За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани...
повеќе за компанијата »Бидете дел од Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени.
Како Групација, фокусирани сме на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите, стекнати со долгогодишната традиција. Спремно се вклучуваме и ги поддржуваме решенијата на предизвиците на денешницата, со кои што како општество се соочуваме и градиме кооперативна и агилна култура, со посебен акцент на континуиран развој, надградба и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила.
Ви нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал. Ќе работите во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Подготовка на акти од подрачјето на информациска безбедност и нивно усогласување со регулаторна и корпоративна рамка;
- Следење на настани и инциденти од областа на информациска безбедност;
- Процена на безбедносни ризици и мерки за нивно третирање;
- Конципирање и водење на безбедносни проверки;
- Планирање и спроведување на обуки за вработените од подрачјето на информациска безбедност;
- Известување за безбедносни инциденти;
- Учество и соработка со стручните служби во реализација на проекти во Друштвото и во рамките на Групација Триглав.
МЕСТО НА РАБОТА: Седиштето на Друштвото
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Бележи активности поврзани со загрозување на безбедноста на информацискиот систем;
- Презема мерки за решавање на настанатите проблеми на подрачјето на информациска безбедност;
- Врши процена на безбедносни ризици на информацискиот систем;
- Изготвува и ажурира документација за плански и вонредни задачи од подрачјето на работа и за тоа редовно го известува одговорното лице;
- Врши тестирање и симулации на упади во информацискиот систем и подготвува планови и нацрт за спречување на такви активности;
- Врши надзор и контрола на спроведувањето на политиките на безбедност на информацискиот систем и останатите интерни акти кои што се однесуваат на сите аспекти на безбедноста на информацискиот систем;
- Учествува во планирањето и редефинирањето на деловниот континуитет на работењето.
ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:
- Самоиницијативност,
- Проактивност,
- Прецизност,
- Желба за континуирано надградување и развој.
ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:
- Високо образование од релевантно подрачје на работа;
- Активно познавање на англиски јазик;
- Познавање на MS Windows технологии;
- Познавање на технологии за вмрежување;
- Познавање на концепти и стандарди за информациска безбедност;
- Познавање на алатки и процедури за информациска безбедност.
Доколку сте заинтересирани за предметната работна позиција, може да аплицирате преку линкот во прилог:
http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000II2hV
Слични огласи »