Промовирани огласи »

Почнуваат велигденските празнувања. Граѓаните ги чека продолжен викенд исполнет со традиционалното вапсање на велигденските јајца. Велики четврток е токму денот кога се вапсаат првите јајца.

На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца. Првото јајце, уште се нарекува божјаче, и откако ке се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“.

Промовирани огласи »

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 14, 16 и на 17 април - петок, недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираат денеска од ова претпријатие.

Согласно програмата за неработни денови за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и следствено на тоа, паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието, ќе работат со вообичаено работно време. Депото на „пајак“ службата ќе работи 24/7 за време на празниците, се посочува во соопштението со честитка за празниците.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе продолжи во вторник со вообичаено работно време.

Промовирани огласи »

Традиционално рано наутро на велики четврток се започнува со фарбање на велигденските јајца кои го симболизираат христовото воскресение.

Освен црвената боја која е симбол на велигден,поради новиот живот и плодноста која е компарација со Христовото воскресение има и други бои кои имаат нивно значење

Како на пример, жолтата боја значи светлина, радост; портокаловата – трпение, моќ; зелена – храброст, големина; виолетова – надеж, спокојство, а сина – здравје и ведрина.

Се претпоставува дека и симболите кои се појавуваат при вапсањето јајца имаат значење. Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го вапсале јајцето, тоа означува огромна среќа и бериќет оваа година.

Промовирани огласи »

Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите од реномираната компанијата WRIGLEY. Алма-М стана дистрибутер на најголемата светска компанија за храна Nestle на територијата на Македонија.

Моментално се активни следните работни позиции:

МЕДИЦИНСКИ ПРЕСТАВНИК
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
УНАПРЕДУВАЧ/КА НА ПРОДЖБА (АРАНЖЕР НА РОБА) - ОХРИД И СТРУГА
АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА – ГОСТИВАР
МАГАЦИОНЕР – СПРЕМАЧ НА РОБА

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »