Промовирани огласи »

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,111 денари и ќе изнесува 38,739 денари за килограм, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Промовирани огласи »

На 30.03.2023 (четврток) во Skopje Marriott Hotel, KARIERA.mk организираше работилница на тема BUILDING A STRONG BRAND, предводена од директорката на Marketing Activations во Адидас Амстердам, Kremena Yordanova.

Работилницата се состоеше од две сесии низ кои се разговараше за брендингот и се работеа практични примери кои им овозможија на нашите посетители да бидат чекор поблиску до усовршување на сопствениот брендинг. 

Компании кои испратија свои тимови на работилницата беа: Bestway Solutions, Unija Smart Accounting,24HR, ITLogistics, Цементарница Усје, Nobel, Karl Group, Sparkasse Bank, Piksel, Transcom Macedonia, Пивара Скопје, Hib Petrol, Брегли, Дирекција за заштита и спасување, Пакомак, HalkBank, SportM, FlexCredit, Parkland Hospitality group, Neptun, UniBank, East Gate Mall, Viron, Gemak, Your Language Nomad, Jungle Tribe, AUE FON. 

Погледнете дел од атмосферата и се гледаме на следната работилница!

Промовирани огласи »

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска најави дека е можно да се врати евтината дневна тарифа за струја за домаќинствата, која актуелната власт прво ја врати, за подоцна повторно да ја укине.

Тој вели дека Владата и регулаторите работат на ова, а евтината струја преку ден најверојатно повторно ќе се воведе од јули.

Заедно со Регулаторната комисија за енергетика работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од први јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори, каде пиковите главно се преку ден, рече Бектеши.

Промовирани огласи »

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција и индустриски директори повикаа на шестмесечна пауза во напредниот развој на вештачката интелигенција додека не се постигнат заедничките безбедносни протоколи за таквиот напредок.

Од крајот на ноември, имаше голем напредок во вештачката интелигенција, поттикната од четботот ChatGPT-4, развиен од стартапот OpenAI, чие истражување е финансирано од милијардери како Маск.

Во писмото, објавено од непрофитниот институт Future of Life и потпишано од повеќе од 1.000 поединци, меѓу кои Маск, извршниот директор на Stability AI Емад Мостак, истражувачите од Deep Mind во сопственост на Alphabet и водечките научници за вештачка интелигенција Џошуа Бенџо и Стјуарт Расел, се повикува на прекин во напредниот развој на вештачката интелигенција, додека независни експерти не развијат, имплементираат и ревидираат заеднички безбедносни протоколи за такви откритија.

Моќните системи за вештачка интелигенција треба да се развиваат само кога ќе бидеме убедени дека нивните ефекти ќе бидат позитивни и дека нивните ризици можат да се менаџираат, се наведува во писмото.

Писмото доаѓа откако Европол, по истрагата за тоа како криминалците можат да ги злоупотребуваат големите јазични модели (LLM), како што е Chat GPT, во понеделникот предупреди за потенцијална злоупотреба на системот преку три области на криминални активности кои предизвикуваат најголема загриженост, „фишинг“, ширење дезинформации и сајбер криминал.

Маск, чија компанија Тесла користи вештачка интелигенција за системот за автопилот во возилата, претходно ја изрази својата загриженост за развојот на вештачката интелигенција.

Милијардерот беше еден од ко-основачите и раните инвеститори на Open AI, кој стои зад овој четбот, а според неговите тврдења, тој повеќе нема удел во компанијата и не е вклучен во нејзиното работење.

Во својата претходна објава на Твитер, Маск ја цитираше изјавата на GPT дека Chat е совршена вештачка интелигенција и не прави грешки и дека ако има грешки, тоа се должи на надворешни фактори, како што се проблеми со серверот, кориснички влезови, резултати на веб или мрежни неуспеси.

Сем Алтман, извршен директор на Open AI, компанијата што го создаде Chat GPT, не го потпишал писмото, според Ројтерс.

(Извор: Ројтерс, Танјуг)

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »