Системски администратор

За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани... повеќе за компанијата »

Бидете дел од Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени.

Како Групација, фокусирани сме на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите, стекнати со долгогодишната традиција. Спремно се вклучуваме и ги поддржуваме решенијата на предизвиците на денешницата, со кои што како општество се соочуваме и градиме кооперативна и агилна култура, со посебен акцент на континуиран развој, надградба и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила.

Ви нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал.  Ќе работите во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

Управување и унапредување на системската инфраструктура;
Дијагностика на проблеми и изнаоѓање решенија за системската инфраструктура;
Поддршка за крајните корисници на информацискиот систем;
Учество и водење на проекти од областа на ИКТ во Друштвото и Групацијата Триглав;


МЕСТО НА РАБОТА:

Седиштето на Друштвото


РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

Го следи развојот на подрачјето на работа и постојано се дообразува.
Изготвува и ажурира документација за плански и вонредни задачи од подрачјето на работа и за тоа редовно го известува одговорното лице на организациската единица.
Подготвува идејни предлози, концепти и пилотски решенија, тестирање на соодветноста на нови системи, методи и технологии.
Врши пренос на знаење и добри пракси во рамките на организациската единица, Друштвото и Групацијата Триглав.


ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:

Самоиницијативност, посветеност, прецизност, проактивност, одговорност.


ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:

Високо образование од релевантно подрачје;
Активно познавање на англиски јазик;
Солидно познавање на MS Windows системски сервиси и технологии;
Напредно познавање на MS Windows клиентски технологии;
Познавање на MS SQL Server;
Познавање на платформи за виртуелизација.

 

Доколку сте заинтересирани за предметната работна позиција, може да аплицирате преку линкот во прилог:

http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000II2eN

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »