Промовирани огласи »

Сопствениците на најголемите технолошки компании пронајдоа нова област за инвестирање, што ќе им донесе нови неогранишени приходи. Тие инвестираат во нуклеарната фузија.

Марк Бениоф, коосновач и извршен директор на компанијата за облак-компјутери „Селсфорс“ (Salesforce), ја нарекува изградбата на фузија реактори величествен сон.

Тоа е светиот грал. Тоа е митски еднорог. Нема ограничување штом ќе го почнете, изјави Бениоф.

Бениоф инвестира во американската компанија „Комонвелт фјужн системс“ (Commonwealth Fusion Systems (CFS)), која дизајнира и создава компактни машини за нуклеарна фузија. Бил Гејтс е исто така инвеститор во CFS, а основачот на „Амазон“, Џеф Безос, инвестирал во канадската компанија „Генерал фјужн“ (General Fusion).

Фузијата е процес што постојано се одвива на Сонцето. Тоа е процес на спојување на јадрата на лесни атомски елементи, при што се ослободува огромна количина енергија. Научниците веќе стотина години знаат дека енергијата на нуклеарната фузија се ослободува на Сонцето, а се обидуваат да ја развијат на Земјата со децении. Едно од најголемите достигнувања во истражувањето за фузијата се случи минатиот декември кога научниците од националната лабораторија „Лоренс Ливермор“ дојдоа чекор поблиску до пресвртница во создавањето чист и неограничен извор на енергија. Тоа беше првпат на Земјата кога контролирана реакција на фузија произведе повеќе енергија отколку што беше потребно за да се почне и одржи. Нуклеарната фузија се смета за потенцијален извор на енергија во иднина бидејќи не произведува нуклеарен отпад. Но, веројатно ќе поминат децении пред да може да се примени за комерцијално производство на електрична енергија.

И покрај ова, секторот за нуклеарна фузија забележа голем пораст на глобалните инвестиции во последните години. Само во 2021 година околу 2,8 милијарди долари беа инвестирани во фузија во споредба со речиси 2 милијарди долари во претходната деценија.

Бениоф рече дека лицето што го убедило да инвестира во компанија што се занимава со комерцијализација на нуклеарна фузија е Винод Косла, коосновач на „Сан мајкросистемс“ (Sun Microsystems).

Промовирани огласи »

 Работодавачите во индустријата и услужните дејности во Европската унија во 2022 година плаќале просечно по 30,50 евра за час работа, а најскапите трошоци за час за работа во Луксембург биле 50,90 евра.

Германскиот сојузен завод за статистика (Дестатис) денеска соопшти дека Германија со просечна цена на час од 39,50 евра се наоѓа на седмото место меѓу 27-те членки на ЕУ. На тоа место е од 2019 година. Просекот во 20-те земји-членки на ЕУ кои го користат еврото како заедничка валута беше 34,30.

Веднаш зад Луксембург според трошоците за работна сила на час е Данска, со 46,80 евра, а по неа е Белгија со 43,50. Пред Германија се Франција, Холандија и Шведска, со нешто повисока цена на час работа, а веднаш зад неа е Австрија со 39 евра.

На дното е Бугарија, каде работодавците во 2022 година плаќале во просек по 8,20 евра за час работа. Пред Бугарија се Романија (9,50), Унгарија (10,70) и Хрватска (12,10 евра).

Најблиску до европскиот просек е Италија со 29,40 евра.

Дестатис наведува дека германската саатница во 2022 година била за околу 30 отсто повисока од просекот на ЕУ и дека овој сооднос останал релативно непроменет во однос на 2021 година.

Во исто време, Германија беше четврта во Европа по највисока цена на час работа во индустријата со 44 евра и 44 отсто поскапа од европскиот просек. 

Промовирани огласи »

KARIERA.mk со радост најавува ексклузивна HR работилница на 19.05.2023 во Skopje Marriott Hotel за сите HR професионалци и ентузијасти! Предавач на еднодневната работилница ќе биде Stefanie Wittenbecher, Head of Learning & Development во DHL, Germany.

Настанот ќе опфати интересни теми за тоа како да се изгради победнички тим и идеи и начини за задржување на луѓето кои се потребни во секоја компанија!

Односно како да ги задржите и допринесете до надградување на вашите постоечки тимови фокусирајќи се на талентите на вработените во вашата компанија. Учете од најдобрите!

Затоа ве повикуваме да ни се придружите и заедно да учиме нови HR практики, кои во иднина би можеле да ги примените во вашите компании!

Воедно сите учесници по завршувањето на работилницата ќе добијат сертификат.

Во продолжение агендата за настанот:

9:00-10:30 - SESSION 1

USING Internal Coaching for leadership, employee and culture development

Business Example

  • The Internal Coaching Pool at DHL
  • Q&A 

Interactive Transfer workshop

  • People, processes and tools to use
  • Challenges and Best Practices

10:30-11:00 - COFFEE BREAK

(coffee, tea, fruit, muffins) and morning networking

11:00 - 12:30 - SESSION 2

Speaking C-level language to get funding for strategic HR investment

Business Example

  • Business case to improve apprenticeship program
  • Q&A

Interactive Transfer workshop

  • People, processes and tools to use
  • Challenges and Best Practices

Take-away and closing STATEMENT.

Сите заинтересирани за HR работилницата можете да ги набавите вашите карти на https://kariera.mk/eventsа за повеќе информации или групни карти контактирајте не на 077 888 722  или пак на [email protected]

Промовирани огласи »

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Моментално вработува:

ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА – КУМАНОВО
IT PROJECTS SENIOR SPECIALIST/EXPERT
MARKETING DATA ANALYST
CUSTOMER SERVICE SPECIALIST (ITS SOLUTIONS)
BILLING AND CHARGING SENIOR SPECIALIST/EXPERT
IT AUDITOR
FIELD SALES AGENT
NEW BUSINESS DEVELOPMENT INTERN

Доколку се уште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »