Промовирани огласи »

Од 12 мај до средината на октомври ќе бидат воведени сезонски авионски летови од Скопје до Сплит, со кои хрватскиот национален авиопревозник „Кроација Ерлајнс“ директно ќе го поврзува македонскиот главен град со хрватското крајбрежје во текот на туристичката сезона.

Како што беше најавено на презентацијата на новата сезонска авионска линија, „Кроација Ерлајнс“ ќе лета два пати неделно меѓу Скопје и Сплит. Полетувањето од Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе биде секоја среда и сабота во 5.45 часот наутро, а пристигнувањето на аеродромот во Сплит во 7.10 часот. Летовите од сплитскиот аеродром до Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе сообраќаат секој вторник (заминување во 22 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23.05 часот) и секој петок (заминување од Сплит во 21.35 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23 часот).

Летовите ќе бидат со авион Ербас 319 со капацитет од 144 седишта.

Повратните авиобилети за линијата Скопје – Сплит може да се купат по цени почнувајќи од 119 евра, онлајн, преку веб страницата на „Кроација Ерлајнс“ (www.croatiaairlines.com) или преку мобилната апликација.

Во првиот квартал од годинава на двата аеродрома во земјава превезени се речиси 500.000 патници на двата македонски аеродрома, што е зголемување за 41 проценти во однос на истиот период лани. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома изнесува 4.169, со годишен пораст од 39 проценти.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи ги собира поднесените годишни даночни пријави за 2022-та и на почетокот на мај, граѓаните ќе ги имаат на нивните кориснички профили.

На граѓаните ќе им бидат вратени 618 милиони денари поврат на ДДВ за скенираните фискални сметки за јануари, февруари и март – соопшти Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Важно за корисниците на апликацијата МојДДВ е дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во „Службен весник на РСМ“, бр.65/2023 на 23.03.2023 година.

Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја преземат новата верзија на апликацијата од Плејстор, Аппстор и Хуавеј аппгалери. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај.

Во моментов апликацијата МојДДВ, ја користат 523.673 граѓани, a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари – брифираат од УЈП. Од институцијата велат дека нплатата на ДДВ се движи во доибра насока, а зголемување од 8,43 отсто кај данокот на добивка, кај данокот на личен доход зголемувањето е 13,8 отсто, а кај ДДВ има минус од 4,12 отсто.

Падот на ДДВ од увоз има кај компаниите кои се бават со електрична енергија, металургија и деривати – соопшти Лукаревска.

Промовирани огласи »

Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на некои европски пазари на недвижности веќе е во тек надолна корекција на цените. 

Нерегулирани корекции на пазарите за недвижнини може да се случат дури и ако се избегнат пошироки финансиски тешкотии. Корекцијата на пазарите на недвижности веќе е во тек во некои европски земји, на пример во Чешка, Данска, како и во Шведска, каде цените на станбените недвижности паднаа за повеќе од шест проценти во 2022 година, се вели во изјавата на ММФ.

Податоците на европската статистичка служба Евростат покажуваат намалување на цените на недвижностите за првпат од 2015 година. Во четвртиот квартал лани, цените на станбените недвижности во ЕУ се намалија за 1,5 отсто во споредба со претходните три месеци.

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од 24.4.2023 година.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 68,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 29.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 41,437 (денари/килограм)

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »