Промовирани огласи »

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, денеска остварија трилатерална средба во Бардолино, Италија, како дел од програмата на работната посета на меѓународниот саем за вино „Винитали“, каде лидерите ќе учествуваат на презентациите на вината од трите земји на заедничкиот штанд на Отворен Балкан.

Како што информираа од Владата, на средбата се разговарало за имплементација на активностите во рамките на регионалната иницијатива Отворен Балкан, како и заедничкото учество на меѓународниот саем за вино „Винитали“, кој годинава се одржува по 55-ти пат.

Беше истакнато дека со заедничкото претставување на саемот „Винитали, еден од винските саеми со највисок квалитет на глобално ниво, го носиме и промовираме винскиот и туристичкиот квалитет на трите земји поблиску до светската публика и потенцијалните инвеститори.

Констатирано е дека на заедничкиот Отворен Балкан штанд, македонските, српските и албанските винарии и вина стојат рамо до рамо со светските врвни производители. На заедничкиот настап на трите земји на саемот за вино „Винитали“ се гледа како огромна можност за промоција, вмрежување, привлекување на странски инвеститори и отварање нови пазари“, соопштија од Владата.

На средбата било потенцирано дека од летово можноста за слободен пристап до пазарот на труд за граѓаните од трите земји станува реалност.

Правото на пристап до пазарите на труд во трите држави ќе се стекнува многу побрзо и поедноставно, со електронско издавање на Отворен Балкан идентификациски број и издаден единствен матичен број за странец од Министерство за внатрешни работи, по извршените соодветни проверки, посочија од Илинденска.

После средбата, Вучиќ рече дека разговарале за тоа како да им се помогне на обичните луѓе и како да се отстранат сите пречки за да се овозможи слободна трговија и слободен проток на стоки. Тој истакна дека е постигнат договор за завршување на процесот на осигурување на работните дозволи, што ќе биде основа на економската соработка на трите држави.

Имавме плодни дискусии за прашања поврзани со прашањето за Отворениот Балкан. Разговаравме како можеме да ги отстраниме сите пречки, да овозможиме слободна трговија и проток на стоки, услуги и капитал. Разговаравме и за многу други прашања поврзани со безбедноста на храната и како да се обезбеди пристап до други земји.

Разговаравме и за електронските картички за сите луѓе за да можат да се усогласат. Таа ситница означува многу голем напредок. Разговаравме и за приемот на нови идентификациони картици и сите тројца се согласивме дека ќе можеме да направиме одреден напредок по тоа прашање во наредните месеци. Се договоривме за завршување на процесот за обезбедување работни дозволи и тоа ќе биде, се осмелувам да кажам, основата на економската соработка меѓу нас – рече Вучиќ.

Промовирани огласи »


Даночниот советник Павле Гацов објави дека во првите два месеци од 2023 има голем пад на наплатата на ДДВ, што алудира на гопемо намалување на потрошувачката кај граѓаните, и покрај тоа што периодот е засегнат со рекордна инфлација.
„ДДВ-то во „илегала“ за првите два месеци од 2023 година! Високиот раст не цените за првите два месеци од 2023 година не испорача висок раст на приходите од ДДВ во Буџетот на Македонија !!?? Напротив. Нето приходот од ДДВ за првите два месеци од 2023 година има пад од 6,3% споредено со истиот период претходната година. (Бруто приходот од ДДВ во 2023 година има скромен раст од 1%.)“, напиша Гацов на социјалните мрежи.
Експертот тврди дека реалниот пад на ДДВ е уште поголем ако се земе заедно со инфлацијата, а интересно е тоа што наплатата на другите даноци се зголемила.„За илустрација, цените (инфлацијата) во истиот период имаат раст од 16,9%. Од овие две бројки (6,3 + 16,9) се добива реалниот пад на нето приходот од ДДВ за повеќе од 23% !!???? Даноците на доход (данок на личен доход и данок на добивка) имаат добра наплата за правите два месеци. 

Наплатата на овие два даноци ќе продолжи добро и во наредниот период (зголемена минимална плата, зголемена просечна плата, исплата на дивиденди, ....). За данокот на добивка на ред се најиздашните месеци - март и април. Добар раст имаат и социјалните придонеси (18%), исто така темелен на растот на платите, од април натаму нивниот раст ќе биде уште подобар заради растот на платите“, анализира Гацов.

Промовирани огласи »

Рускиот произведувач на автомобили „Москвич“ ги потврдил плановите за производство на два нови модели за 2023-та година – кросовер и лимузина.

Оваа година ќе се појават нови модели на автомобилот „Москвич“. Станува збор за седан и кросовер и наскоро ќе ѝ ги претставиме на јавноста, се наведува во соопштението.

Цената на првиот ќе се движи од 26.000 доари, додека вториот модел ќе чини 45.000 долари.

Промовирани огласи »

Од вчера (1 Април) поскапува паркингот во Охрид од 60 на 100 денари по час, а паркингот со СМС порака ќе поскапи за 10 денари. Поради недостигот од паркинг места, ЈП “Билјанини извори“ воведе измена, делејќи ги периодите на 6 месеци, летно паркирање и зимско паркирање.

Во Охрид има 600 паркинг места за автомобили, а во текот на летото се отвораат дополнителни 300 поради туристичката сезона, но и тоа не е доволно.  Катна гаража би помогнала за решавање на проблемот вели директорот на ЈП, Теодор Андоноски.

Во Охрид нема бесплатен паркинг освен за време на верски празници, поради тоа што Охрид е туристичко место. Во Охрид има и хуманитарни паркинзи, чии средства се наменети за деца и семејства во социјален ризик.

Извор tv21.tv

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »