Промовирани огласи »

Дали знаете дека автомобил кој е 10 или повеќе години стар, има повеќе од двапати поголеми шанси да заврши паркиран од страна на патот и повеќе од четири пати поголеми шанси да има потреба од влечење? Ова се податоци до кои дошла Американската Автомобилска Асоцијација по направена студија за издржливоста на постарите возила.  

Но, и поновите автомобили не се имуни на проблеми како што се дупнати гуми, испразнети акумулатори, снемување бензин и останати непредвидливи дефекти .

Затоа, асистенцијата на пат може да биде мудра одлука при осигурување на Вашето возило, без разлика дали се работи за постар или нов автомобил .

Новиот продукт „Помош на пат-SOS“, кој „УНИКА АД Скопје“ неодамна го промовираше на пазарот, нуди неколку начини на асистенција на пат која може многу да Ви помогне кога сте во неволја: 

  • Поправка на лице место (замена на гума, проблем со акумулатор, недостаток на гориво и сл.)  
  • Транспорт на возилото (Во случај да не може да се изврши Поправка на лице место на возилото, тоа се транспортира до најблискиот сервис, односно до 100 км.)  
  • Oбезбедување на заменско возило (Доколку е невозможно да се поправи возилото во рок од 24 часа и ако несреќата е настаната на дистанца повеќе од 50 км од живеалиштето на осигуреникот/возачот)  
  • Паркирање на возилото (Доколку најблискиот сервис е затворен во моментот кога е извршен транспорт на возилото, возилото се остава на заштитен паркинг до моментот на отварање на сервисот, но не повеќе од 2 дена)  
  • Хотелско сместување (Доколку е невозможно да се поправи возилото во рок од 24 часа, а престојувалиштето на осигуреникот/возачот е над 150 километри и не е возможно да се изврши транспорт на возилото)  
  • Продолжување на пат (Продолжување на патувањето на корисниците до местото на престојување, со користење на превоз преку воз или авионска економска класа) 
  • Tрошоци за такси возило (Продолжување на патувањето на корисниците до местото на престојување со користење на такси возило) 

Продуктот е резултат на соработка со „Europ Assistance“, која е водечка светска компанија за услуги од овој тип. Таа нуди мрежа на професионалци ширум светот со повеќејазична поддршка. Преку полисата „Помош на пат-SOS“ добивате достапност на нивната информативна служба 24/7 во земјите кои ќе ги одберете како покритие, на регионално ниво(Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Грција, Бугарија) или на европско ниво (освен Азискиот дел на Tурција, Русија, Белорусија и Кримскиот полуостров) 

За повеќе информации може да го посетите нашиот веб сајтот www.uniqa.mk, или да се обратите  во некоја од нашите 45 експозитури .

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница https:ujp–gov.mk/potvrda.

ГРАЃАНИ, НИКАКО НЕ ОТВАРАЈТЕ  ЈА ОВАА ЛАЖНА ВЕБ СТРАНИЦА,  БИДЕЈЌИ ОД ВАС БАРА ДА  ПОПОЛНИТЕ ПОЛИЊА  СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ,  ПОДАТОЦИ ОД  ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ДА  ПРИКАЧИТЕ СЛИКА ОД  ВАШАТА ЛИЧНА КАРТА. Споделувањето на Вашите лични податоци преку оваа лажна веб страница, може да предизвика нивна злоупотреба, предупредуваат од УЈП.

Како што додаваат од таму, веб страница е лажна, не e во сопственост на Управата за јавни приходи. Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат  лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба, велат надлежните.

 Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба. 

Во прилог како изгледа лажната веб страницата која не треба да се отвара:

Промовирани огласи »

Реализирана исплата на мартовската плата со покачувањето во висина од 3.086 денари по работник во бруто износ. Успеавме во нашата заложба за вработените во МВР да обезбедиме зголемување на платите со цел усогласување со растот на минималната плата, а наспроти сите шпекулации во дневнополитички цели со кои се обидоа да ја деградираат и демотивираат македонската полиција, но и да ја потценат доследноста во исполнувањето на ветеното од страна на нејзиното раководство, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

Тој наведува дека ова е четврто по ред зголемување на платите на вработените на МВР, имајќи го предвид минатогодишното зголемување од 5 проценти за сите вработени, а претходно преку Буџетот на МВР во 2018 и 2019 година издејствувано е зголемувања на платите за сите вработени.

Покрај ова, потсетува Спасовски, со зголемување на платите од 30 отсто беа опфатени 100 лица од Одделот за информатика и телекомуникации и тоа сметано од 01.01.2020 година, со цел мотивација на овие дефицитарни кадри да придонесат во функционирањето на МВР на позициите за кои се ангажирани.

Воедно, овозможивме издвојување на работните позиции помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени. Со ова за првпат е извршено зголемување на бодови за полициски службеници за 10 и 20 бодови за работната позиција „полицаец", од категориите Е5, Е4, Е3 и Ж5, Ж4 и Ж3, за што во Буџетот на Министерството за внатрешни работи за 2019 година побарани се и одобрени парични средства за исплата на зголемување на плата во износ од 80.000.000 денари на годишно ниво за 4.821 униформиран вработен. Посебно значајно за ова раководство на МВР е што вакво зголемување за основната компонента полицаец се остварува за првпат од 1991 година па наваму, наведува Спасовски во објавата на Фејсбук.

Исто така, благодарение на домаќинското работење и остварените заштеди во Буџетот, пишува министерот, досега доброволно се исплатени бонус плати за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2017, 2018, 2019, 2020, 2021 година, а во тек е обработка на податоци за вработени коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2022 година, која ќе изнесува 31.859 денари во поединечен износ, што претставува зголемување од речиси 40 проценти на износот на бонус платата во 2017 година која изнесуваше 22.928 денари.

Продолжуваме и во наредниот период со воспоставување европски стандарди во полицијата, развивајќи го концептот „Задоволна полиција – безбедни граѓани”, кој придонесе за одлични резултати во гарантирање на безбедноста и борбата против сите видови криминал. Подобрувањето на статусот на вработените во МВР е императив за ова раководство на МВР!, напиша на Фејсбук министерот Спасовски.

Промовирани огласи »

Мерките што ги презема Владата за замрзнување на цените ќе имаат свој ефект особено во текот на месец април. Според министерот за економија Крешник Бектеши, тоа ќе влијае на значително намалување на инфлацијата во земјава, изјави во своето синоќешно гостување во телевизија Клан.

Во месец април ќе има значително намалување на инфлацијата во РСМ... Не ветувам, но сигурен сум. Намалување ќе има и во март, но имајќи предвид дека мерките ќе имаат влијание во текот на месец април, тогаш ќе имаме значително намалување на инфлацијата во Македонија, особено во сегментот за прехранбени производи и енергетика воопшто, изјави Бектеши.

Според него, во периодот што следи може да се очекуваат повисоки цени на овошјето и зеленчукот, бидејќи нема локално производство.

Може да се случи да имаме повисоки цени на овошјето и зеленчукот. Зошто се случува ова? Бидејќи во овој временски период РСМ, имајќи ја предвид географската положба за производство на земјоделски производи, нема локално производство на овошје и зеленчук и зависноста од увоз е речиси 100 отсто во текот на месец март, наведе министерот.

Крешник Бектеши во Клан дебата ги повика сите граѓани да пријават случаи на непочитување на владините одлуки за замрзнување на цените од различни трговци

Тој вели дека инспекторите се постојано на терен, но не ја исклучува можноста како и во минатото да има случаи разни трговци да го прекршат решението и да продолжат со високите цени на прехранбените или непрехранбените производи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »