Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од 24.4.2023 година.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 68,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 29.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 41,437 (денари/килограм)

Промовирани огласи »

По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа - 28 април, Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), денеска во паркот на последната автобуска постројка со број 5 во Ново Лисиче во Општина Аеродром, ќе засади 22 дрвца, а бројот на садници, како што информира здружението, го отсликува бројот на загинатите на работното место во текот на 2022 година.

На настан, пак, во организација на Здружението на инженери за заштита Тутела Скопје, Здружението за заштита при работа на Општина Битола и Здружение за безбедност при работа „28 април“ Скопје  ќе бидат доделени награди на компании за најдобри практики за безбедност и заштита при работа за 2022. Ќе бидат доделени награди и на ученици во рамки на проектот „БЗР од мали нозе“, одобрен од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука. Најавени се и обраќања на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и Емил Крстановски, координатор на канцеларијата на МОТ за Македонија.

Во Годишниот извештај за несреќи при работа, што детално ќе го презентира денеска МЗЗПР, се евидентирани 169 несреќи при работа во 2022 година. Информацијата е врз основа на објавите во електронските и печатените медиуми, како и искомуницираните податоци до нив како здружение. Оваа бројка, информираат од здружението, е конзервативна и во голема мера не го отсликува вистинскиот број на потешки несреќи на работното место, кој во просек како што велат, според податоците на Институтот за јавно здравје до 2020 година е некаде околу 1500 потешко повредени на годишно ниво.

-Според податоците кои успеавме да ги прибереме и систематизираме 22 потешки несреќи на работното место беа со фатални последици. Следбено на оваа бројка на загинати вработени, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 3,17, односно на секои 100.000 вработени, тројца вработени гинат на работното место во 2022 година. Оваа стапка на смртност, е во благ пад споредбено со претходната 2021 година, кога изнесувала 3.77. Кога пак како параметар ќе се земат повредите при работа, тогаш стапката на повреди при работа за 2022 година изнесува 21,21, што покажува дека на секои 100.000 вработени, потешко се повредуваат околу 21 вработени. Споредбено со минатата година, кога стапката на повреди при работа изнесувала 16,97, стапката на повреди за 2022 е во благ пораст, стои во Извештајот на Македонското здружение за заштита при работа, во кој како извор за добивање на податоци за несреќите при работи, пред се, се користени информациите објавени во медиумите.

Во фокусот на  одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа годинва е темата „Безбедна и здрава работна средина како основен принцип и право на работа. Овој датум воедно е и Меѓународен ден на комеморација и споменување на сите работници кои своите животи ги изгубиле поради повреди на работа и професионални болести.

Промовирани огласи »

На граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, а на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Сите работни позиции од ЗЕГИН можете да ги најдете ТУКА.

Рагуза Груп е современ евент центар специфичен по својата локација и амбиент. Оплеменет е со модерен минималистички ентериер и нота на софистицираност со цел да ги дизајнира вашите најважни настани од животот. Прославете во уникатен простор и луксузен амбиент, совршено надополнет со прекрасниот поглед на Скопје.

Моментално вработува:

КЕЛНЕР/КА
ШАНКЕР/КА

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУГА
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА – СТРУМИЦА

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ШТИП

Majorel дизајнира, гради и испорачува висококлвалитетна корисничка подршка, CX за многу светски водечки брендови. ги сервисира клиентите ширум светот преку 82,000+ вработени, лоцирани во 45 земји на 5 континенти на 60 јазици.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА СО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И AНГЛИСКИ ЈАЗИК
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА СО ОДЛИЧНО ПОЗНАВАЊЕ НА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Сите активни работни позиции од А1 можете да ги најдете ТУКА.

Тезенис има отворено повеќе од 190 продавници главно во Италија и во Европа. Успехот на Тезенис се должи на голем број фактори: примарни локации, огромен асортиман на производи, многу конкурентни цени и продажни техники со иновативно малопродажба.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА - EAST GATE MALL
АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА - CITY MALL

Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани се на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развива организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрира предностите, стекнати со долгогодишната традиција.

Моментално вработува:

АДМИНИСТРАТОР НА СИСТЕМОТ ЗА ИНФОРМАЦИСКА БЕЗБЕДНОСТ
СИСТЕМСКИ АДМИНИСТРАТОР
СОРАБОТНИК ЗА КНИГОВОДСТВО

УНИКА ЛАЈФ АД СКОПЈЕ e друштвото за осигурување кое е во сопственост на водечката австриската осигурителна компанија.

Моментално вработува:

АГЕНТ ЗА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ

Грант Торнтон е водечки давател на услуги за ревизија, данок, аутсорсинг и советодавни услуги.

Моментално вработува:

СМЕТКОВОДИТЕЛ
ДАНОЧЕН СОВЕТНИК


Доколку се уште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »