Промовирани огласи »

Има нешто во работата осум часа на ден што ги остава повеќето луѓе да се чувствуваат исцрпени. Без разлика дали вашата работа се состои од константно гледање во екран или работа со клиенти кои имаат многу комплицирани барања, денот на работа може да ве остави немотивирани да правите што било друго. 

Во продолжение неколку начини што треба да правите за да не допринесете кон поголема исцрпеност:

  • Прескокнете го кафето

Секој ги знае стимулативните ефекти на кофеинот, но ако не сакате да ја поминете цела ноќ во вртење и вртење, пиењето еспресо после работа веројатно не е добра идеја. Наместо тоа, се препорачува да конзумирате пијалоци без кофеин.

  • Обидете се да вежбате наутро

Будењето порано за вежбање не звучи премногу привлечно, особено во зима. Сепак, утринскиот тренинг всушност може да помогне во зголемување на нивото на енергија во текот на целиот ден.

  • Обидете се со различен работен распоред

Модел на работен ден од 8:00 до 16:00 или 09:00 до 17:00 не одговара на сите. Ако вашиот распоред не ви одговара и имате шеф со разбирање и работа која не бара да работите определени часови, размислете за тестирање на различни модели на смени.

Постојат повеќе начини и методи како да го избегнете дополнителната исцрпеност кој е предизвикан од начинот на вашата работа, затоа препорачуваме внимателно да го испланирате денот и да ги превземете сите мерки за да не се соочите со дополнителен стрес.

Промовирани огласи »

Сѐ уште нема официјални информации од надлежните колку ќе чини изнајмувањето на електричен тротинет на подрачјето на Скопје - проект кој пред неколку дена го најави ЈП Градски паркинг. 

Според написите на дел од медиумите ќе се наплаќа 9 денари за минута користење на тротинетот, а ќе може да ги изнајмуваат граѓаните на Скопје, но и туристите. 

Оваа информација наиде на негодување кај дел од скопјани кои велат дека во ваков случај, според пресметките ќе треба да се плати 90 денари за 10 минути, што е премногу скапо. 

За сега од „Паркинзи“ не даваат детални информации околу цената на оваа услуга. Само информираа дека на располагање ќе бидат 500 електрични тротинети, стационирани на 19 базни станици низ градот.

Сите електрични тротинети се опремени со GPS уред, а со цел зголемена безбедност на корисниците, нивната максимална брзина може системски да се ограничува до 24 километри на час, информираа минатата недела од претпријатието. 

Целта на овој проект, како што велат оттаму,  е подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните да користат алтернативни начини на превоз, со што би се намалило загадувањето од возилата учесници во сообраќајот. 

Промовирани огласи »

Платите на вработените во јавниот сектор ќе се дефинираат преку Законот за плати со кој ќе се утврдат правилата по кои во иднина ќе се уредуваат платите во јавните институции иOпштиот колективен договор кој ќе ја содржи методологијата за системско решавање на динамиката на раст на платите на вработените во јавниот сектор.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на средба со новинарите на која потенцира дека донесувањето на Законот за плати е подолгатрен процес, но дека процес кој е на повидок за да се заокружи е донесувањето на Општиот колективен договор кој ја содржи методологијата за раст на платите на вработените во јавниот сектор.

Оптшиот колективен договор е прашање за кое се разговара во рамки на Економско-социјалниот совет. Минатата недела имавме состанок и оптимист сум во однос на изноѓање решение. Имаше два предлога, основицата да биде минималната плата или просечната плата. И двата се прифатливи за нас. Тоа е голема реформа, која не се одвива во една година и треба да има транзициски период, истакна министерот Бесими.

Министерот потенцира дека кое и да се прифати решението треба да биде одржливо, да обезбеди достојни и пристојни плати за вработените и да се штити животниот стандард и инфлаторните движења. Како што се воспостави системи со минимaлната плата и пензиите, така и кај платите на вработените во јавниот сектор ќе се воспостави систем во кој растот на платите ќе ги земе предвид трошоците на живот и перформансот на економијата, односно просечната плата.

Во изминатите години има раст на платите во повеќе сектори во јавниот сектор и со системското решение ќе продолжи тој раст на платите, рече министерот за финансии кој додаде дека решението за раст на платите треба да се применува од наредната година, бидејќи сите реформи што се спроведуваат треба да бидат предвидени во среднорочната рамка.

Промовирани огласи »

Revija Bar & Food е место каде можете подеднакво да уживате во добрата и вкусна храна како и самиот амбиент со добра музика. Моментално поради зголемен ангажман го прошируваме својот тим. Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, аплицирајте на отворените активни работни позиции!

Моментално се отворени следниве работни места:

ПИЦА МАЈСТОР/КА
ШАНКЕР/КА
САЛАТЕР/КА
ДОСТАВУВАЧ/КА
САДОМИЈАЧ/КА
ГОТВАЧ/КА
ХИГЕНИЧАР/КА
МЕНАЏЕР НА РЕСТОРАН

Се уште невработени!? Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »