Промовирани огласи »

Во 1993 година, HR менаџерот на Мајкрософт, Мајк Мареј, напишал меморандум познат како „shrimp and weenie guidelines“ кој имал за цел да го спречи трошењето и екстравагантноста на вработените.

Денес, меморандумот е сè уште релевантен бидејќи технолошките компании продолжуваат да отпуштаат вработени и да ги намалуваат поволностите.

Финансиската претпазливост е главната грижа за многу технолошки компании, а отпуштањата станаа вообичаена практика. Вработените во технологијата кои долго време уживаа во високите поволности сега се соочуваат со нова реалност. Тие се борат да разберат зошто компаниите преземаат одредени активности и како тоа ќе влијае на нив.

Ситуацијата во 1993 година беше особено застрашувачка во рамките на Мајкрософт бидејќи индустријата за персонални компјутери сè уште беше во подем.

Меморандумот ги потсети вработените на Мајкрософт на вредностите што ја направија компанијата успешна, но лесно можеше да има контраефект. Во меморандумот, Мареј користел мешавина од хумористични аналогии и театарско чудење за да ја пренесе својата поента, осудувајќи го непотребното трошење на подароци.

 Тој ги предупреди вработените дека треба да станат поекономични или ризикуваат да станат технолошки вишок. Денешните технолошки лидери, виновни за прекумерно вработување за време на пандемијата, се борат да ги усогласат своите трошоци со новата пазарна реалност. Можеби си го поставуваат истото прашање поставено од шефот за човечки ресурси на Мајкрософт пред три децении: „Вишокот ќе го уништи успехот.

Промовирани огласи »

Граѓаните на Бугарија и на Северна Македонците имаат најкус очекуван животен век во регионот, а се ниско позиционирани и на европската листа, покажува анализата што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци на Програмата за развој на ОН (УНДП).

Очекуваниот животен век на Бугарите е 74,9 години, а на Македонците 75,7. Следуваат Србите и Албанците со 75,8 години, Црногорците со 76,8, жителите на Босна и Херцеговина со 77,3 и Хрватите со 78,3 години. Најдлоговечни во регионот се Грците чиј очекуван животе век е 82,1 година.

Во Европа најкус животен век имаат Украинците 72 и Русите 72,4 години.

Најдолго, пак, живеат Италијанците 83,6, Шпанците и Швајцарците 83,4 години.

„Landgeist“ забележува дека има прилично голема разлика во очекуваниот животен век на луѓето во Западна и во Источна Европа. Посочува и дека гледано по региони најкратко живее населението во северозападна Бугарија 69,7 години и во јужна и источна Србија 71,9 години.

Најдолг животен век имаат луѓето во италијанскиот регион Тичино 85,7 и во шпанскиот Мадрид 85,4 години.

Промовирани огласи »

Владата денеска донесе Одлука со која се корегираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Како што изјави министерот Крешник Бектеши, согласно Одлуката, килограм домати и краставици ќе чини максимум 95 денари, килограм пипер до 100 денари, килограм грав 95.

Кромидот поскапува за десет денари и ќе биде 70 денари, а само леќата, истакна Бектеши, ќе биде над 100, односно ќе се продава по 110 денари за килограм.

Според владината Одлука, килограм банани ќе чини до 75 денари, килограм портокали до 60, килограм мандарини до 65 и килограм лимони до 60 денари. 

Контролите ќе продолжат, ситуацијата секојдневно ќе се следи и ако е потребно, повторно ќе се интервенира доколку забележиме намалени увозни цени. Граѓаните да бидат спокојни, истакна министерот.

Бектеши очекува дека ќе се почитува Одлуката која е донесена зашто, како што напомена, последната недела се забележани зголемени увозни цени за над 30 отсто на одредени производи - домати, краставици, кромид и грав. 

Овие фактури што веќе се доставуваат во Царинската управа, се пологични од претходните, но ова не значи дека тука завршуваат контролите и инспекциите, подвлече Бектеши.

Промовирани огласи »

Денешните млади професионалци се чувствуваат порешителни од кога било да ја најдат работа што ја сакаат. Тоа значи дека нема да се двоумат да заминат од работата која не им го овазможува тоа се додека не ја пронајдат работната средина која им одговара.

Технологијата овозможи непрекинато барање работа. Поради ова, професионалците за човечки ресурси секогаш бараат начини да ги задржат вработените.

Во продожение неколку начини како да го задржите својот тим на вработени:

  • Обезбедете нови можности за раст. „Растот на кариерата“ е витална грижа за денешните врвни таленти. 
  • Плаќајте им на вработените онолку колку вредат. 
  • Дајте приоритет на здравјето и благосостојбата на вработените. 
  • Ставете се „во чевлите“ на вработените. 
  • Редовно давајте им пофалби на вработените за одличната работа.

Велат дека тимот што победува не се менува, доколку навистина имате вработени кои ги исполнуваат стандардите и дадените задачи ги извршуваат со голема посветеност, на вас преостанува истите да ги задржите со што ќе имплементирате начини на функционирање и исполнување на нивните очекувања, благосостојба каде што ќе допринесуваат посебно за компаниската култура и имиџ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »