Промовирани огласи »

Скоро секој од нас на барем едно интервју за работа во животот го добил ова прашања и не знаел всушност што е правилниот одговор.

Работа под притисок не треба да постои на ниедно работно место, меѓутоа се чини дека ова е едно од омилените нешта на менаџерите во нашата држава.

За таа цел, наредниот пат кога ќе го довиете ова прашање слободно одговорете на некој од овие начини:

  • Морам да кажам дека работењето под притисок не ми е омилено, но тоа ме прави посилна личност. Од претходните работни искуства сум имал/а можност да се соочам со рокови кои во целост биле запазени, а сето тоа влијаеше на моето понатамошно усовршување.
  • Јас работам добро под притисок, бидејќи не сум личност која паничи, стабилен/на сум и никогаш не сум имал/а проблеми со работењето под притисок во досегашните искуства.

  • Работењето под притисок не ми претставува проблем, бидејќи се обидувам да ги отфрлам сите негативни емотивни фактори и да ја сработам мојата задача што е можно на највисоко ниво, без разлика колку обврски ми висат над глава. Секогаш знам да направам листа на приоритети и да си го организирам времето кое ми е на располагање и така да бидам ефикасен/а.
  • Негативните чувства од притисокот ги претворам во мотивациони пораки кои си ги праќам самиот на себеси за да ме натераат да работам понапорно и подобро.

Промовирани огласи »

Google ќе се прошири во Африка. Ова го соопшти извршниот директор на компанијата Сундар Пичаj по посетата на Нигерија. Во следните неколку години компанијата сака да обучи 10 милиони aфриканци да користат компјутерски уреди.

Освен тоа Alphabet ќе го зголеми финансирањето за африкански стартап компании, обезбедувајќи 20 милиони долари субвенции за невладините организации. Alphabet сака да предложи и модифицирани верзии на своите услуги за регионот како YouTube за Африка, кој ќе емитува видео со помал обем, за да го намали Интернет сообраќајот и трошоците.

Идејата на компанијата да обучи 10 милиони лица е дел од иницијативата “Дигитални вештини за Африка”, која беше претставена во април 2016. Програмата нуди курсеви во живо и на интернет за поединци и бизнис корисници во 27 од африканските земји . Секој може да се регистрира бесплатно и да избере индивидуален тренинг план за развој на бизнисот, развој на кариерата или основни вештини за користење на Интернет.

Промовирани огласи »

Овие денови е навистина тешко да се издржи на работното место поради високите температури кои не прават нерасположени и без енергија.

Сепак, обврските чекаат на нас и нема простор за оправдувања. Вратете си ја концентрацијата и способноста за фокусирање со зголемување на енергијата на следниве начини:

  • Накратко поразговарајте на телефон со блиска личност

Доволно е да поразговарате неколку минути со саканиот, децата или верна пријателка за да ви се намали стресот, да ви се подобри расположението и да добиете нови сили за работа.

Без причина јавете се некому и разговорот ќе ви делува како енергетска бомба.

  • Каснете закуска во 15 часот

Луѓето најчесто се жалат дека ги напушта енергијата и концентрацијата во 15 часот попладне. Решение? Чувајте во фиоката непечени бадеми. Бадемите се богати со магнезиум и протеини коишто ја одржуваат енергијата стабилна.

За максимален ефект, најдобро е да ги комбинирате со овошен јогурт.

  • Напијте се чаша ладна вода

Ставете коцка мраз во водата и испразнете ја чашата. Дехидратацијата е чест и подмолен крадец на енергијата. Ниската температура на водата ќе го разбуди телото и ќе го фокусира умот.

  • Подигнете се неколку пати на прсти и истегнете се

Станете за момент, подигнете се неколку пати на прсти и протегнете ги рацете. На тој начин ќе си ја подобрите циркулацијата низ целото тело, а со тоа ќе ѝ кажете збогум на поспаноста.

  • Променете го ставот

Ако се движите низ канцеларија жалејќи се колку сте исцрпени, ќе изгледате уморно и потсвесно уште повеќе ќе си ја намалите енергијата. Не се предавајте при првите знаци на замор. Останете активни и позитивни.

  • Споделете шега или смешно видео со колегите

Групното смеење ќе ви го разведри расположението, ќе го елиминира стресот и ќе ви го покачи нивото на енергија. Шефот нема право да ви се лути.

Истражувањата покажуваат дека кратките забавни активности во текот на работното време всушност ја зголемуваат продуктивноста на вработените (тука спаѓаат и кратките посети на социјалните мрежи како Facebook).

Промовирани огласи »

Работодавците во САД во јуни имаа рекорден број на слободни работни места, што е знак дека растот на вработувањето од претходните месеци најверојатно ќе продолжи.

Американското министерство за труд соопшти дека бројот на слободни работни места пораснал за осум проценти, на 6,2 милиони, што е најмногу откако во 2000 година започна бележењето. Сепак, вработувањето е во пад, како и бројот на луѓе кои даваат отказ.

Судејќи според тие податоци, како што наведува АП, постојат многу слободни работни места, но работодавците имаат проблем да пронајдат работници со потребните квалификации.

Вообичаено е во таквите ситуации работодавците да понудат поголеми плати за да привлечат повеќе пријави и така да го забрзаат растот на платите. Сепак, јулскиот извештај на владата за трудот, објавен во петок, покажа дека платите не започнале да растат.

Најголем број на слободни работни места е во градежната и производната индустрија, финансиите, здравството и државната и локалната управа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »