Промовирани огласи »

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска најави дека е можно да се врати евтината дневна тарифа за струја за домаќинствата, која актуелната власт прво ја врати, за подоцна повторно да ја укине.

Тој вели дека Владата и регулаторите работат на ова, а евтината струја преку ден најверојатно повторно ќе се воведе од јули.

Заедно со Регулаторната комисија за енергетика работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од први јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори, каде пиковите главно се преку ден, рече Бектеши.

Промовирани огласи »

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција и индустриски директори повикаа на шестмесечна пауза во напредниот развој на вештачката интелигенција додека не се постигнат заедничките безбедносни протоколи за таквиот напредок.

Од крајот на ноември, имаше голем напредок во вештачката интелигенција, поттикната од четботот ChatGPT-4, развиен од стартапот OpenAI, чие истражување е финансирано од милијардери како Маск.

Во писмото, објавено од непрофитниот институт Future of Life и потпишано од повеќе од 1.000 поединци, меѓу кои Маск, извршниот директор на Stability AI Емад Мостак, истражувачите од Deep Mind во сопственост на Alphabet и водечките научници за вештачка интелигенција Џошуа Бенџо и Стјуарт Расел, се повикува на прекин во напредниот развој на вештачката интелигенција, додека независни експерти не развијат, имплементираат и ревидираат заеднички безбедносни протоколи за такви откритија.

Моќните системи за вештачка интелигенција треба да се развиваат само кога ќе бидеме убедени дека нивните ефекти ќе бидат позитивни и дека нивните ризици можат да се менаџираат, се наведува во писмото.

Писмото доаѓа откако Европол, по истрагата за тоа како криминалците можат да ги злоупотребуваат големите јазични модели (LLM), како што е Chat GPT, во понеделникот предупреди за потенцијална злоупотреба на системот преку три области на криминални активности кои предизвикуваат најголема загриженост, „фишинг“, ширење дезинформации и сајбер криминал.

Маск, чија компанија Тесла користи вештачка интелигенција за системот за автопилот во возилата, претходно ја изрази својата загриженост за развојот на вештачката интелигенција.

Милијардерот беше еден од ко-основачите и раните инвеститори на Open AI, кој стои зад овој четбот, а според неговите тврдења, тој повеќе нема удел во компанијата и не е вклучен во нејзиното работење.

Во својата претходна објава на Твитер, Маск ја цитираше изјавата на GPT дека Chat е совршена вештачка интелигенција и не прави грешки и дека ако има грешки, тоа се должи на надворешни фактори, како што се проблеми со серверот, кориснички влезови, резултати на веб или мрежни неуспеси.

Сем Алтман, извршен директор на Open AI, компанијата што го создаде Chat GPT, не го потпишал писмото, според Ројтерс.

(Извор: Ројтерс, Танјуг)

Промовирани огласи »

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави предлог до Советот за доделување субвенции до 200.000 денари на граѓаните и такси превозниците кои ќе набават нови еко-возила на хибриден или електричен погон.

Градот Скопје се трудиме да биде модерен град во кој хуманото живеење и животната средина треба да бидат секојдневие. Советниците треба да гласаат за одлука за набавка на нови еко-возила на хибриден или електричен погон за граѓани и такси превозници.

Ова е пилот проект кој за првпат се имплементира во Македонија и со кој градот Скопје ќе субвенционира до 200.000 денари по возило. Ова ќе придонесе да се намали аерозагадувањето и ќе го поттикне јавниот такси превоз, кажа Арсовска.

Промовирани огласи »

Honda повлекува повеќе од 330.000 возила бидејќи грејните подлоги зад двата странични ретровизори можеби не се правилно прицврстени, што може да предизвика паѓање на стаклото на ретровизорот и зголемување на ризикот од судар.

Моделите на Honda вклучени во повлекувањето се моделите Odyssey и Passport произведени помеѓу 2020 и 2022 година и моделите Pilot и Ridgeline произведени во 2020 и 2021 година, објави АП.

Како што јави Танјуг, Националната управа за безбедност на сообраќајот на автопатите соопшти дека возилата не ги исполнуваат потребните услови кога станува збор за видливоста зад возилото.

HONDA RECALL: Honda is recalling more than 330,000 vehicles because the side-view mirrors could fall out and increase the risk of a crash. Impacted vehicles include recent model years of the Honda Odyssey minivan, Passport and Pilot SUVs. pic.twitter.com/z3aRyJbbkY

— CBS Evening News (@CBSEveningNews) March 28, 2023

Дилерите на Honda бесплатно ќе ги заменат страничните ретровизори на оштетените возила, а писмата за известување до сопствениците се очекува да бидат испратени на 8 мај.

Фото: Принтскрин/Твитер

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »