Плата од 25.000 ден.
Бидете дел од Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени.
Како Групација, фокусирани сме на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите, стекнати со долгогодишната традиција. Спремно се вклучуваме и ги поддржуваме решенијата на предизвиците на денешницата, со кои што како општество се соочуваме и градиме кооперативна и агилна култура, со посебен акцент на континуиран развој, надградба и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила.
Ви нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал. Ќе работите во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
Врши работи и задачи во рамките на организациониот дел;
Врши книговодствени работи;
Врши книговодствено евидентирање на деловните случувања во главната книга;
Врши контрола на исправноста на книговодствените податоци;
Врши аналитички прегледи;
Врши усогласување со постоечките прописи и интерни упатства;
Соработува со останатите организациски единици во делокругот на подрачјето на работа.
МЕСТО НА РАБОТА:
Седиштето на Друштвото
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Води, врши усогласување и контрола на книговодствените аналитички и помошни евиденции;
Врши контрола на исправноста на книговодствените податоци;
Изработува вонсудски спогодби и се грижи за нивна ажурна наплата;
Води и врши усогласување на аналитичките евиденции во врска со настанатите обврски, побарувања и нивна исплата;
Соработува во рекламациски постапки;
Врши усогласување со постоечките прописи и интерни упатства и предлага промени во работните процеси;
Го следи развојот на подрачјето на работа и перманентно се дообразува.
ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:
Високо образование од економска струка;
Солидно познавање на Microsoft Office;
Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;
Подготвеност за континуирано стручно усовршување.
ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:
Без работно искуство, но ќе се смета за предност искуство во соодветната област.
Доколку сте заинтересирани за предметната работна позиција, може да аплицирате преку линкот во прилог:
http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000LDoeZ