Промовирани огласи »

Пред 4 години компанијата Кромберг и Шуберт се вклучи во проектот на Дуално стручно образование, во соработка со СОТУ „Ѓорги Наумов“ од Битола и Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

Реалистично може да се каже дека овој проект успешно беше реализиран и оваа година беше прославена заедно со Првата генерација на матуранти. Процесот на образование никогаш не завршува, а баш таков е и пристапот на компанијата кон проектот на Дуалното стручно образование, односно како што и тие континуирано се подобруваат така вложуваат и во развојот на овој исклучително значаен проектот. Целта е со секоја помината година да се изнесуваат уште поуспешни генерации кои ќе се обликуваат во професионален и стручен кадар кој би го менувал светот.

На овој начин како општествено одговорна компанија, главната мотивација на компанијата е придонесување кон подобрување на образованието и споделување на експертското знаење и познавање кое што професионалниот тим од компанијата го имаатг стекнато низ годините со учениците кои се на самиот почетокот од нивниот професионален развој.

Вложувањето во учениците, отворената комуникација, позитивната енергија,  чесноста, довербата  се алатките кои секогаш водат кон успехот. Во позитивна средина каде луѓето се отворени да споделуваат и пренесуваат свое знаење сѐ е возможно. Не останал проблем кој што не бил решен или пак ситуација која што не е надмината. 

Во четвртокот, 12.05.2023, матурантите од Дуалното образовнаие во Битола беа ѕвезди на денот за кои со голема љубов и внимание беше организирано дружење на кое беа поканети и нивните родители.

На настанот се прикажа ретроспективата на учениците, како започна оваа приказна пред 4 години, колку заедно пораснаа и научија голем број на стручни работи кои ќе им послужат во понатамошното образование. Учениците исто така беа изненадени со мал подарок кој ќе ги потсетува на едно преубаво време. Дружењето беше заокружено со мала забава, добра музика и многу желби за успех во иднина.

Во текот на овие години заедно учеа, се надоградуваа, се развиваа, другаруваа, ги насочуваа и се стремеа да им бидат добар пример на учениците за во иднина и да им ја покажат нивната најдобра верзија. Матурантите беа посоветувани да останат добри луѓе, да ја задржат искреноста и ведрината која ја краси секоја младост, зошто младоста е пролет на секоја личност, да продолжат да работат на себе и да не забораваат дека сѐ што сакаат можат да постигнат доколку вложат труд, време и се водат од вистинските вредности.

Завршувањето на едно поглавје секогаш означува почеток на ново, па токму тој исчекор треба да ги прави матурантите горди и среќни.

Од особена важност е младите да добиваат соодветно образование и својата иднина да ја градат во нашата држава. Само на тој начин можи да се придонесе да имаме општество кое ќе има успешна и позитивна иднина.

Посебна благодарност упатуваме до менторите кои несебично и со големо внимание го подготвуваа материјалот и им го пренесуваа знаењето на учениците на креативен и забавен начин. Преку бројните проекти и практичните примери им ја приближија теоријата и им ја разбудија желбата сѐ повеќе да истражуваат и да се надоградуваат.

„Матурaнти, Ви посакуваме многу среќа и успех во иднина! Бидете приказна која нема да престане да го инспирира светот околу себе! Се радуваме заедно со Вас на сѐ што досега постигнавте и ќе останеме и понатаму Ваша најголема поддршка, мотивација и инспирација во текот на градењето на Вашата кариера. Воопшто не се сомневаме дека сите животни предизвици ќе ги надминете и еден ден ќе станете примерни и успешни личности, а ние ќе бидеме горди на Вас. Ви посакуваме да ја изградите вашата иднина онака како што си ја замислувате и посакувате!“ – е дел од честитката која менаџментот на Кромберг & Шуберт ја упатија до матурантите.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која ќе се покачат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 8.5.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,761%, кај дизелот за 2,455%, кај екстра лесното масло за 2,227% и кај мазутот намалување е за 1,217%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,259%

Од денес максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 38,882 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.5.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Промовирани огласи »

Има нешто во работата осум часа на ден што ги остава повеќето луѓе да се чувствуваат исцрпени. Без разлика дали вашата работа се состои од константно гледање во екран или работа со клиенти кои имаат многу комплицирани барања, денот на работа може да ве остави немотивирани да правите што било друго. 

Во продолжение неколку начини што треба да правите за да не допринесете кон поголема исцрпеност:

  • Прескокнете го кафето

Секој ги знае стимулативните ефекти на кофеинот, но ако не сакате да ја поминете цела ноќ во вртење и вртење, пиењето еспресо после работа веројатно не е добра идеја. Наместо тоа, се препорачува да конзумирате пијалоци без кофеин.

  • Обидете се да вежбате наутро

Будењето порано за вежбање не звучи премногу привлечно, особено во зима. Сепак, утринскиот тренинг всушност може да помогне во зголемување на нивото на енергија во текот на целиот ден.

  • Обидете се со различен работен распоред

Модел на работен ден од 8:00 до 16:00 или 09:00 до 17:00 не одговара на сите. Ако вашиот распоред не ви одговара и имате шеф со разбирање и работа која не бара да работите определени часови, размислете за тестирање на различни модели на смени.

Постојат повеќе начини и методи како да го избегнете дополнителната исцрпеност кој е предизвикан од начинот на вашата работа, затоа препорачуваме внимателно да го испланирате денот и да ги превземете сите мерки за да не се соочите со дополнителен стрес.

Промовирани огласи »

Сѐ уште нема официјални информации од надлежните колку ќе чини изнајмувањето на електричен тротинет на подрачјето на Скопје - проект кој пред неколку дена го најави ЈП Градски паркинг. 

Според написите на дел од медиумите ќе се наплаќа 9 денари за минута користење на тротинетот, а ќе може да ги изнајмуваат граѓаните на Скопје, но и туристите. 

Оваа информација наиде на негодување кај дел од скопјани кои велат дека во ваков случај, според пресметките ќе треба да се плати 90 денари за 10 минути, што е премногу скапо. 

За сега од „Паркинзи“ не даваат детални информации околу цената на оваа услуга. Само информираа дека на располагање ќе бидат 500 електрични тротинети, стационирани на 19 базни станици низ градот.

Сите електрични тротинети се опремени со GPS уред, а со цел зголемена безбедност на корисниците, нивната максимална брзина може системски да се ограничува до 24 километри на час, информираа минатата недела од претпријатието. 

Целта на овој проект, како што велат оттаму,  е подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните да користат алтернативни начини на превоз, со што би се намалило загадувањето од возилата учесници во сообраќајот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »