Промовирани огласи »

Владата денеска на предлог на Министерството за економија ќе носи одлука за замрзнување на цените на одредени хигиенски производи и ќе се определува највисока цена во трговијата на мало за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки, најави министерот за економија Крешник Бектеши пред почетокот на владината седница.

Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените кои ги имале во трговијата на мало на 20 март годинава. Одлуката се носи согласно анализите направени од Секторот за трговија, имајќи ги во предвид увозните цени кои ги добивме од Царинската управа, изјави Бектеши пред Владата. Оваа одлука, додаде тој, стапува на сила по објавување во Службен весник, а ќе се применува до 1 април 2023 година.

Цената на тоалетната хартија се движела од 94,8 до 343,3 денари, а во периодот од 1 до 24 март годинава од 94,8 до 205 денари. На оваа цена кога ќе се пресмета и ДДВ излегува дека се движела од 111,8 до 241,9 денари. Од овие производи повеќето од 85 отсто се увезени во нашата држава. Кај влажните марамчиња цената во просек се движела од 94,6 денари во јануари, 94,5 денари во февруари и 83,2 денари во март. Кај нив има и царинска стапка од 6 отсто и не е вклучено ДДВ-то во цената. Кај пелените за деца и возрасни цената се движела од 36 денари по парче до 1.600 денари по кутија. Во цената не е вградено ДДВ-то. Кај хигиенски влошки цената се движела од 27,9 денари до 63,56 денари по парче, во што не е вклучена царината од 6 отсто, рече Бектеши.

Министерот порача дека одлуката за цената за хигиенските влошки се носи пред се бидејќи Законот за намалување на ДДВ на овие производи се уште не е усвоен во Собранието.

За жал во собраниска процедура од декември минатата година имаме законско решение за системски и долгорочно да се решат овие производи во делот на намалувањето на ДДВ-то од 18 на 5 отсто. Сепак и до денеска не е свикана Комисијата за финансирање и буџет за да се усвои тоа законско решение, рече Бектеши.

Тој го повика претседателот на Комисијата за финансирање и буџет што поскоро да ја свика седницата и додаде дека Владата е подготвена да се откаже од ДДВ-то за хигиенските производи.

Законот за ДДВ има посебна одредба со која во време на криза Владата има можност дополнително да го намали ДДВ-то за 5 отсто во комуникација со стопанските комори и со Организацијата на потрошувачите. Ние сме за да се усвои законското решение и системски да се реши проблематиката во делот на намалувањето на ДДВ-то. Подготвени сме и за намалување на царинските давачки особено за основните прехранбени производи и хигиенските производи кои секојдневно се користат од нашите граѓани, рече Бектеши.

Во одговор на новинарско прашање тој посочи дека Владата ќе носи одлуки за замрзнување на цените се додека има потреба.

Овие одлуки важат до 31 мај, но може и да се продолжат, сепак најдобро решение е да се усвои предлогот во делот на Законот за ДДВ од страна на Собранието. Така ќе имаме и системско и долгорочно решение во делот на основните прехранбени производи и хигиенските производи, потенцира Бектеши.

Промовирани огласи »

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните медиуми го најави зголемувањето на платите на вработените во МВР во бруто износ од 3.086 денари.

Во стилот на старата мудрост 'тивка вода брег рони', во соработка со Македонскиот полициски синдикат, успеавме во заложбата за вработените во МВР да обезбедиме зголемување на платите со цел усогласување со растот на минималната плата, а наспроти сите шпекулации во дневнополитички цели со кои се обидоа да ја деградираат и демотивираат македонската полиција, но и да ја потценат доследноста во исполнувањето на ветеното од страна на нејзиното раководство. Со денешната одлука на 140 седница на Владата, зелено светло доби предлогот на МВР за линеарно зголемување на постојните плати во висина од 3.086 денари по работник во бруто износ, почнувајќи со платата за месец март 2023, која ќе се исплати во април, напиша министерот. 

Тој потсети дека ова е четврто по ред зголемување на платите на вработените на МВР, имајќи го предвид  минатогодишното зголемување од 5% за сите вработени, а претходно преку Буџетот на МВР во 2018 и 2019 беа издејствувано зголемувања на платите за сите вработени. Покрај ова, со зголемување на платите од 30 отсто беа опфатени 100 лица од Одделот за информатика и телекомуникации и тоа сметано од 01.01.2020 година, со цел мотивација на овие дефицитарни кадри да придонесат во функционирањето на МВР на позициите за кои се ангажирани.

Истовремено, благодарение на домаќинското работење и остварените заштеди во Буџетот, досега доброволно исплативме бонус плати за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2017, 2018, 2019, 2020, 2021 година, а во тек е прибирањето на податоци за вработени коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2022 година, која ќе изнесува 31.859 денари во поединечен износ, што претставува зголемување од речиси 40% на износот на бонус платата во 2017 година која изнесуваше 22.928 денари. Подобрувањето на статусот на вработените во МВР е императив за ова раководство на МВР. Продолжуваме да го развиваме концептот 'Задоволна полиција – безбедни граѓани', кој придонесе за одлични резултати во гарантирање на безбедноста и борбата против сите видови криминал, истакна министерот Спасовски на социјалните мрежи.

Промовирани огласи »

Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата.

Моментално вработува:

ЕВН - ИДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РЕЛЕЈНА ЗАШТИТА И ПОГОНСКИ МЕРЕЊА
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ТРАФО МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ
ОТЧИТУВАЧ НА БРОИЛА – ШТИП
ОТЧИТУВАЧ НА БРОИЛА – СТРУМИЦА

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека в петок или недела ќе се знае кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени.

Како што изјави Бектеши, влезните параметри за овошјето и зеленчукот од Министерството за земјоделство се веќе во Министерството за економија и се очекуваат уште податоците од Царинската управа.

Во текот на денешниот ден, најверојатно до утре, ќе ги имаме сите податоци и во петок или во недела ќе ја информираме јавноста на кои овошја и зеленчуци ќе се замрзнат цените, истакна Бектеши откако соопшти дека се замрзнуваат цените на хигиенските производи. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »