Промовирани огласи »

Слабите перформанси кај вработените се присутни во секоја организација и им е предизвик на менаџерите да се справат со такви ситуации. Справувањето со проблеми со перформансите е вистински предизвик за секој менаџер.

Во продолжение клучните недостатоци кој новите вработени веднаш ги забележуваат:

  • Нема назначен ментор
  • Менторот не е обучен и нема вештини да пренесува
  • Не постои опис на работното место и менторска програма
  • Нема фидбек за напредокот
  • Нема кариерен план

Искусните менаџери честопати велат дека тоа е еден од најтешките делови на нивните работни места. Како и да е, тоа е клучна раководна одговорност, а неуспехот да се одговори на слабите перформанси може да има поголемо влијание. Секој менаџер, во одреден момент од својата кариера ќе мора да научи да се справува со вработен со слаб перформанс доколку тимот нема добро организирана менторска структура и култура во самта компанија.

Промовирани огласи »

 Просечните каматни стапки на вкупните кредити и вкупните депозити во февруари бележат раст. 

Податоците на Народната банка покажуваат дека месечното зголемување на просечната каматна стапка на вкупните кредити во февруари изнесува 5 проценти, а на депозитите еден процент.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,63 проценти и е повисока за 0,03 процентни поени споредено со јануари. Кај каматната стапка на новоодобрените кредити има месечно зголемување од 0,03 ппроцентни поени и таа изнесува 5,22 проценти.

Kаматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е непроменета во однос на јануари и изнесува 5,34 проценти. На годишно ниво, оваа каматна стапка е повисока за 0,20 процентни поени. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 5,18 проценти и бележи месечно зголемување од 0,37 процентни поени.

Промовирани огласи »

Во Германија веќе има недостиг од околу два милиони специјалисти. Затоа владата го претстави предлог-законот за имиграција на квалификувана работна сила, кој треба да го олесни нивното доаѓање, пишува Дојче веле.

На Германија и недостасува квалификувана работна сила во областа на грижата, во информатичката технологија, но и недостигаат добри занаетчии и логистичари. Според германската агенција за вработување, секоја година во оваа земја треба постојано да доаѓаат 400.000 специјалисти за да се стабилизира пазарот на трудот. А во 2021 година дојдоа само 40.000 од нив. Кога ќе се пензионира генерацијата родени во шеесеттите, проблемот ќе биде уште полош.

Германската влада си постави задача да создаде „најсовремен имиграциски систем во Европа“, како што изјави минатиот ноември министерот за труд Хубертус Хајл. „Многу земји се наша конкуренција за паметни глави и вредни раце. Германскиот просперитет се обезбедува со добивање на соодветна работна сила“, додаде тој.

Владата сега го прифати нацртот на новиот закон за трудова имиграција. Тоа всушност припаѓа на реформите кои пред три години ги иницираше претходната коалициска влада на демохристијаните и социјалдемократите. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер е задоволна: „Денес е добар ден за економската локација на Германија и за создавање модерна и разновидна земја“. И таа постојано ја нагласуваше отвореноста кон светот и културата на добредојде во Германија, така што експертите и нивните семејства се чувствуваат добро во Германија.

Што се менува?

Пред се, се работи за професионална работна сила за земји кои не се членки на ЕУ - и онака нема никакви пречки за граѓаните на Унијата. Постапката треба да се олесни во сите три критериуми: во признавањето на квалификациите и дипломите, при доаѓањето на професионална работна сила со работно искуство, но и за оние кои се уште немаат договор за вработување со компанија во Германија. Ќе се издаваат повеќе таканаречени „сини картони“ на Европската унија - дозволи за работа и престој во траење од 10 години.

Но, границата на очекуваниот годишен бруто приход е намален од 58.400 евра на 45.552. За лица со завршено високо образование може да дојдат и без познавање на јазикот и вообичаената проверка дали има некој од Германија или ЕУ за огласената позиција. Згора на тоа, информатичарите ќе добијат „сина карта“ уште пред да дипломираат на факултет доколку веќе имаат работно искуство во својата област.

Двојно повеќе експерти од Западен Балкан

Покрај тоа, според новиот закон, на имигрантите ќе им биде можно да ја сменат својата професија: на пример, автомеханичар ќе може да премине на логистика.

Во шесте земји од Западен Балкан контингентот е двојно зголемен за од оваа година секоја година да доаѓаат по 50.000 од нив.

Со признавањето на дипломите и квалификациите - кое вообичаено траеше многу долго по поднесувањето на апликацијата, всушност целосно ќе се укине за лицата кои имаат најмалку две години работно искуство и доколку нивната квалификација е признаена во земјата на потекло. Оваа промена ќе значи помала бирократија и пократка процедура“, рече министерот Фезер. Сепак, ова важи само за професионалната работна сила која има приход над одредена граница. Но и оние кои се под таа граница ќе можат да почнат да работат во Германија додека се проверуваат нивните квалификации.

Можете да дојдете и само да барате работа

Според предлог-законот се воведува таканаречената „шанса карта“ во која се собираат одредени бодови. Со него луѓе со завршено високо образование можат да дојдат во Германија една година да бараат работа: критериум е познавање на германски јазик, но може да биде и англискиот јазик, возраста, работното искуство, поврзаноста со Германија, а ќе биде полесно за оние кои доаѓаат со партнер за кој има изгледи за работа во оваа земја. Всушност, во тој период ќе им биде дозволено да работат со скратено работно време - до 20 часа неделно и целосно надвор од својата професија за да можат да го платат престојот во оваа земја додека бараат вистинска работа. Дозволена е и пробна работа.

„Ќе ја направиме Германија поатрактивна за паметните умови од целиот свет. Активно ќе ја претставуваме Германија како земја на имиграција насекаде“, рече министерот Фезер.

Правото е едно, но практиката...

За овој предлог-закон допрва ќе се расправа во Бундестагот, но германската опозиција сè уште има забелешки: Сузане Фершл од партијата Левица особено приговара дека „треба да се запре, а не да се прошири“ работната имиграција во проблематични и експлоататорски работни односи. Херман Грое од Демохристијаните смета дека „нема ништо навистина ефективно“ во сето ова за да се привлече повеќе добро образована работна сила, а особено укажува на проблемот со персоналот во германските дипломатски мисии кои треба да одлучуваат за визите.

„Ако илјадници луѓе чекаат месеци за виза или признавање на нивните квалификации, конечно ни треба доволно персонал, а не некои нови правила за бодовите.

Истото предупредува и Герд Ландсберг од Здружението на германските градови и општини: ако некој мора да чека со месеци дури и за термин во конзулатот, тогаш на крајот ќе замине на друго место. Во весникот Rheinischen Post тој се залага за брзо и дигитално објавување

надвор од визата. И претседателот на Здружението на занаетчии на Германија предупредува дека и најдобриот закон не прави ништо без добра примена. Затоа, целата процедура за пристигнување треба да биде „радикално поедноставена“.

А Ванеса Ахуја од германската канцеларија за вработување се жали дека целата процедура не е дигитализирана: во кореспонденција со дипломатските претставништва „сè уште добиваме факсови и писма во речиси половина од случаите“. Затоа Институтот се залага за „100% дигитален пат“, а токму на тоа се противат странските експерти кога ќе го започнат процесот на доаѓање во Германија.

Промовирани огласи »

Вработените во здравството, на протест пред МЗ побараа исполнување на ветувањето дадено пред неколку месеци, за покачување на платите на здравствените работници.

На протестот претседателот на независниот синдикат за Здравство, Фармација и Социјална заштита, Љубиша Каранфиловски соопшти дека утрово синдикатот се сретнал со претставници од МЗ и се договориле за потпишување на анексот на колективниот договор. Со ова, медицинските сестри ќе добијат покачување од 3 илјади денари бруто и 2 илјади за другиот персонал, јавната администрација, помошниците на техничкиот персонал и лекарите. Покачувањето ќе важи од март а официјално се очекува да се усвои од Министерството за финансии и министерот Фатир Бесими.

Според потпретседателот на синдикатот на Клиничкиот центар, Предраг Серафимовски, ова покачување е задоцнето.

Синдикатите најавија дека нема да застанат тука, велат дека ќе бараат да се покачи и коефициентот на платата. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »