На 30.03.2023 (четврток) во Skopje Marriott Hotel, KARIERA.mk организираше работилница на тема BUILDING A STRONG BRAND, предводена од директорката на Marketing Activations во Адидас Амстердам, Kremena Yordanova.
Работилницата се состоеше од две сесии низ кои се разговараше за брендингот и се работеа практични примери кои им овозможија на нашите посетители да бидат чекор поблиску до усовршување на сопствениот брендинг.
Компании кои испратија свои тимови на работилницата беа: Bestway Solutions, Unija Smart Accounting,24HR, ITLogistics, Цементарница Усје, Nobel, Karl Group, Sparkasse Bank, Piksel, Transcom Macedonia, Пивара Скопје, Hib Petrol, Брегли, Дирекција за заштита и спасување, Пакомак, HalkBank, SportM, FlexCredit, Parkland Hospitality group, Neptun, UniBank, East Gate Mall, Viron, Gemak, Your Language Nomad, Jungle Tribe, AUE FON.
Погледнете дел од атмосферата и се гледаме на следната работилница!