Промовирани огласи »

Нема ограничување на брзината на поголемиот дел од автопатската мрежа во Германија, а многу еколошки активисти неодамна лобираат ограничувањето на брзината на сите делници да биде 130 km/h. Нов аргумент се паричните заштеди, кои воопшто не би биле толку мали.

Во Германија, дискусиите за ограничувањето на брзината на делови од автопатот каде што не е ограничено не престануваат. Сега има нов аргумент за оние кои мислат дека брзината на германските автопати сепак треба да биде ограничена.

Како што е пресметано од шведско-германска истражувачка група во студија објавена во стручното списание Ecological Economics, ограничувањето на брзината од 130 km/h во Германија може да донесе заштеда од најмалку 950 милиони евра годишно.

Со помош на јавно достапни податоци, истражувачите спроведоа анализа на трошоци и придобивки, односно пресметаа колку ограничувањето на брзината ќе го чини германското општество. Ако штетата и користа се споредат една со друга, нивниот конечен заклучок е дека општеството како целина би имало значителна корист. Како што пренесува ХАК магазинот, пресметката го вклучила ефектот врз времето на патување, потрошувачката на гориво, проширувањето и одржувањето на инфраструктурата, како и бројот на сообраќајни несреќи.

Промовирани огласи »

Главниот раководител на „Гугл“, Сундар Пичај, остварил вкупно 226 милиони долари приходи како плата и бонуси во 2022 година.

Извршниот директор на „Алфабет“ - матичната компанија на „Гугл“ има 800 пати поголема заработка од просечен вработен во компанијата.

Во извештајот што компанијата го доставила до регулаторот стои дека неговата годинша плата инаку е два милиони евра.

Тој за минатогодишната работа бил награден со 218 милиони долари, а пакетот бонуси вклучува и скоро шест милиони долари за лично обезбедување.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Утре ќе почне исплатата на пензиите кои од минатиот месец се зголемени за 8,4 отсто.

Пензионерите кои добиваат пензија во висина до 11.000 денари, исплатата ќе ја добијат во вторник, на 25.04.2023 година.

На банките им е препорачано за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2023 година.

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2023 година, додека за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2023 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »