Промовирани огласи »

Хотел Арка е модерен хотел со 5 ѕвезди лоциран во срцето на Старата скопска чаршија.

Со елегантно уредени соби кои нудат модерни удобности за патниците на работа или за одмор, можете да се осетите како дома за време на вашата посета!

Моментално вработува:

РЕЦЕПЦИОНЕР/КА

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60 % во однос на одлуката од 3.4.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,374 %, кај дизелот за 1,841%, кај екстра лесното масло за 2,126% и кај мазутот има зголемување за 4,610%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,530%.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,183 ден/кг и сега ќе изнесува 40,574 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Од 7.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 40,574 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.4.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Промовирани огласи »

Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава бележат раст од 18,8 проценти на годишно ниво, а од 1,3 отсто на квартално ниво, покажуваат податоците на Народната банка.

Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следеше раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.

Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територијата на Скопје, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.

Пад на купопродажбите на недвижности, раст кај закупите

Во периодот јули – декември 2022 година во базата на Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности се внесени 17.583 трансакции (вкупниот број на трансакции е збир од вкупниот број на купопродажби и вкупниот број на закупи), од кои 12.997 купопродажби на недвижности (вкупниот број на купопродажби е збир од вкупниот број на продажби, продажби на лицитација, продажби од инвеститор и откуп од Република Северна Македонија) и 4.586 закупи на недвижен имот.

Бројот на купопродажби, според податоците од Регистарот, во периодот јули – декември 2022 година во однос на периодот јули – декември 2021 година е намален за пет проценти, додека кај закупи во тој споредбен период има зголемување за 13 проценти.

Во второто шестмесечје од 2022 година најмногу купопродажби се регистрирани во ноември, 2.810, а најмалку во октомври 1.668.

Вредноста на 12.997 регистрирани купопродажби изнесува 509 милиони евра. Конкретно, регистрирани се 10.630 продажби во вредност од 382 милиони евра, 24 продажби на лицитација од милион евра, 2.042 продажби од инвеститор вредни 120 милиони евра, како и 301 откуп од државата, со вредност од пет милиони евра.

Во втората половина од минатата година, најмногу закупи се регистрирани во ноември, 1.077, а најмалку, 417, имало во август. Евидентирани се 1.568 закупи на станови во вредност од 342 илјади евра, 655 закупи на куќи во вредност од 178 илјади евра, 1.790 деловни простории во вредност од 1,489 илјади евра,…..

Податоците на Катастарот на недвижности покажуваат дека во периодот октомври – декември 2022 година се запишани 1.956 товари врз недвижностите, со вкупна вредност од 434.727.328 евра и 2.362.305.636 денари.

Во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 695 во вредност од 73.233.230 евра и 369.133.334 денари, а во 29 подрачни одделенија за катастар на недвижности (ОКН) низ државата.

Промовирани огласи »

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот, а се позиционирани високо и на европската листа, покажува анализата за потрошувачката на шеќер по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН.

Македонците годишно конзумираат по 36,7 килограми шеќер, Хрватите се втори со 33,8 пред Грците со 31,6, а потоа следуваат Бугарите со 27,5, Србите со 22,4 и Црногорците со 21,2 килограми.

Најмали љубители на слатко се Словенците со 19,4 и жителите на Босна и Херцеговина со 18,3 килограми.

Во Европа, пак, најмногу шеќер јадат Белгијците (48,3) и Полјаците (45,7 килограми). Најмалку слатко, пак, се консумира во Луксембург (10,8 килограми).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »