Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи ги собира поднесените годишни даночни пријави за 2022-та и на почетокот на мај, граѓаните ќе ги имаат на нивните кориснички профили.

На граѓаните ќе им бидат вратени 618 милиони денари поврат на ДДВ за скенираните фискални сметки за јануари, февруари и март – соопшти Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Важно за корисниците на апликацијата МојДДВ е дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во „Службен весник на РСМ“, бр.65/2023 на 23.03.2023 година.

Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја преземат новата верзија на апликацијата од Плејстор, Аппстор и Хуавеј аппгалери. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај.

Во моментов апликацијата МојДДВ, ја користат 523.673 граѓани, a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари – брифираат од УЈП. Од институцијата велат дека нплатата на ДДВ се движи во доибра насока, а зголемување од 8,43 отсто кај данокот на добивка, кај данокот на личен доход зголемувањето е 13,8 отсто, а кај ДДВ има минус од 4,12 отсто.

Падот на ДДВ од увоз има кај компаниите кои се бават со електрична енергија, металургија и деривати – соопшти Лукаревска.

Промовирани огласи »

Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на некои европски пазари на недвижности веќе е во тек надолна корекција на цените. 

Нерегулирани корекции на пазарите за недвижнини може да се случат дури и ако се избегнат пошироки финансиски тешкотии. Корекцијата на пазарите на недвижности веќе е во тек во некои европски земји, на пример во Чешка, Данска, како и во Шведска, каде цените на станбените недвижности паднаа за повеќе од шест проценти во 2022 година, се вели во изјавата на ММФ.

Податоците на европската статистичка служба Евростат покажуваат намалување на цените на недвижностите за првпат од 2015 година. Во четвртиот квартал лани, цените на станбените недвижности во ЕУ се намалија за 1,5 отсто во споредба со претходните три месеци.

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од 24.4.2023 година.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 68,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 29.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 41,437 (денари/килограм)

Промовирани огласи »

По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа - 28 април, Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), денеска во паркот на последната автобуска постројка со број 5 во Ново Лисиче во Општина Аеродром, ќе засади 22 дрвца, а бројот на садници, како што информира здружението, го отсликува бројот на загинатите на работното место во текот на 2022 година.

На настан, пак, во организација на Здружението на инженери за заштита Тутела Скопје, Здружението за заштита при работа на Општина Битола и Здружение за безбедност при работа „28 април“ Скопје  ќе бидат доделени награди на компании за најдобри практики за безбедност и заштита при работа за 2022. Ќе бидат доделени награди и на ученици во рамки на проектот „БЗР од мали нозе“, одобрен од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука. Најавени се и обраќања на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и Емил Крстановски, координатор на канцеларијата на МОТ за Македонија.

Во Годишниот извештај за несреќи при работа, што детално ќе го презентира денеска МЗЗПР, се евидентирани 169 несреќи при работа во 2022 година. Информацијата е врз основа на објавите во електронските и печатените медиуми, како и искомуницираните податоци до нив како здружение. Оваа бројка, информираат од здружението, е конзервативна и во голема мера не го отсликува вистинскиот број на потешки несреќи на работното место, кој во просек како што велат, според податоците на Институтот за јавно здравје до 2020 година е некаде околу 1500 потешко повредени на годишно ниво.

-Според податоците кои успеавме да ги прибереме и систематизираме 22 потешки несреќи на работното место беа со фатални последици. Следбено на оваа бројка на загинати вработени, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 3,17, односно на секои 100.000 вработени, тројца вработени гинат на работното место во 2022 година. Оваа стапка на смртност, е во благ пад споредбено со претходната 2021 година, кога изнесувала 3.77. Кога пак како параметар ќе се земат повредите при работа, тогаш стапката на повреди при работа за 2022 година изнесува 21,21, што покажува дека на секои 100.000 вработени, потешко се повредуваат околу 21 вработени. Споредбено со минатата година, кога стапката на повреди при работа изнесувала 16,97, стапката на повреди за 2022 е во благ пораст, стои во Извештајот на Македонското здружение за заштита при работа, во кој како извор за добивање на податоци за несреќите при работи, пред се, се користени информациите објавени во медиумите.

Во фокусот на  одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа годинва е темата „Безбедна и здрава работна средина како основен принцип и право на работа. Овој датум воедно е и Меѓународен ден на комеморација и споменување на сите работници кои своите животи ги изгубиле поради повреди на работа и професионални болести.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »