Промовирани огласи »

Флаерите се интересна маркетинг алатка која многу од компнаиите ја користат за да дојдат поблиску до потрошувачите. Сепак, сигурно се сложувате дека многупати во рака ни дошле некои премногу натрупани, нејасни или пак флаери со штура содржина.

KARIERA.mk ви открива што треба да содржи еден флаер за да биде интересен на потенцијалниот потрошувач и истовремено да не заврши во корпата за отпадоци по 2 секунди откако ќе биде примен.

Што треба да содржи еден добар флаер?

  • Лого на бизнисот
  • Графика во корелација со бизнисот
  • Адреса и контакти
  • Мапа како да ве најдат
  • Основни информации или пак слика со Вашите производи или тип на услуги.

Промовирани огласи »

Виртуелната валута биткоин достигна ново рекордно ниво од над 3.400 долари, по континуираниот раст изминативе два месеци.

Како што јави Би-Би-Си, биткоинот достигна вредност од 3.451,86 долари според ценовниот индекс Коиндеск Биткоин.

Со достигнувањето на ваквото ниво, вкупната пазарна вредност на сите биткоини надмина 56 милијарди долари.

Растот на вредноста на биткоинот е резултат на неговата зголемена примена поради растот на популарноста на финансиските технологии.

Според финасискиот аналитичар Мајкл Парсонс ваквиот раст на вредноста на биткоинот покажува дека виртуелната валута е „многу поотпорна, отколку што се мисли“.

– Ова исто така наведува на заклучокот дека има простор за повеќе видови биткоини, смета Парсонс.

Вкупната пазарна вредност на сите виртуелни валути, вклучлитечно и на етереумот и лајткоинот, вчера достигна речиси 118 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Многу од нас секојдневно се будат со помисла како би било денес на сметката да ви легнат милиони со кои би можеле да располагате како сакате.

Всушност богатството е многу релативна работа и според вистински богатите луѓе, не е толку многу интересно да бидеш премногу богат човек на овој свет.

Со вас денес споделуваме некои факти според искусните богати луѓе од светот:

  • Многу мал дел од луѓето се збогатуваат преку плата доколку работат за некој друг. 
  • Никогаш нема да бидете многу богати ако живеете со баланс меѓу приватниот живот и работата. 
  • Ако имате добра плата и ако штедите, вам ќе ви бидат потребни 30 години за да заштедите многу пари. 
  • Бизнисот може да донесе многу пари, посебно ако тој бизнис добро се продаде. 
  • Ако бизнисот напредува скалило по скалило и се шири така што ќе биде најдобар во одреден сектор, тој може да донесе голем профит.

На крајот, дали навистина парите се она што не прави среќни или пак сепак е најважно да сме здрави и насмеани со луѓето кои не сакаат и со 500ден во џеб?

Промовирани огласи »

Два јавни повика, за поддршка на млади земјоделци со вкупно 10.000 евра неповратни средства и за подигање нови повеќегодишни насади, објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Со овие две нови мерки, како што информира МЗШВ, до крајот на годината ќе се овозможи директен трансфер на шест милиони евра кај вистинските земјоделци.

Јавниот повик за користење финансиска поддршка за млад земјоделец е со нови, променети критериуми за аплицирање, а предвидува максимални 600.000 денари по корисник. 

Крајниот рок за доставување на барањата е 29 август 2017 година. 

Другиот повик, пак, се однесува на нови повеќегодишни лозови и овошни насади и повеќегодишни насади со ароматични растенија и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини, за што се планирани до 2.500.000 денари по корисник, како и на набавка на добиток од признати организации на одгледувачи од Република Македонија и од увоз, за што се проектирани до 6.500.000 денари. 

Средствата се наменети за подигнати насади и набавен добиток од 1 октомври до 31 декември 2016 година и од 1 јануари до 31 август 2017 година. 

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции. Ставката на кофинансирање се зголемува во случаите кога баратели се млади земјоделци и кога инвестицијата е лоцирана во подрачја со ограничени можности и недостапни рурални заедници до висина од 75 проценти. 

- Со оглед дека повикот со рок од 29 февруари воопшто не бил објавен, им излегуваме во пресрет на земјоделците кои извршиле есенско подигање на насади во 2016 годна и на оние што извршиле пролетно подигање во 2017 година. Сите тие ќе може да поднесат барање за субвенции до 1 септември, нагласува Министерството.

За двата повика аплицирањето е исклулчиво електронски. Барањата што нема да бидат на тој начин доставени, нема да се земат предвид.

Пред нивното објавување вчера, МЗШВ во петокот, на 4 август, соопшти дека се обезбедени и дополнителни 10 милиони евра субвенции за поледелците, овоштарите, лозарите и сточарите како поддршка за намалените приноси од поплавите и измрзнувањето.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »