Промовирани огласи »

ЈСП Скопје информира дека од утре, сабота (01.04.2023), Жичарницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.

Согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу, информираат од ЈСП Скопје.

Секој понеделник и секој последен вторник во месецот за Жичарницата се неработни денови.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

ИТД Дистрибуција се занимава со дистрибуција на IT производи (сервери, софтвер, компјутери, лаптопи, компоненти, IT додатоци...), дистрибуција на хартија и графички производи (хартија, картон, канцелариски материјали, тонери и кертриџи). Покрај тоа што е овластен дистрибутер и сервисер на DELL, нуди многу други производи од други светски брендови и компании.

Моменталновработува:

LEGAL ADVISOR – LAWYER
OFFICE SALES MANAGER

Breadway претставува нешто ново за секого! Кафе! Смути! Пекара! Се на едно место! Моментално го проширува својот тим. Придружете се!

Моментално вработува:

ПЕКАР/КА

Американската гимназија Скопје нуди висококвалитетно образование и негувачка растечка средина заснована на концепт на учење насочен кон ученикот. Тоа е средно училиште кое е посветено на подготовка на младите луѓе за работа и живот во современото глобално општество.

Моментално вработува:

MATH TEACHER AND PSYCHOLOGIST/PEDAGOGUE

Брендот Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КИ ВО СКОПЈЕ

Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите постојани вложувања во производната технологија, започнување и спроведување на разновидни проекти во сферата на заштитата на животната средина, развој на заедницата и останати проекти во областа на Корпоративната Општествена Одговорност се главните придобивки од нашата филозофија на одржлив развој.

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАРИ ВО ЕЛЕКТРО ОДРЖУВАЊЕ
ОПЕРАТОРИ ВО ПОГОН ЗА ПРОИЗВОДСТВО
ИНЖЕНЕР ВО СМЕНА ВО ПОГОН ЗА ПРОИЗВОДСТВО

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО КУМАНОВО
ПРАКТИКАНТ ВО ПРАВНА СЛУЖБА

Telelink Infra Services е дел од Telelink Group. Компанјата се фокусира на дизајн и изградба на мрежна инфраструктура, целосен опсег на интегрирани безбедносни решенија и системи за заштита на критичната инфраструктура заедно со развивање и имплементирање на паметни технологии за иднината.

Моменално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТЕНДЕРИ
ИНЖЕНЕР НА ГРАДИЛИШТЕ
ЕЛЕКТРИЧАР

Aлма-М се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Компанијата е дистрибутер на најголемата светска компанија за храна Nestle на територијата на Македонија.

Моментално вработува:

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА – КУМАНОВО

Цермат како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед.

Моментално вработува:

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ - БИТОЛА

Доколку се уште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Отворени врати на Webhelp во Тетово!

12 и 13 Април во Хотел Меркур

Пред 18 месеци Webhelp Македонија стана дел од глобалната Webhelp заедница, која брои преку 200 локации во 60 земји низ светот и има преку 120.000 вработени.  

За само 18 месеци, Webhelp не само што успешно се позиционираше на македонскиот пазар, туку го изгради и еден од најголемите центри за корисничка поддршка на германски јазик во нашата земја. На нашата листа на клиенти се наоѓаат добро познати компании, но од оваа година се збогати со уште еден клиент, а тое е најголемата компанија за телекомуникации во светот. За таа цел продолжуваме да растеме понатаму!

Успехот на Webhelp во нашиот регион се должи на тесната соработка, тренинзи и  логистика која ја добиваме од интернационални експерти со долгогодишно искуство во корисничка поддршка. Со тоа, не само што овозможуваме професионални и високо квалитетни услуги кон своите клиенти, исто така нудиме и одлични кариерни можности за своите вработени.

Што значи Work German, live in Tetovo?

Под ова мото Webhelp Македонија отвара повеќе можности за соработка за сите кои зборуваат германски јазик. Ова подразбира секојдневна соработка и дружење со германските колеги и германските корисници, но со можности за работа од својот роден град, и од комфорот на својот дом.  

Кои се кариерните можности кои ги нуди Webhelp?

Webhelp нуди различни кариерни можности, во зависност од претходното искуство на кандидатите. Вратите на Webhelp се отворени и за младите кандидати кои се во потрага по своето прво работно искуство, но  исто така имаме можности за сите оние кои се решени да направат кариерни промени и да прифатат поголеми предизвици.

Кои се условите да станеш и ти дел од тимот на Webhelp?

Webhelp Македонија е фокусиран на германскиот пазар и затоа основен предуслов да се стане дел од нашата успешна приказна е  активна примена и зборување на германски јазик.

Каде, кога и што може да се очекува од овој настан?

Настанот ќе се одвива во хотел Меркур во Тетово на 12-13 Април од 10-18 часот.

Ќе имате прилика да се запознаете и дружите со тимот на Webhelp,  да ги дознаете сите информации за можностите и условите за работа.

Какви бенефиции можат да очекуваат новите вработени?

Webhelp нуди одлични можности и бенефиции:

  • Највисоки плати на пазарот
  • Месечни бонуси за остварени таргети
  • Дополнителен бонус за остварена продажба секој месец
  • Бонуси за препорака на нови колеги
  • Регрес за годишен одмор
  • Договор на неопределно време
  • Платени тренинзи
  • Приватно здравствено осигурување
  • Месечни членарини за фитнес
  • Компаниски настани

Биди гласот на Webhelp! Tе очекуваме!

https://webhelp.mk/

Промовирани огласи »

Слабите перформанси кај вработените се присутни во секоја организација и им е предизвик на менаџерите да се справат со такви ситуации. Справувањето со проблеми со перформансите е вистински предизвик за секој менаџер.

Во продолжение клучните недостатоци кој новите вработени веднаш ги забележуваат:

  • Нема назначен ментор
  • Менторот не е обучен и нема вештини да пренесува
  • Не постои опис на работното место и менторска програма
  • Нема фидбек за напредокот
  • Нема кариерен план

Искусните менаџери честопати велат дека тоа е еден од најтешките делови на нивните работни места. Како и да е, тоа е клучна раководна одговорност, а неуспехот да се одговори на слабите перформанси може да има поголемо влијание. Секој менаџер, во одреден момент од својата кариера ќе мора да научи да се справува со вработен со слаб перформанс доколку тимот нема добро организирана менторска структура и култура во самта компанија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »