Промовирани огласи »

Изморени сте од стандардниот процес на барање работа? Дали сте подготвени за нов пристап кон наоѓање на вашата посакувана работа? Не барајте повеќе! Мајорел го има одговорот.  

„Instant Job Match – pick your recruiter and get a job„ е настан со кој Мајорел Скопје на 26.04.23. од 12:00 до 17:00 часот повторно ги отвара своите врати за сите заинтересирани кандидати кои зборуваат германски јазик.

Сите кои одлично го владеат германскиот јазик се добредојдени да ги посетат просториите на Мајорел за брзо интервју за работа, каде ќе се тестира вашето познавање на германскиот јазик.

„Instant Job Match – pick your recruiter and get a job„ е настан кој ќе ви даде можност лично да се поврзете со регрутерите на Мајорел и потенцијално да добиете работа на самото место! Со овој концепт за брзо интервју, ќе имате шанса да ги покажете своите вештини и искуство на брз и ефикасен начин и да ја добиете работата веднаш.

Без разлика дали сте неодамна дипломиран, или штотуку имате завршено средно образование, искусен професионалец, дали имате работно искуство или не, овој настан е совршена шанса да ја преземете контролата врз вашето барање работа и да се поврзете со Мајорел.

Не ја пропуштајте оваа одлична можност! Регистрирајте се, изберете го вашиот регрутер, имајте  интервју и вработете се. 

Регистрацијата за настанот е отворена до 24.04.23.
Регистрирајте се ОВДЕ  и направете го првиот чекор кон вашата идна кариера.

За Мајорел:

Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 82 000 вработени во 45 земји ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиенти од туристичката и телекомуникациската индустрија. Мајорел Скопје неодамна беше  сертифицирана како Great Place to Work.

Мајорел вработува и без работно искуство, потребно е одличното познавање на некои од светски користените странски јазици е еден од условите за вработување во Мајорел.

Промовирани огласи »

Во 1993 година, HR менаџерот на Мајкрософт, Мајк Мареј, напишал меморандум познат како „shrimp and weenie guidelines“ кој имал за цел да го спречи трошењето и екстравагантноста на вработените.

Денес, меморандумот е сè уште релевантен бидејќи технолошките компании продолжуваат да отпуштаат вработени и да ги намалуваат поволностите.

Финансиската претпазливост е главната грижа за многу технолошки компании, а отпуштањата станаа вообичаена практика. Вработените во технологијата кои долго време уживаа во високите поволности сега се соочуваат со нова реалност. Тие се борат да разберат зошто компаниите преземаат одредени активности и како тоа ќе влијае на нив.

Ситуацијата во 1993 година беше особено застрашувачка во рамките на Мајкрософт бидејќи индустријата за персонални компјутери сè уште беше во подем.

Меморандумот ги потсети вработените на Мајкрософт на вредностите што ја направија компанијата успешна, но лесно можеше да има контраефект. Во меморандумот, Мареј користел мешавина од хумористични аналогии и театарско чудење за да ја пренесе својата поента, осудувајќи го непотребното трошење на подароци.

 Тој ги предупреди вработените дека треба да станат поекономични или ризикуваат да станат технолошки вишок. Денешните технолошки лидери, виновни за прекумерно вработување за време на пандемијата, се борат да ги усогласат своите трошоци со новата пазарна реалност. Можеби си го поставуваат истото прашање поставено од шефот за човечки ресурси на Мајкрософт пред три децении: „Вишокот ќе го уништи успехот.

Промовирани огласи »

Граѓаните на Бугарија и на Северна Македонците имаат најкус очекуван животен век во регионот, а се ниско позиционирани и на европската листа, покажува анализата што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци на Програмата за развој на ОН (УНДП).

Очекуваниот животен век на Бугарите е 74,9 години, а на Македонците 75,7. Следуваат Србите и Албанците со 75,8 години, Црногорците со 76,8, жителите на Босна и Херцеговина со 77,3 и Хрватите со 78,3 години. Најдлоговечни во регионот се Грците чиј очекуван животе век е 82,1 година.

Во Европа најкус животен век имаат Украинците 72 и Русите 72,4 години.

Најдолго, пак, живеат Италијанците 83,6, Шпанците и Швајцарците 83,4 години.

„Landgeist“ забележува дека има прилично голема разлика во очекуваниот животен век на луѓето во Западна и во Источна Европа. Посочува и дека гледано по региони најкратко живее населението во северозападна Бугарија 69,7 години и во јужна и источна Србија 71,9 години.

Најдолг животен век имаат луѓето во италијанскиот регион Тичино 85,7 и во шпанскиот Мадрид 85,4 години.

Промовирани огласи »

Владата денеска донесе Одлука со која се корегираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Како што изјави министерот Крешник Бектеши, согласно Одлуката, килограм домати и краставици ќе чини максимум 95 денари, килограм пипер до 100 денари, килограм грав 95.

Кромидот поскапува за десет денари и ќе биде 70 денари, а само леќата, истакна Бектеши, ќе биде над 100, односно ќе се продава по 110 денари за килограм.

Според владината Одлука, килограм банани ќе чини до 75 денари, килограм портокали до 60, килограм мандарини до 65 и килограм лимони до 60 денари. 

Контролите ќе продолжат, ситуацијата секојдневно ќе се следи и ако е потребно, повторно ќе се интервенира доколку забележиме намалени увозни цени. Граѓаните да бидат спокојни, истакна министерот.

Бектеши очекува дека ќе се почитува Одлуката која е донесена зашто, како што напомена, последната недела се забележани зголемени увозни цени за над 30 отсто на одредени производи - домати, краставици, кромид и грав. 

Овие фактури што веќе се доставуваат во Царинската управа, се пологични од претходните, но ова не значи дека тука завршуваат контролите и инспекциите, подвлече Бектеши.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »