Промовирани огласи »

Замрзнување на цените е мерка што не може да трае долго и по нејзиното завршување повторно ќе го имаме проблемот со зголемување на цените. Во меѓувреме, пак, компаниите чии производи биле опфатени со замрзнувањето на цените изгубиле многу пари. Затоа ние секогаш се залагаме за пазарни, а не за популистички мерки, вели извршниот директор на Стопанската комора

Државата ако сака да го заштити населението во ваква ситуација треба да ги активира стоковите резерви, кои се покажуваат како подобар механизам отколку замрзнување на цените. Тоа не е пазарна мерка, смета извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев.

Според Пешев, подобро е да се субвенционира делот од населението на кој тоа навистина му е потребно, но и да се помогне со директно намалување на царините, со помош при увозот на репроматеријали, со субвенционирање на електричната енергија, со механизми што го прават домашното производство поконкурентно. Тоа, според него, го прават економиите во светот кои имаат поинаков пристап и проблемот не го решаваат со замрзнување на цените.

Владата посегна по оваа мерка сакајќи да го намали притисокот на населението кое се најде во економски проблеми, но јас мислам, а и вие слушнавте, дека сите економии во светот малку поинаку му приоѓаат на проблемот. Ние се залагаме токму за тој принцип – да не одиме со замрзнување на цените, туку со субвенционирање на она население на кое тоа навистина му треба. Замрзнувањето на цените непотребно ги става компаниите чии производи се замрзнати во неповолна економска позиција, а производите се продаваат и на оние групи население на кое таа разлика во цена не им значи ништо. Затоа, многу повеќе ги почитуваме мерките на Владата кои се однесуваат на директна интервенција во делот на намалување на царините, помош при увозот на репроматеријали, субвенционирање на електрична енергија и механизмите кои го прават домашното производство поконкурентно, отколку директно замрзнување на цените, напомена Пешев одговарајќи на новинарски прашања пред Македонско-австриските бизнис-средби во Комората.

Неделава ќе се ограничат цените на неколку вида овошје и зеленчук

Замрзнување на цените, нагласи, е мерка што не може да трае долго, а по нејзиното завршување повторно ќе има поскапувања.

Оваа мерка не може да трае долго и по нејзиното завршување повторно ќе го имаме проблемот со зголемување на цените. Во меѓувреме, пак, компаниите чии производи биле опфатени со замрзнувањето на цените изгубиле многу пари. Затоа ние секогаш се залагаме за пазарни, а не за популистички мерки, подвлече Пешев.

На прашањето дали ова го искомуницирале со Владата, тој одговори потврдно.

Да, апсолутно. Се појавивме со неколку изјави, но Владата има право да ги замрзне цените. Сепак, повторно ќе напоменеме, има механизми кои не се доволно искористени, а тоа се државните резерви кои секогаш во ваква ситуација се покажуваат како подобар механизам од замрзнувањето на цените. Владата би требало, ако сака да интервенира, да го засили влијанието на пазарот со свое влегување преку ‘базенот’ кој се вика државни резерви, додаде Пешев.

Во пресрет на Велигден и Бајрам, Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот

Во Австрија нема ограничување или замрзнување на цените. Се дискутирало само за замрзнување на цените на недвижностите и наемнините, при што се утврдило дека е подобро да им се даваат донации/дотации на граѓаните со кои би им се помогнало да ги платат овие давачки.

Според Рихард Бандера, регионален менаџер за Југоисточна и Источна Европа и за Централна Азија, втора клучна тема во Австрија се енергетските трошоци. 

Воведовме помош на домаќинствата за покривање на енергетските трошоци. Тоа се неколку стотини евра што не се големи средства, но сепак беше чекор напред во поддршката кон граѓаните. Дадовме поддршка и на претпријатијата кои имаат интензивна потрошувачка на енергија. Тоа се оддолжи малку, но во период од повеќе месеци добија поддршка,рече Бандера.

Вчера став околу замрзнувањето на цените искажа и Сојузот на стопански комори (ССК), според кој, исто така, се работи за непазарна мерка.

Секое замрзнување на цените има позитивни и негативни консеквенции. На 8 септември 1991 година граѓаните на државава гласаа за независност, за слободна економија, за слободен пазар. Слободниот пазар е одлика и придобивка на таа независност и ние генерално преферираме слободен економски пазар, но Владата има свој делокруг на дејствување и, доколку така смета, треба да објасни каква ѝ е идејата, што сака да постигне, дали е тоа од времен карактер, колку време би траело, изјави претседателот на ССК, Трајан Ангелоски. 

Промовирани огласи »

Државниот Завод за ревизија направи ревизија на работењето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.

Како што е објавено во извештајот, ПИОМ има доста сериозни проблеми со работењето, што директно влијае на остварувањето на правото на пензија на идните корисници на пензија, а истите препораки и насоки од ревизија, и минатата година била упатени, но ништо не било решено. 

Според извештајот, ревизорите утврдиле слабости во чувањето и архивирањето на податоците во матичната евиденција. Со тоа, се оневозможува потврдувањето на веродостојноста и целосноста на регистрираните податоци, потребни за остварување на правата од пензиско инвалидското осигурување.

Се работи за регистрираниот недостиг на стручен и обучен кадар за актуарство, како и за постојаниот одлив на вработени од ИТ секторот и внатрешната ревизија. Тоа, пак, „влијае на развојот на актуарски и пензиски предвидувачки капацитети, функционирањето на информацискиот систем и ажурноста на сите воспоставени системи и ефективноста на системот за внатрешни контроли“.

Се укажува и на фактот – зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции во 2021 година, кои се одвојуваат од државниот буџет и учествуваат со 37,5 отсто во вкупните приходи на Фондот.

Дел од осигурениците, се вели во извештајот, не можат да ги остварат сопствените права, поради одредени пропусти. Конкретно, остануваат нераспоредени средства на уплатната сметка од наплата придонес за ПИОМ, кои Фондот не може да ги користи, затоа што изостанале соодветни податоци за вработување и регистрација на обврзниците. А, има и грешки при внесот од страна на други институции. Во тие рамки забележано е и ненавремено доставување информации од надлежните институции за промена на статусот на осигурениците. Тоа, велат ревизорите, „има за последица неоснована исплата на пензии, за кои се евидентираат побарувања од граѓани“, но и низок процент на поврат на вишокот исплатени средства.

Ревизорскиот извештај упатува и на тоа дека извршители неосновано повлекле пари од сметката на ПИОМ. Станува збор за налози за извршување, во кои како должници се јавуваат корисници на пензија. Исто така, се забележува и на континуираното вршење активности од страна на Фондот поврзани со реализација на налозите за извршување.

ПИОМ во соработка со надлежните институции да преземе активности за обезбедување на потребните кадровски капацитети, но и за развој на актуарски и пензиски предвидувачки капацитети преку координирани активности за носење законски решенија. Со кои, велат ревизорите, ќе се придонесе за намалување на паричната маса за исплата на социјалните бенефиции. Потребно е да се средат работите при утврдувањето на придонесот од ПИО и уште повеќе, да се извршува целосна наплата. Се со цел стабилизација на пензискиот систем и намалување на буџетските трансфери.

Промовирани огласи »

Долгорочно решение за недостигот на работна сила во нашава земја е преквалификација на нашите сограѓани кои живеат тука и кои со доквалификации и обуки можат да се стекнат со нови вештини и да одговорат на барањата на компаниите. Ова го посочи вицепремиерот Фатмир Битиќи при денешната посета на компанија за производство на душеци во Гостивар. 

Ние имаме сограѓани кои се невработени, и примарна цел е да се направат способни да се вработат, и токму компании како Алмеро кои се спремни да се вклучат во процесот на дуално образование, во преквалификации и доквалификации на работната сила е клучот за проблемот со кој се соочуваме, а тоа е неодстиг на работна сила на пазарот на труд. Сите други решенија, како увоз на работна сила, не се трајни решенија, туку долгорочно решение е нашите сограѓани кои сакаат тука да живеат и да работат, да се стекнат со вештини, преку квалификации и доквалификации да се вклучат во работните процеси - посочи Битиќи. 

Воедно вицепремиерот посочи дека Владата издвојува финансиска поддршка за компанијата Алмеро, од Законот за финансиска поддршка на инвестиции за циклус од пет години, која започнал во 2021 година и ќе заврши во 2025 година. 

Инвестицискиот циклус кој го планира компанијата достигнува скоро 5,6 милиони евра, а финансисакта поддршка согласно законот достигнува 33 отсто од вредноста и таа се доделува етапно, зависно како се реализираат инвестициите. Минатата година беа исплатени кон компанијата околу 70 илјади евра, за инвестиции направени 2021 година. И таа ќе проидолжи и годинава зависно од направените инвестиции. Инаку компанијата лани започна објект од 13 илјади квадратни метри, нов производствен капацитет и таму ќе бидат вработени нови 300 кандидати и секако ќе ги поддржиме - кажа Битиќи и дополни дека ова е комапнија која како и другите за кои се издвојува финансиска поддршка е во помалку развиентие плански региони во Македонија. Нагласи дека над 70 проценти од поддржаните компании минатата година биле надвор од најразивениот Скопскиот плански регион, и цел потикнување рамномерниот регионален развој.

Фото: Принтскрин/Фејсбук 

Промовирани огласи »

Ви треба работа за да стекнете работно искуство, но потребно ви е работно искуство за да најдете работа. Штотуку ја започнувате вашата кариера или сакате да ја промените позицијата па дури и индустријата во која работите, но се чувствувате ограничено од недостигот на (претходно) работно искуство?

Се што ви е поребно е да ги следите следните чекори:

  • Подгответе беспрекорно CV и мотивационо писмо – без грешки и лаги.
  • Сè се зема предвид - искуството од факултет е корисно, не заборавајте и да ги вклучите конференциите, учеството во клуб на факултет, праксите итн.
  • Посетувајте нови курсеви
  • Бидете прецизни за вашата мотивација

Сепак, многубројните пречки на патот треба да се сфатат како предизвик и да послужат како дополнителна мотивација за постигнување на целта.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »