Агент за животно осигурување

За компанијата: Друштво за осигурување. Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа. Групацијата... повеќе за компанијата »

УНИКА ЛАЈФ АД Скопје е друштво за осигурување на живот кое на македонскиот пазар на осигурување постои уште од 2011 година, и е дел од UNIQA GROUP AUSTRIA која е лидер на Австрискиот осигурителен пазар уште од 1811 година .

При планирање на континуиран раст и развој во продажбата и обука на кадри за пласирање на нашите прозиводи, те покануваме да бидеш и ти дел од успешната приказна на нашиот тим, да го ослободиш твојот потенцијал и да го надоградиш сопственото знаење. Доколку веруваш во себе и сакаш да постигнеш повеќе секој ден, пријави се сега и биди дел од УНИКА инфо семинарот на 04.05.2023. Отвори можност за нови познаници и учество во тим, дозволи да те инспирираме, предизвикај ја твојата моќ и запознај го најатрактивниот продукт во животното осигурување на пазарот!

Што ти нудиме?

  • Супер заработка
  • Финансиска слобода
  • Ангажман кој може да го зголеми вашиот приход
  • Можност за напредување со најдобрите
  • Едукација и усовршување

Позиција: Агент за животно осигурување.

Основни задачи:

  • Воспоставување на контакти со клиенти, со цел остварување на продажба;
  • Планирање и организирање на продажните активности;
  • Промовирање на карактеристиките на продуктите за животно осигурување;

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование,
  • Флексибилност,
  • Амбциозност
  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
  • Професионално однесување,
  • Одговорност и лојалност
  • Организиран/а и аналитичен/а,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси,испратете персонална биографија (CV) на следната e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 01.05.2023 година или преку полето Аплицирај.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »