како што тоа беше пример со белиот леб, јајцата и оризот.


Ова е време за солидарност и единство, а не време за профитерство. Јас нема да дозволам некој да се богати на грбот на земјоделците и граѓаните. На пример, производствената цена на кромидот чини околу 20 денари по килограм за работна сила и дополнителни трошоци, што значи дека со сите трошоци на трговецот реалната продажна цена би изнесувала до 50 денари по килограм, додека сега гледаме цени и до 100 денари по килограм во продажба.

МЗШВ дава поддршка за замрзнувањето на цените на овошјето и зеленчукот бидејќи таквото замрзнување нема да влијае во намалувањето на откупните цени, изјави Николовски.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека најверојатно утре, на владина седница, ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во текот на оваа недела ќе бидат замрзнати и цените на дел од овошјето и зеленчукот.

Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре, истакна Бектеши по посетата на маркет во скопската населба Тафталиџе, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

За овошјето и зеленчуот Бектеши рече дека вчера ги добил анализите од Министерството за земјоделство.

Денеска мојот тим работи, најверојатно цените на повеќе од пет-шест производи ќе бидат замрзнати во текот на оваа недела. Ги чекаме и анализите од Царинската управа за увозните цени на трговците за да видиме колку е ралзиката во делот на маржите, нагласи Бектеши.

Промовирани огласи »

Дали е вообичаено една третина од сите лица што лани станале доктори на науки во земјава да бидат странци? Одговор нема, а нема ниту податок која високообразовна институција колку доктори на науки произвела. Но затоа се знае дека имаме нови 46 доктори на науки од областа на медицината, а 22 на бизнис и администрација, а право докторирале 13 лица. Наспроти нив има само по еден нов доктор на науки по математика и по физика.

Македонските високообразовни институции лани произвеле 197 доктори на науки, а најинтересно е тоа што 64 од нив се странци! Ова укажува на заклучок дека македонските факултети и институции се на мета на ловци по докторски титули затоа што дури третина од сите кои лани станале доктори на науки на нашите факултети се странци.

Ова го покажуваат официјалните и јавно достапни податоци на Државниот завод за статистика објавени вчера и достапни на следниот линк https://www.stat.gov.mk/pdf/2023/2.1.23.08_mk.pdf

За жал Државниот завод за статистика нема статистика за тоа која домашна високообразовна институција колку доктори на науки произвела лани. Нивниот вкупен број лани е 197 и е за 2 отсто помал од претходната 2021 година.

Од 197 нови доктори на науки само 14 инжинери!

Официјалната државна статистика покажува дека само 7 отсто од сите нови доктори на науки лани се инженери. Од вкупно 14 инжинери доктори на науки тројца се градежници за нискоградба и високоградба, двајца се архитекти и урбанисти, еден е хемиски инженер и еден е технолог за преработка на храна.

ИТ факултетите лани произведоа единаесетмина софтвераши и тоа е добра вест, а петмина се нови доктори на науки за бази на податоци, мрежен инженеринг и дизајн.

Најбројни се медицинарите! Дури 46 медицинари лани станале доктори на науки, а од нив 23 се жени. На медицинска дијагностика докторирале 4 лица, а на нега и акушерство едно лице. Во областа на фармацијата македонските факултети произвеле петмина нови доктори на науки и сите тие се жени.

Бројни се и докторите на новноименуваниот корпус на дисциплини познат како науки за бизнис и администрација (кој опфаќа: сметководство, оданочување, финансии, банкарство, осигурување, менаџмент, администрација, маркетинг односно рекламирање). Ги има 22, а заедно со правниците се 35 доктори на науки од оваа хуманистичка гранка.

Затоа пак математика и физика докторало по едно лице лани, а на биологија и на хемија доктори на науки станале по 3 лица.

Вработените во образование по медицинарите лани се најбројни доктори на науки. Вкупно 42 лица кои работат во образованието лани станале доктори на науки. 

ФОТО: Rut Mit/Unsplash

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »