Промовирани огласи »

Revija Bar & Food е место каде можете подеднакво да уживате во добрата и вкусна храна како и самиот амбиент со добра музика. Моментално поради зголемен ангажман го прошируваме својот тим. Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, аплицирајте на отворените активни работни позиции!

Моментално се отворени следниве работни места:

ПИЦА МАЈСТОР/КА
ШАНКЕР/КА
САЛАТЕР/КА
ДОСТАВУВАЧ/КА
САДОМИЈАЧ/КА
ГОТВАЧ/КА
ХИГЕНИЧАР/КА
МЕНАЏЕР НА РЕСТОРАН

Се уште невработени!? Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Само уште 4 денови до HR работилницата во организација на KARIERA.mk на 19.05.2023 во Skopje Marriott Hotel на тема: КАКО ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КВАЛИТЕТНИТЕ ВРАБОТЕНИ!

Последните карти се во продажба на следниот линк https://kariera.mk/events
Одлична шанса за вмрежување и дискусија со Stefanie Wittenbecher, Head of Learning & Development во DHL, Germany која е ексклузивен предавач на работилницата!

Најдобрите HR практики на светски гигант како што е DHL директно во Скопје!

Настанот ќе опфати интересни теми за тоа како да се изгради победнички тим и идеи и начини за задржување на луѓето кои се потребни во секоја компанија!

Затоа ве повикуваме да ни се придружите и заедно да учиме нови HR практики, кои во иднина би можеле да ги примените во вашите компании!

Сите заинтересирани за HR работилницата можете да ги набавите вашите карти и да ја разгледате комплетната агенда на https://kariera.mk/events, а за повеќе информации или групни карти контактирајте не на 077 888 722  или пак на [email protected]

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 8.5.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,761%, кај дизелот за 2,455%, кај екстра лесното масло за 2,227% и кај мазутот намалување е за 1,217%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,259% Од 16.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 38,882 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.5.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Промовирани огласи »

За еден час работа во јуни минатата година, просечен Германец заработил едно патување во кино, половина килограм кафе, поштенска марка, леб и шише пиво.

Затоа, за истите производи и услуги, германските граѓани денес работат помалку отколку во 1991 година, покажуваат податоците на Институтот за германска економија (IW).

Од друга страна, таканаречената куповна моќ на минута заработка е намалена во однос на 2020 година. Имено, пред две години Германците за споменатите производи и услуги морале да одработат 56 минути. Пресметките на IW се засноваат на движењата на цените на производите и услугите, како и нето заработката на час.

„Од обединувањето на Германија до 2021 година, куповната моќ по минута од заработката е зголемена за 27 отсто“, вели Кристоф Шредер од IW, додавајќи дека статистиката сега, се разбира, се влошила поради високата стапка на инфлација.

Годишната стапка на инфлација во јули изнесува 7,5 отсто, објави во средата Државниот завод за статистика. Потрошувачките цени во јуни пораснале за 7,6 отсто во однос на истиот месец лани.

Цените во Германија веќе извесно време скокаат, особено по избувнувањето на војната во Украина, што предизвика поскапување на енергијата и храната.

„Има и вонредни фактори кои влијаат на цените на храната, на пример лошата жетва“, рече Шредер, додавајќи дека сега поскапувањата се огромни.

Германците во јуни годинава морале да работат три минути подолго за да купат 2,5 килограми компири отколку во 1991 година, што значи дека го заработиле само по 13 минути работа.

И фризерските услуги за жените поскапеа поради миење и сушење на косата, а за ова треба да работат час и 11 минути - што е 12 минути подолго од 1991 година.

Луѓето кои плаќаат повеќе за услуги сигурно плаќаат повеќе, рече Шредер.

За купување телевизор сега бара помалку работа отколку пред 30 години – 17 часа и 58 минути и 79 часа и четири минути во 1991 година.

Цената на сладоледот остана прилично стабилна, според IW. Германците во просек треба да работат четири минути и 57 секунди за корнет сладолед, кој чини 1,70 евра.

Исто толку време на работа и покрај надувувањето добиваат повеќе сладолед на стапче“, оценуваат од Институтот, а јави ДПА. Б92

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »