Промовирани огласи »

Добра вест за граѓаните. Граѓаните досега користат евтина струја само во текот на ноќта, од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден, но сега има најави дека и денски ќе има евтина струја во период од неколку часа. 

До почетокот на јуни треба да бидат направени сите анализи за враќање на евтината тарифа. Цените на светската берза бележат значителен пад и тоа овозможува повторно да се воведе евтина струја два часа преку ден, вели Марко Бислимоски претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Од РКЕ велат дека за прв пат по подолго време на берзите е забележана негативна дневна цена на електричната енергија.

Евтината тарифа на струјата преку ден беше укината во јануари лани поради енергетската криза .

Промовирани огласи »

Заменик претседателката на СДСМ во интервју за емисијата „Утрински печат“ најави дека од утре започнува исплатата на Мој ДДВ за првото тромесечје, сега со зголемен лимит од 2.100 денари.


 За прв пат ќе исплатиме 2.100 денари кај сите оние кои преку скенираните сметки дошле до тоа ниво. Во текот на утрешниот ден веќе ќе бидат исплатени првите налози. Средствата што треба да се вратат преку оваа мерка за првото тромесечје се околу 10 милиони евра и тие средства се предвидени во буџетот. Ќе инсистирам секој почеток на тековна година да расте лимитот за поврат на ДДВ на физички лица порача Лукаревска.


 
Осврнувајќи се на партиската активност „Рамо до рамо“ заменик претседателката Лукаревска истакна дека низ средбите со граѓаните, се слуша нивниот глас се ценат нивните коментари и забелешки, со цел да се подобри партиското работење.


 
Со граѓаните разговараме отворено за сите нивни проблеми и потреби, ги слушаме нивните забелешки, добронамерни критики, слушаме што имаме реализирано, што имаме ветено а досега немаме реализирано, затоа и сме со граѓаните за повеќе да слушаме, а помалку да зборуваме и мислам дека до сега има добар одзив порача Лукаревска, најавувајќи дека наскоро СДСМ ќе има и посебна, друга активност, каде ќе се презентираат досегашните реализирани проекти, како и почеток на подготовка на новата програма.

Промовирани огласи »

Стапката на невработеност во март во еврозоната изнесува 6,5 отсто, што е за 0,3 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Евростат. Незначително опадна и невработеноста во однос на февруари кога изнесуваше 6,6 отсто.

Мартовската стапка на невработеност во ЕУ е 6,0 отсто, што е исто како и во февруари, а во однос на истиот месец лани е намалена за 0,2 отсто. Евростат проценува дека 12,9 милиони луѓе во ЕУ биле невработени во март.

Споредено со февруари, во ЕУ во март имало 155.000 невработени помалку, а бројот на невработени во еврозоната е намален за 121.000.

Невработеноста во ЕУ е намалена за 353.000 во ЕУ и за 365.000 во еврозоната во споредба со март 2022 година.

Во март 2,7 милиони млади луѓе на возраст под 25 години биле невработени во ЕУ, од кои 2,2 милиони се во еврозоната. Во март стапката на невработеност кај младите во еврозоната и во ЕУ изнесуваше 14,3 отсто.

Високи стапки на невработеност се забележани во Шпанија – 12,8 отсто, Италија – 7,8 отсто, како и во Франција каде таа изнесува 6,9 отсто.

Невработеноста во Германија беше на многу ниско ниво - 2,8 отсто, а со одлични бројки може да се пофали и Холандија со 3,5 отсто невработени.

Промовирани огласи »

Скопјанец е измамен по пат на интернет од лице кое се претставувало дека е од Турција. 

Во СВР Скопје, вчера во 10 часот, 63-годишен скопјанец пријавил дека е измамен за сума од 2.300 евра, од едно лице, кое се претставило дека е од Република Турција. На 25 април годинава преку социјална мрежа и преку електронска пошта лицето го контактирало и го известило дека бил наследник на поголема сума на пари во банка. Лицето му побарало да испрати лични податоци преку електронска пошта и пари за наводни трошоци. Тој ги испратил личните податоци по меил, а парите преку брз трансфер, по што прекинала комуникацијата со лицето и тој сфатил дека е измамен. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »