Промовирани огласи »

Заборавете на она што сте го научиле во книгите по менаџмент. Има навистина само еден начин да се осигурате дека секој од вашиот тим дејствува.

Менаџмент книгите грешат. Сите тие се обидуваат да ви кажат како да управувате со луѓето.

Невозможно е да се управува со луѓето, можете да управувате само со поединци. А бидејќи поединците се разликуваат еден од друг, тоа што се работи со еден поединец, не може да се работи и со друг. Некои поединци цветаат на пофалби, други се чуствуваат непријатно кога ќе ги издвојат. Некои поединци гледаат се во парите, други се базираат на предизвикувачки задачи. На некои им е потребно менторство, други сакаат дозвола да работат сами.

Трикот е да се управуваат поединците на начин на кој тие сакаат да бидат управувани, а не на начинот на кој вие сакате да управувате. Единствениот начин да го направите ова е да прашувате.

На вашиот прв (или секој нареден состанок) прашувајте:

– Како сакате да бидете управувани?

– Што можам да направам да ви помогнам да дејствувате?

– Кој тип на менаџирање ви оди на нерви?

Слушајте ги внимателно одговорите и адаптирајте го вашиот тренинг, мотивација, компензација, спрема потребите на поединецот.

Понекогаш поединецот не чека да прашате, тој или таа сами си кажуваат за што се работи. Нажалост, повеќето луѓе не се толку храбри и останува на вас да дознаете како да го извлечете најдоброто од нив.

Промовирани огласи »

Добро ни е познато она будење наутро за на работа иако одвај успеавме да склопиме око пред еден час. Децата во првите години од животот знаат да бидат напорни во комбинација со работното место.

Сепак најновите истражувања на научниците покажуваат дека за децата е најдобро да спијат заедно со родителите до 4-годишна возраст.

Доколку спијат одделно, мајката и детето потешко се поврзуваат, а тоа штети на развојот на мозокот и води кон проблематично однесување како што детето расте, изјавува педијатарот Нилс Бергман од универзитетот во Кејптаун.

Следејќи 16 новороденчиња, Бергман открил дека оние кои биле ставени да спијат со мајките биле многу подобри од оние кои биле одвоени. Истражувањето покажало дека срцето на бебињата кои спиеле без мајките било изложено на трипати поголем стрес од срцето на бебињата кои спиеле со мајките.

Промените во мозокот кои настануваат по ослободувањето на хормонот на стрес го отежнуваат создавањето на квалитетна поврзаност и водат кон различни проблеми во однесувањето, објаснува д-р Бергман.

Промовирани огласи »

Кога последен пат направивте нешто иновативно за компанијата која работите или пак за вашата компанија?

Не се сеќавате? Ова од старт покажува дека нешто не е во ред со текот на активностите на вашиот бизнис.

Иновативноста според светските бизнис компании е број еден активност која треба да се превзема, за да се искачите на врвот во индустријата каде работите и делувате.

KARIERA.mk со вас споделува што значи иновативноста на една компанија и како таа може да внесе новини и позитивно да делува на целокупното постоење на една домпанија.

  • Иновацијата ќе донесе нова свежа бизнис потенцијална енергија во вашата компанија

Вашата бизнис потенцијална енергија е енергија која може да се искористи во зголемување на перформансите на бизнисот. Тука спаѓаат нови производи, услуги или бизнис модел, кои ќе донесат дополнителна свежа бизнис потенцијална енергија во вашата компанија.

  • Иновацијата овозможува раст на компанијата

Иновација во нови производи, услуги или бизнис модел едноставно значи раст на вашата компанија. Овие иновации носат експанзија на нови пазари, нови сегменти на купувачи, дополнителни приходи, и поголема профитабилност. Без иновација, вашите купувачи за брзо време ќе побараат нешто ново и поинтересно на друго место.

  • Иновацијата ќе ја направи вашата компанија поефикасна

Доколку вашата компанија е компанија која инвестира и ја користи иновацијата како нешто вообичаено во секојдневното работење, тогаш вие сте некој кој постојано работи на подобрување на вашите процеси и имплементира сосема нови процеси со цел да бидете поефикасна компанија.

  • Иновацијата ќе ви помогне во креирање на бренд за вашата компанија

Размислете за момент за компании кои оставиле силен впечаток кај вас. Кои се тие? Што прават тие? Зошто ве импресионирале? Одговорете ги овие прашања и ќе видите дека иновативноста е нешто што е вградено длабоко во нивниот успех за да импресионираат луѓе како вас. Иновативни компании привлекуваат медиуми, луѓето зборуваат за нивната иновација и ги споделуваат високите импресии со други луѓе.

  • Иновацијата ќе ви помогне во привлекување на повеќе купувачи

Секој збор и секоја реченица која доаѓа од луѓето надвор од вашата компанија креира високо ниво на доверба и репутација, истовремено креирајќи високо ниво на привлекување на купувачи. Кога иновирате производи или услуги кои носат вредност за купувачите, не можете да ги спречите луѓето да зборуваат за вас, вашата компанија и вашите иновации. На таков начин привлекувате многу повеќе купувачи.

  • Иновацијата ќе ви помогне да привлечете поквалитетна работна сила

Секој сака да работи за некого кој создава огромно влијание во светот во кој што живееме. Вашата иновативност не само што ќе ја подобри вашата компанија или што ќе ви помогне во обезбедување на раст, туку и ќе ви помогне во привлекување на вешта работна сила што пак повторно ќе ви помогне во растењето и подобрувањето на се онаа што го правите досега.

Промовирани огласи »

Скоро секој од нас на барем едно интервју за работа во животот го добил ова прашања и не знаел всушност што е правилниот одговор.

Работа под притисок не треба да постои на ниедно работно место, меѓутоа се чини дека ова е едно од омилените нешта на менаџерите во нашата држава.

За таа цел, наредниот пат кога ќе го довиете ова прашање слободно одговорете на некој од овие начини:

  • Морам да кажам дека работењето под притисок не ми е омилено, но тоа ме прави посилна личност. Од претходните работни искуства сум имал/а можност да се соочам со рокови кои во целост биле запазени, а сето тоа влијаеше на моето понатамошно усовршување.
  • Јас работам добро под притисок, бидејќи не сум личност која паничи, стабилен/на сум и никогаш не сум имал/а проблеми со работењето под притисок во досегашните искуства.

  • Работењето под притисок не ми претставува проблем, бидејќи се обидувам да ги отфрлам сите негативни емотивни фактори и да ја сработам мојата задача што е можно на највисоко ниво, без разлика колку обврски ми висат над глава. Секогаш знам да направам листа на приоритети и да си го организирам времето кое ми е на располагање и така да бидам ефикасен/а.
  • Негативните чувства од притисокот ги претворам во мотивациони пораки кои си ги праќам самиот на себеси за да ме натераат да работам понапорно и подобро.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »